Пере тоа е тоа... И мене ме интересира на која основа СДСМ за 6 месеци би не внела во НАТО и до крајот на годинава би добиле датум за преговори (нормално доколку добијат на изборите), но од друга страна ме интересира и ставот на ДПМНЕ по однос на истово прашање. Да тие велат дека ние нема да го смениме уставното име и ќе се викаме Република Македонија, но дали и тие играат на истата карта дека уставното име ќе остане освен што ќе си го смениме името за меѓународна употреба. Јас велам ако се бориме до крај да се бориме машки , пошто мене не ми е јасно ако (големо ако) Груевски го направи ова второво промена на името за надворешна употреба кој, кого излажал тогаш. Идентитетот не го ни ставам како прашање бидејќи мислам дека никој не е до толку луд да си игра со оган и да земе таков жежок костен во раце, бидејќи се знае што би му следувало веднаш по превземањето на тој чекор.
Сите тие (СДСМ и ДПМНЕ), направија, прават и ќе продолжат да прават киксови се додека не се опаметат дека политиката е сериозна работа, а не работа за мали деца на кои прво вработување им е министер, премиер или пратеник.
Искрено се надевам дека ако Груевски дојде повторно на власт дека нема да го изигра народот и да се обиде да го направи оФца, мислејќи дека забораваат што кажувал и што направил потоа.
Некој го спомена парламентот и кворумот, а јас ќе го кажам ова: какво парламентарно мнозинство е тоа што не може само да си обезбеди кворум. Која е работата на опозицијата, да поднесува амандмани кои мислат дека ќе го подобрат текстот на одреден закон, точно е дека опозицијата неколку пати претера, но дали на мнозинството им беше проблем за некој закон? Остави ја опозицијата нека си зборува тоа им е работа и зошто владата и парламентот не прифатија многу добри амандмани поднесени од опозицијата? Затоа што се поднесени од опозицијата и тие не можат да си дозволат некој да измисли подобра работа од нив.
Јас ќе гласам на избориве но никоја од партииве нема да го добие мојот глас, туку само ќе си го искористам правото на глас бидејќи не сакам да дозволам некој да ми го злоупотреби тоа право, а мислам дека е многу веројатно тоа да се деси.