Зарем немаше? Барем за образованието имаше добри амандмани, за високо образовните и научни установи. Бидејќи те гледам дека пишуваш од некој штаб пиши ми го и вашиот став по однос на ова прашање. Како ДМПНЕ ќе не внесе во ЕУ и НАТО (освен името и идентитетот ова ми се прашањата број 2 и 3 во мојот приоритет).
Toчно е дека имаше добри амандмани... некои беа прифатени заради мачкање очи демек еве ние прифаќаме тие ништо наше не прифатија но воглавно најдобрите амандмани од опозицијата не меа прифаќани... но ако ставиме на кантар се реално вмро на грујо направи мноогу повеќе реформи одошто сите досегашни влади...сеа одма ќе почнат со инфлација... таа ја има секаде! моментално светот е во РЕЦЕСИЈА, јас сум во Данска и тука се осеќа инфлација, не е така драстична ко во Македонија ама тоа е заради тоа што економијата им е посилна и можат да издржат повеќе...
Во овие скоро 2 год нема никакви поголеми афери напротив беа решени неколку...како така решени пак некој беа и само замачкување очи но сепак НЕМА НОВИ големи афери...
Како во ЕУ и НАТО ...
НАТО членките кажуваат дека сите критериуми ни се исполнети... останува ИМЕТО
СДСМ: Ќе влезиме во нато за 6 месеци ... КАКО? Со промена на име? или како поинаку мене воопшто не ми е јасно....
ВМРО: Ќе го продолжиме евроинтегративниот пат и дијалогот со Грција за името кое нема да го смениме без референдум т.е доколку не сака народот...
ЕУ: Досегашните реформи ни даваат за право да се надеваме за ПОЧЕТОК на преговорите ШТО реално гледано е една голема НУЛА од влезот во ЕУ значи тоа е само еден прв чекор од 1 мили метар тешкото следува откако ке почнат преговорите ... а тоа ќе го добиеме пошто таму никој нема да може да ни стае вето... а со ВМРО а со СДСМ тоа е процес кои ќе продолжи се надевам до крајот на годинава ... а сега со избориве и со стопирањето на остварувањето на задачите ... нека се пролонгира за 3-4 месеци .. НИШТО СТРАШНО...
Кои и да дојде на власт требе да се огледа на БУГАРИЈА и РОМАНИЈА кои знаеа да ги искористат предпристапните фондови на ЕУ да си изградат инфраструктура пред се ПАТОВИ после тоа да ја напраат софија во голем трговски центар... дур учев таму преку ноќ се реконструираа сите патови.. се градеа трговски центри... се шминкаше целата држава за да можат да привлечет повеќе странци... и взаемно со тоа се правеше база за инвестиции ... значи сега имаме напредни инфраструктури во цел балкан а Македонијава уште е назад... при што ни патарина не се плаќа ... а и таа што се плаќа се краде...
Сега имаме систем на прикријување данок на партиски послушници и партиски работодавачи... пример фирмата во која раб татко ми. во Кавадарци ... му се јавувале на шефот кога имало инспекција да знае да ги пушти да си одат тие неосигураните.... немање никаква социјална политика иако се декларираме за социјална држава... немање ЗДРАВ синдикат ... сето е политизирано ... со еден збор кажано исто ко ЗАНЗИБАР сме т.е КАТАСТРОФА
ЗА ова сето не е крив никола во изминатите 2 год КРИВИ СЕ СИТЕ досегашни влади ... грујо како нов дојде и се покажа дека неможе да спречи но може да задржи на исто ниво ... и постепено да се намалува.. сива економија, примери со затворено продавници и пред се КЛАДИЛНИЦИ, организиран криминал, мито корупција, живнување на економијата со повлекување на странски инвестиции... колку толку има напредок и не е МАЛ само некој не го сваќа тоа а другите го преувеличуваат...