Луѓе, ептен чуден сон имав.
Седевме со девојка ми во еден ресторан и јадевме. Дојде келнерот , ни донесе пијалок, на девојка ми и даде една ќеса и замина. Девојка ми ми рече дека ќе оди во WC, а јас да ја платам сметката. Му дадов картичка на келнерот, а тој само што ја виде ми рече дека нема ништо на неа и дека треба да им платам дупло. Тогаш се појави девојка ми , ама беше облечена во црвени пижами. Јас целосно збунет ја прашав зошто носи пижами а таа нервозно ми одговори дека е време за спиење. Почнав да трчам низ ресторанот како избезумен и кога се свртив ја видов мајка ми како лежи на подот, а девојка ми седи врз неа и ја тепа. И реков пушти ја, немој , ја боли, ама девојка ми не престануваше да и удира шамари. Сите што беа во ресторанот почнаа да аплаудираат, а девојка ми гласно се смееше, се сврте кон мене и ми рече ајде сликај со мобилниот. Се исплашив и се разбудив растревожен. Што значење може да има вакво нешто???