VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Доколку Македонија продолжи да биде изолирана од НАТО и ЕУ, Албанците во западна Македонија ќе побараат свој кантон, изјави на синоќешниот прв митинг во Прилеп, претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски.
Според него политика која ја води Владата во спорот со името е штетна за Македонија. Негов главен приoритет ќе бил да ја внесе Македонија што побрзо во НАТО за да престанат опасностите по нејзината безбедност.
„Држење Македонија во изолација во сиромаштија без влез во НАТО на нашите сограѓани Албанци ќе им испостават сметка во Владата. Што ќе прават, тие да не им влезат со тенкови пак во западна Македонија. Тие ќе се издвојат како кантон ако продолжи ова. Тоа е најголемата одговорност и најголемата опасност на која што можат да ја изложат Македонија. Не им е гајле за тоа. Ја туркаат варијантата како да ќе владеат 100 години. Нив ќе им се случи на пролет крах. Ние нема да им дозволиме до пролет, ние на 22 март мораме да им ја скршиме ногата“, изјави Љубомир Фрчкоски, кандидат за претседател на СДСМ.
Фрчкоски рече дека Владата ја направила Македонија најсиромашна земја во регионот, а најавите за инвестиција од 8 милијарди евра ги нарече предизборен трик. Кандидатот пак за градоначалник на СДСМ, Тони Петрески, обвини за ненаменско трошење на буџетските пари за партиски цели, и вети намалување на сите јавни давачки, цената на водата, комуналните услуги, данокот на имот.
„Наместо економски бум и вработувања, добивме затворање на фабрики и нова армија на невработени. Наместо демократија добивме уцени и закани. И годинава ќе потрошат безмилосно 14 милиони евра наши пари, кои ќе завршат во џебовите и сметките на партиските фирми на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Тони Петрески, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ.
Од СДСМ синоќа обвинија дека власта со притисоци ги приморува вработените во администрацијата да гласаат за нив.
По чива нарачка е оваа изјава, исто како и таа на Црвенкопулос во интервјуто на А1?
Дали ќе одговара некој за изјавите кои и прават штета на Македонија???
Дали треба да излеземе милион души и да ги линчуваме ваквите изроди, или ќе одговараат пред законот?