Сообраќајни прекршоци и казни

Па, сума-сумарум ТЕШКО НЕГО! :sneaky: Казната за сите прекршочни дела сигурно му е изречена во пресудата од Основен суд, бидејќи нели кажа дека жалбата му е одбиена! За плаќањето: ако не ги плати казните, тогаш тогаш Државниот правобранител на РМ МОРА во рок од 1 година од денот на правосилноста на секоја пресуда поединечно, да поднесе Барање за извршување до приватен извршител за тој да ги наплати сите казни, инаку после тој рок од 1 година казните ќе застарат! И после тоа ќе се оформе предмет и извршителот ќе ЧЕКА должникот (т.е. лицето кое го сторило прекршокот) да се вработи некаде и ќе му сопира 1/3 од платата, или пак да се стекне со имот на негово име па да му го одземе (на пр. кола или сл.)! Тоа можеби ќе потрае, меѓутоа ..... на извршителот не му се брза!
Казната мора да биде наплатена во рок од 2 години од денот на правосилноста на пресудата, инаку после тој рок од 2 години се смета за застарена!

Знам дека парична казна не застарува за 2 години. Да не си грешка?
 
Ете за ист таков случај прашав. Ќе ти кинат од плата евентуално ако се вработиш.

Сакаш да кажеш дека после 5 години нема обвска да ги плаќа тие пари? Без возачка е да.. прекрасно,прекрасно..

Колку и злобно да звучи, ме радуваат одговорите..само така :X3:

Не е ист таков случај, во твојот случај дотичниот возел пијан, над дозволената брзина и бил фатен без возачка дозвола по втор пат (а којзнае колку пати возел во вакви околности без да го фатат). И ти сега прашуваш како да избегнете плаќање казна наместо да земеш со еден стап по газот недозреан да го истепаш и да го пуштиш да аргати за да си ги заработи парите за казна?
Еве децо што е погрешно во нашиот менталитет.
Инаку, може да се крие од чичкото од суд што ги доставува поканите и доживотно да работи на црно.
 
Да кажам дека си во голема грешка. Рокот за поднесување барање до извршител тече од денот на правосилноста на пресудата и трае 10 (ДЕСЕТ) години. Второ Државниот правобранител не поднесува барање до приватен извршител, туку мандатни казни ги извршува УЈП (Управа за јавни приходи) и како последно кога ќе се поднесе барање за извршување застарува за 100 години т.е. никогаш.

Член 2 став 3 од Законот за даночна постапка: „Овој закон се применува и на паричните казни, односно глобите и трошоците изречени во парничните, прекршочните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија.“
Е, ова е нешто ново! Мандатна казна се плаќа или не, после тоа следи судска постапка, а тие казни изречени од судот со пресуда, согласно ЗОО застаруваат за 10 години!
Па, поарно си беше претодниот начин на наплата, ако не се платат казната и трошоците се дава на извршител и готово. Вака земено ќе му дојде дека казната и трошоците претставуваат ДАНОЧЕН ДОЛГ! Го уништија правниот систем!!!
 
Не е ист таков случај, во твојот случај дотичниот возел пијан, над дозволената брзина и бил фатен без возачка дозвола по втор пат (а којзнае колку пати возел во вакви околности без да го фатат). И ти сега прашуваш како да избегнете плаќање казна наместо да земеш со еден стап по газот недозреан да го истепаш и да го пуштиш да аргати за да си ги заработи парите за казна?
Еве децо што е погрешно во нашиот менталитет.
Инаку, може да се крие од чичкото од суд што ги доставува поканите и доживотно да работи на црно.

Не не прашувам да ја избегне казната чиче, него прашувам да се осигурам дека еден ден евентуално ке МОРА ДА ЈА ПЛАТИ, милом силом преку плата извршител или друг начин. Да се крие не се крие, проста особа е, потпишува записници у полиција и то, а на црно работеше летово, така да I can die in peace. Не можам да земам стап и да го истепам, не се исплаќа повратна автобуска карта.
 
Oд денот на правосилноста на решението, во рок од две години државата има право да ги наплаќа казните...
Во пракса, од денот на правосилност на решението, во наредните две години треба УЈП да преземе дејствија за наплата...
А, штом почне постапката за присилна наплата на долгот (кој во НИКОЈ случај не е даночен долг, туку си е тоа што е - казна), и тоа може согласно Закон за даночна постапка, да трае 10 години.
 
Некако ми нема логика твоето напишано. Ако казната си е казна, а не е даночен долг, како тогаш може да се применуваат одредбите за застареност на даночен долг од Законот за даночната постапка, а не одредбите за застареност на прекршочна санкција од Законот за прекршоците!:unsure:
 
Ај вака дечки, дека сум пресен возач уште... пред месец дена ја земав возачкава. Денеска се паркирав таму, кај шо не треба... т.е. сите таму се паркираат ама ете, денеска мене ми се погоди да го кркам стапов -.-

Дојде овај зајаков и ми вели, дечко документи. Нормално, му дадов... и ми вели 125 евра казна, или писмено... 250 евра т.е. преку суд. И така виде дека сум нов, па му се извинив нормално... арно ама ми ги зема сите податоци од возачката т.е. ГИ ЗАПИША НА ТЕТРАТКА САМО. Друго ништо не ми дадоа, ни да потпишувам, ни некое талонче.

На крајот ме пушти... и ми рече, Бегај... нема да ти стигне ништо и немој да си се јавувал... да фаќаш врски (као демек да не дознале у полиција).

Ме занима, дали стварно ќе ми прати казнава или се глупира овај, колку да ме откачи??? И за колку време стига поканата ако веќе се одлучил на ваков потег. Искуства???
 
Здраво,

Возев малку над дозволеното (50 дозволено, 64km/h возев) и ме фатија на радар. Среќа поминав само со казнени поени (до 30 над дозволеното). Требаше да ми впишат 25 казнени поени во возачка книшка. Одам во Пролет, таму една џандарка ми вели дека сега казни се плаќаат, и поени се запишуваат во некоја станица во наслеба Лисиче?! Преместено било од ПС „Пролет“ уште пред 9-10 месеци.

Знае некој за ова? Зарем е можно дека од цело Скопје, да треба да се оди до Лисиче, и тоа само понеделник-петок од 8-16ч? Сега уште и ден од работа ќе треба да земам...

Мојата чудесна земја.
 
ДА, веќе пишав (тука или на друга тема) дека кај трговскиот во населбата лисиче. нема да утнеш. таму е сега сообраќајна полиција за цело скопје. сите кои имаат сообраќаен проблем таму идат
 
пишав у темата за право - ама ке го пастирам истиот текст тука па кој имал слична мака како мојата нека каже...

дечки си имам една мака - помагајте. - пред некој ден ми дојде писмо од извршител за неплатени судски трошкови. - за што се работи. пред година ипол ми пишаа казна за возење под дејство на алкохол - си ја платив за 3 дена - после одредено време ме викнаа на суд за да ми дадат забрана за возење - и фино лепо си отидов кај судијата ( тоа беше 16ти 1ви 2013) објаснив што било како било кажав дека си е платена казната се како што било и направија записник или пресуда (незнам што беше) - судијата ми рече после некое време ке ми стигне дома пресудата и дека ке треба да одам да извадам нова возачка за да ми пишат забрана на неа... дома мене ми стигна некој документ после 4/5 месеца дури (тоа беше у јуни/јули) ама сигурен сум дека не беше пресуда - отидов кај телевизија се сликав за нова возачка и тоа беше тоа.. сега ми стига писмо од извршител да платам 1 000ка за неплатени судски трошкови и 4500 за извршител а јас сеуште немам добиено никаква пресуда/решение или нешто слично или пак уплатница дека теба да платам судски трошкови - бев кај извршителот да се консултирам им објаснив и на нив дека немам ништо добиено и они ми рекоа дека требало тоа да ми го дадат или судот или поштата - им кажав дека апсолутно ништо немам добиено и таа ме посоветува да одам во суд за прекршоци да барам увид во случајот и да видам кој ми дал такво нешто и без разлика што и да направам да ги известам а они меѓувремено да не превземаат никакви постапки или дејствија. - кај да одам што да напраам помагајте зашто ме теретат по туѓа грешка јас да плаќам пенали - апсурдно е да платам казна од 9 000 а да не платам трошкови од 1 000 денари....

СОВЕТ ?

п.с се мислам дека главната кривица е кај пошта - они треба тоа лично на рака да го дадат или да ми остават известие а поштарот можно е да го вратил назад писмото без да остави известие или да се правда под изрека дека немало никој дома.....

ако имал некој слична мука со забрана за возење и што бил на суд нека каже се што му дале или се што му пристигнало во врска со плаќање поготово судски трошоци пошто у мојов случај критични се баш тие судски трошоци.
 
Што е попаметно,да се плати казна 150 евра,или да се иде по судови.И дали има шанси судијата да помилува ако обвинетиот почне да плаче у суд дека нема пари и дека е невработен и се покае :icon_mrgr: (не е за мене ова)
 
Ај вака дечки, дека сум пресен возач уште... пред месец дена ја земав возачкава. Денеска се паркирав таму, кај шо не треба... т.е. сите таму се паркираат ама ете, денеска мене ми се погоди да го кркам стапов -.-

Дојде овај зајаков и ми вели, дечко документи. Нормално, му дадов... и ми вели 125 евра казна, или писмено... 250 евра т.е. преку суд. И така виде дека сум нов, па му се извинив нормално... арно ама ми ги зема сите податоци од возачката т.е. ГИ ЗАПИША НА ТЕТРАТКА САМО. Друго ништо не ми дадоа, ни да потпишувам, ни некое талонче.

На крајот ме пушти... и ми рече, Бегај... нема да ти стигне ништо и немој да си се јавувал... да фаќаш врски (као демек да не дознале у полиција).

Ме занима, дали стварно ќе ми прати казнава или се глупира овај, колку да ме откачи??? И за колку време стига поканата ако веќе се одлучил на ваков потег. Искуства???

ако љубезно си се поставил,си го замолил,гледам немаш жиросметка добиено,ништо не ти дале да потпишиш - најверојатно си помилуван/опоменат
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 11:53 ---
Што е попаметно,да се плати казна 150 евра,или да се иде по судови.И дали има шанси судијата да помилува ако обвинетиот почне да плаче у суд дека нема пари и дека е невработен и се покае :icon_mrgr: (не е за мене ова)

тоа ти е меч со две оштрици,којзнае како ќе биде судијата расположен......помилување нема шанси,може да ја намали казната(пак ќе речам зависи која страна го чеша тој ден) или да одреди да ја платите казната на РАТИ и нормално со паушали........гледам дека 150 имаш нагласено што значи ако не ја платите во рок од 8 дена ти се 300 евра
 
Дали камерите што ги поставија на раскрсниците следат навистина 24 часа и дали стигаат казни или опомени за поминување на црвено, и колку е казна?
 
Дали камерите што ги поставија на раскрсниците следат навистина 24 часа и дали стигаат казни или опомени за поминување на црвено, и колку е казна?
Не знам дали камерите следат 24/7, меѓутоа знам дека казната за поминување на црвено светло е 300 ЕВРА!
 
Што е попаметно,да се плати казна 150 евра,или да се иде по судови.И дали има шанси судијата да помилува ако обвинетиот почне да плаче у суд дека нема пари и дека е невработен и се покае :icon_mrgr: (не е за мене ова)
Da se plati kaznata poso i taka 90% od sudskite odluki se 9000den pa nagore, + ke si platis i sudski trosoci odprilika 2000den... Vo epten retki slucai, prvo delo, nevraboteni roditeli, itn itn.. mozda imas nekakva sansa da se progleda niz prsti.. ama... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom