Нема шо многу да се жалам... само ќе ја спомнам тетка педантерија во наша зграда која живее преку еден стан од мене...
Сирота таа... нема што да прави седи по цели денови дома, не мрда... али еднаш во недела мора да излезе од вратата со една кофа црвена и џогер да ги мине скалите и тако дајле... и секад на врата ни звони и не кара... демек не сме чистеле, не сме го треселе чергичето шо ни е пред врата...
Значи тетка педантерија следно прави:
Излага со кофата и почнува да мумла два саата (буквално) пред да почне да брише... почнува да брише до некаде... па застанува и ни звони на врата... се караме пола саат - до саат... после пак си продолжува да си ги дочистува скалите... успатно мумла уште некои 2 саата, па си влага дома и почнуе да ги тера по дома сите од кај што дошле...
Еднаш влегла во караница со мама, и мама на неа и вика па чисти ќе ти дадам 100 денара неделно ако сакаш... јас немам во план од сабајле до вечер сум на работа секој божји ден, па и сабота... и оваа и се налути и напраи кисела фацка...
Минатиот пат со мене почнала... заѕвони на вратата, и отворам јас... ми вика аман бре луѓе чистете го чергичето...(а чергичето пред ден два мама го изми), и ја зимање ни едно ни две како што ги исчисти скалите ја на скали тресење чергичето... коа почна да викааа... туф туф туф... хахаха... ми вика зарем немате балкон шо не го тресеш таму... и јас и викам немаме го заградивме... и она уште толкава кисела фацка... и затворив врата и пак почна да мумла нешо таму... хахаха
И пак влезе дома и пак почна од дома сите да ги тера на убавине места...:nesvest:
Другите од зградава воглавно се супер... со никој не се знам, скоро никој не ме знае и такоџе
