Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Леле каков кошмар сум сонила ама после сум се газела од смеење цел ден на сонов и кај стасав го раскажав и не можев да издржам и овде да не го кажам...

Сум се гледала гола во огледало и наместо ци*ки сум имала ку*ови на тоа место и сум си ги мафтала и ме фатило страв кај ке најдам прслуци со таков дезен ...:pos:

Некакво значение има ова ?
 
Што значи во сон горниот заб единицата да ми биде како ептен искривена навнатре, пред паѓање целата раскрвавена..?
 
Неколку пати сонувам ист сон, на истото место сум и гледам бесни кучиња кои лаат и одеднаш почнуваат да ме бркаат. Првиот и вториот пат кога го сонував сонов им побегнав, а третиот ме стигнаа. Некој?
 
Брат сонов можда да те прати некоја лоша срека или таква работа првиот пат си се спасил ама вториов шо викаш те фатиле некоја несрека изгледа е ама незнам некои па викаат тоа што ке го сонуваш спротивното се случувало незнам стварно.
 
Секој пост почнува ШТО ЗНАЧИ ШТО ЗНАЧИ.. а одговор нема на ниеден.. што воопшто пишувате!?..
 
Неколку пати сонувам ист сон, на истото место сум и гледам бесни кучиња кои лаат и одеднаш почнуваат да ме бркаат. Првиот и вториот пат кога го сонував сонов им побегнав, а третиот ме стигнаа. Некој?

Ти недостига довербата и сигурноста во реалниот свет. Периодов имаш нешто испланирано кое е подложено на критики? Пази се од пријателите, навидум ќе ти помогнат да оствариш нешто, но навидум. Потпри се на твоите родители, потребна ти е сигурност и поддршка, а тоа ќе го добиеш само од нив.

Секој пост почнува ШТО ЗНАЧИ ШТО ЗНАЧИ.. а одговор нема на ниеден.. што воопшто пишувате!?..

Затоа што темата е "сонови, толкување на сонови". Тоа што јас, метатрон или pearl не сме успеале да протолкуваме било поради зафатеност. Кога и да можам, секогаш помагам на неколку, а останатите ги превзема метатрон.

А сега лепи, што сањаше вчера?
 
Дали некој знае што значи ако сонуваш бела птица (мислам папагалче дека беше)? Ја бркав низ соба да ја фатам ама на крај сама си дојде кај мене

п.с. Почнав со дали некој :P
 
Има некоја носталгија која те мачи, можеби си надвор од родниот крај на подолг период. Ако е ова точно, површно си среќна за твојот престој, но длабоко во себе си осамена и скршена. Насмевка и тага во исто време. Многу брзо ќе сретнеш личност која што порано ти значела, но се е до тебе дали ќе ја задржиш. Птицата која доаѓа кај тебе ти кажува да не бегаш од емоциите. Внимавај, некој душевно повреден човек, несвесно или свесно ќе влијае на тебе. Мораш тоа да го приметиш и да го стопираш.

Во тек ти се некои предизвици кои ти се проблем. Како резултат на стрес и нервози, полека идеш надоле. Може убаво да се разглоби сонов, но го има на повеќе страни наназад, убаво е кажано што значи заб. Ако е точно ова, побарај помош од најблиските.
 
Затоа што темата е "сонови, толкување на сонови". Тоа што јас, метатрон или pearl не сме успеале да протолкуваме било поради зафатеност. Кога и да можам, секогаш помагам на неколку, а останатите ги превзема метатрон.
А сега лепи, што сањаше вчера?

Немам јас ништо против темата или толкувањето на соновите,туку само кажав забелешка која ја приметив страници и страници наназад :) не се лути и ти одма.. инаку јас што сонувам.. ништо поразлично што не е кошмар и ноќ,ако викаш дека знаеш да толкуваш,кажи ми што значи да ја сонуваш твојата прва девојка и твоето основно школо стотици милиони пати,а тоа било пред.. децении.. ? значи не заедно,посебно девојката посебно школото..
 
Ете, сега имам време и одговарам. Другата недела пак ќе бидам зафатен.

Моментално се бориш со некаква ситуација во која се чувствуваш загушено и непријатно.
А со школото малце дообјасни. Не се толкуваат сонови со само еден збор, како што е во соновниците. Има многу детали на кои треба да им се обрнат внимание.
 
Моментално.. но неа ја сонувам секој четврт сон.. ако не и трет.. значи со години а не моментално :) а за школото,па општо,де шетам,де со некој другар седам таму,де онака го сонувам..
 
Има некоја носталгија која те мачи, можеби си надвор од родниот крај на подолг период. Ако е ова точно, површно си среќна за твојот престој, но длабоко во себе си осамена и скршена. Насмевка и тага во исто време. Многу брзо ќе сретнеш личност која што порано ти значела, но се е до тебе дали ќе ја задржиш. Птицата која доаѓа кај тебе ти кажува да не бегаш од емоциите. Внимавај, некој душевно повреден човек, несвесно или свесно ќе влијае на тебе. Мораш тоа да го приметиш и да го стопираш.

Во странство сум да, супер ми е ептен, само што ми е ептен мака дека не можам почесто да наминувам во мк :(
А личноста што многу ми значела е и душевно повредениот човек?
 
Во тек ти се некои предизвици кои ти се проблем. Како резултат на стрес и нервози, полека идеш надоле. Може убаво да се разглоби сонов, но го има на повеќе страни наназад, убаво е кажано што значи заб. Ако е точно ова, побарај помош од најблиските.

Многу убаво објаснето но не ми е јасно се што како..
Со тоа може убаво да се разглоби сонов што сакаше да кажеш? Дека може да се реши или пак дека има повеќе варијанти нешто..?
За заб ако сонуваш дека ти паѓа значи смрт на близок роднина како што знам.. Како мислиш да побарам помош од најблиските, за што? o_O
 
Во странство сум да, супер ми е ептен, само што ми е ептен мака дека не можам почесто да наминувам во мк :(
А личноста што многу ми значела е и душевно повредениот човек?

Мило ми е што погодив дека си далеку од родниот крај:). Немора да значи. Тоа може да биде човек кој го познаваш цел живот, но и човек кој го знаеш еден месец.

Многу убаво објаснето но не ми е јасно се што како..
Со тоа може убаво да се разглоби сонов што сакаше да кажеш? Дека може да се реши или пак дека има повеќе варијанти нешто..?
За заб ако сонуваш дека ти паѓа значи смрт на близок роднина како што знам.. Како мислиш да побарам помош од најблиските, за што? o_O

Сакав да кажам дека има премногу да се збори за заб во сонот. Не, многу се нервирам кога некој ќе ми каже дека заб значи смрт на најблизок. Едноставно не се толкува сон со само еден збор. Треба да се види до детаљ. Може сонот со заб да има стотина толкувања. Еве на пример, во твојот сон забот крвари. Според мене имаш проблем со внатрешните турбуленции. Поради стресот и проблемите се повеќе ја губиш самодовербата. Да те прашам нешто, дали имаш некој конкретен проблем за кој постојано збориш, пробуваш да го решиш, но неуспешно? Како и да е, има нешто што многу те измачува, ти е во фокусот, но и поради тоа нешто, ти тонеш.

Моментално.. но неа ја сонувам секој четврт сон.. ако не и трет.. значи со години а не моментално :) а за школото,па општо,де шетам,де со некој другар седам таму,де онака го сонувам..

Неможе општо ама ајде. Дали се чувстуваш несигурен и како ученик си пропатил низ детски проблеми кои до денес неможеш да ги решиш? Многу е тешко општо да се каже. Другарот ти е близок, далечен и заборавен? Каков му е статусот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom