Сончање

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Лето, сонце, плажа, песок (или камчиња), вода и секако добра забава и релаксација се работите кои ни ги прават одморот да биде она што е.
Меѓутоа, помеѓу сите овие работи, секогаш се протнува и една друга, која на некои им е главен фактор за одење на одмор а пак некои и воопшто не се замараат со тоа.

Па, дали сакате да се сончате?
Ако да, дали се сончате од лично задоволство или за да се покажете пред другите колку боја сте фатиле?
А ако не, дали мислите дека сончањето е непотребно горење на кожата?

Јас сакам сончање, но не претерано. Доволно, колку да си насоберам топлина и попатно да фатам нешто боичка. Инаку, не сакам пржење на сред пладне за да можам потоа да се испофалам колку убава боја имам.
Само лани во Турција со една другарка решивме да се мачкаме со маслиново за да фатиме појше боја од другите, пошо пред тоа се кладевме кој појше ќе се исонча:kesa:

Како е кај вас?
 
јас се сончам секој ден ко сум на одмор додека не станам циганка :)
убаво ми е да ги осекам зраците на кожата.... само не подолго од еден саат, по пола саат на двете страни де рамномерно да биде :)
и увек користам УВ и УБ заштита со фактор 30 :)

и го праам заради тоа шо зимно време ми излеват некој си брунчиња на раците а со сонцето ги изгорам и ми се исчисте кожата... ето. то би било то
 
Никогаш не се сончам, она .. да легнам и сонце да ме пече. Бојата што ја добивам е додека шетам, пливам или собирам камења :) Така и оваа година..
Не ми е важно дали ќе се вратам ко циганче или бела ко сирење. Сеедно ми е.
 
Сакам да добијам боја, меѓутоа таа боја не ја добивам со сончање, туку со целодневно шетање и пливање во водите. Немам намера да губам време со тоа, 'склет ме фаќа одма. Заштита користам, веднаш штом излезам од вода се мачкам, за да не изгорам од сонцето.
 
Јас не сакам ич сончање.Кога идам на одмор се кријам.:toe:
 
Не се сончам освен несакајќи дур сум у вода.
 
Многу ретко се случува да легнам на сонце за да се сончам,иако од одмор секогаш се враќам многу црна. Бојата ја добивам додека се капам,шетам и слично. :pipi:
 
Izgorev us prvata den....................nema da se soncam nikogas veke :toe:
 
Се сончам кога идам на одмор обавезно.
Првите денови по малку едно 10тина минути и си зголемувам потоа до кај 30 минути од страна. Со тоа што секогаш се сончам рано наутро, мислам бар пред 11-12, потоа пече :)
И во глобала се сончам после искачање од вода за да се исушам.
Сакам нормално сончање кое е здраво пред се ако е умерено и ако не е попладне кога се најаки зраците. А пред се сончањето е добро за девојчињата, никако мокри купачи не треба на себе да имаме. Си внимавам :)
 
Цело лето е сончање за мене, почнувајќи од мај кога играме фудбал само на шорцеви без мајца, после на езеро секој ден цел јуни и јули, на одмор на "силното" морско сонце па и до целодневните тренинзи во август и септември на езеро.

Резултат...Ко од Африка да сум дошол:pos:
 
И јас не сум баш по сончање се кријам од сонце, сакам убави моменти на море но сепак ми пречи претерано топло и сончево.
 
Јас си користам крема за интензивно потемнување, која воедно е многу ефикасна :smir:
 
Сакам да се сончам,ама од сабалје да речиме од 10 до кај 12 некаде и од 5 до 7 сатот навечер.. тогаш сонцето не е толку штетно а и не ми е жешко..
си имам фатено боичка да си се пофалам, енд ај ем вери прауд оф мајселф:pipi:
 
Сакам или не, никој не ме пита, на отворено работам, боја фатам од пролет хихихи....
Многу сакам да се сончам, здраво е!
Јас практикувам од рано наутро па со до 11, после околу 17 извлегувам во плажа се до изгрејсонце...
Креми за сончање ретко користам! :) Освен милк за телото што користам после сончање:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom