Сократ

  • Креатор на темата Креатор на темата venera001
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Возраст
51
Веб-сајт
venera-vk.blogspot.com i http
Сократ (470-399 год. п.н.е.). Грчки филозоф. Уште во мадоста се истакнувал со храброст. Неговата филозофска вештина е во облик на секојдневни дијалози на плоштад со луѓето кои низ разни прашања и одговори ги наведува самите да дојдат до заклучокот. Тој нема оставено пишани дела зад себе затоа што сметал дека книгата е мртво дело и не може да го замени живиот разговор. На сите собири на мислители се појавувал скромно поставувајќи прашања, затоа што ништо не знае, освен тоа свое незнаење. Поради своите говорнички способности, брзо успева да ја собере околу себе инетлектуалната елита на атинската младина како идеолог на „духовната аристократија“ и со тоа доаѓа во немилост со владеачката структура. Во 399 год п.н.е. е обвинет за безбожство и расипување на младината . Одбива да се брани пред судот. Но баш смртната казна на која е осуден, ја покажува неговата величина како мудрец, како мислител.
„Да се плашиш од смрта е да се правиш мудар кога не си. Тоа значи да мислиш дека го знаеш она што не го знаеш. Време е јас да појдам во смрт, а вие во живот. А кој од нас оди кон подобро, тоа никој не го знае.“
Иако пријателите му овозможиле бегство, тој не се согласил. Од почит кон законите останува и го испива отровот.
Платон е негов лојален ученик со кого често дискутираат за различни мислења и кој останува во своите записи да ја изрази величината на Сократ како мислител . (Одбраната на Сократ)
 
Уште да запишел нешто.

Инаку, да те исправам малце околу тоа со судот.

Сократ се бранел. И тоа се бранел сам. Бил обвинет за безбожништво, расипување на младите, мислење спротивно од мислењето на сите и сл. И тој предомислува околу половина судии, но недоволно да не го осудат. На тие што гласале во негова корист им се обратил со „судии”, на другите со „граѓани”. Деновите у ќелијата, кога чекал егзекуција (му дале отров), дошол тој как се викаше, со придружба, поткупиле цела стража и му понудиле на Сократ да избега.

Сократ има речено: АКО СЕГА ИЗБЕГАМ, ЗНАЧИ ЈА ПРИФАЌАМ НИВНАТА ПРЕСУДА, ЗНАЧИ СУМ ВИНОВЕН. НО, ЈАС СУМ НЕВИН И ЌЕ ОСТАНАМ ТАКА.

Сократ машки ја прифатил пресудата. Не избегал, нешто што подоцна ќе го направи Аристотел и така натаму. Инаку, немало да остане запаметен без ниедно запишано дело. Понатака ќе го споредуваат и Бруно на кладата со него..
 
Има и една анегдота околу таа посета на неговиот ученик пред смртната казна.
Ученикот му вели „ Многу ми е жал и тешко ми е на душава што знам дека ќе умреш невин”
А Сократ на тоа зачудено му одговара „ Што?! Зарем полесно ќе ти беше ако умрев виновен?!”
 
Eve edno Sokratovo predupreduvanje do graganiniot od Atina:
"Dobar moj coveku, ti koj sto si atinjanin, graganin na najvelikiot i najslavniot grad po mudrosta i mokta, zar ne ti e sram sto se grizis da steknes sto e mozno poveke bogatstvo, slava i cest, a ne mislis na razumot i vistinata i ne se grizis kako tvojata dusa najarno da bide?"
Kakva e polzata ako go dobieme celiot svet, a ja izgubime sopstvenata dusa?
 
Sokrat go postuvam epten, samo da si gi zapisel spisite dobro ke da e:) I bil nevin ama vo toa vreme drugsie se gledalo na rabotite, i neli mu go dale otrovot vo sudot i taka zavrsuva negoviot zivot. Taka e koga se boris so celoto opstestvo. No barem imal sledbenici, ucenici kako Platon na primer koi ja prodolzile negovata misla:)
 
Сократ бил единствениот филозоф што не бил учител. Тој рекол "каде што е муабетот, таму сум и јас". Тие негови ученици што се нарекувале, од негова гледна точка, биле само луѓе кои го сакаат и сакаат да бидат со него. Најмногу го сакал Платон, тој бил како негово дете. Сите негови муабети му ги давал на Платон, се тоа што е напишано од Платон за Сократ е кажано од Сократ. Во тоа време во Атина имало големи промени за верување на боговите, но тоа пто Сократ го кажувал била реалната слика на таа денешница, која немала никаква врска со богохулие. Жалосно што еден таков човек да биде казнет од луѓе кои не сфајќале што прават
 
Сократовата основна поставка била „Јас знам дека ништо не знам!“ Со својот метод, наречен сократовски, тој поставувал прашања на кој собеседникот одговарал, но така вешто му го поставувал прашањето што го принудувал самиот него, за она што на почетокот тврдел дека го знае да признае дека не знае, зашто инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној дел од методичката процедура која се викала иронија. Вториот дел од постапката се состои во тоа што собеседникот со прашањата постепено, одејќи од блиското кон подалечното да дојде до дефиниција на поимот за кој се спори и со тоа да се постигне вистинско знаење. Овој создавачки дел од вештината се темели на изреката: „Познај се самиот себеси“. При тоа Сократ играл улога на „акушер “ кој помагал да се раѓаат здрави духовни деца. Сократ ги воодушевувал младите, но кај влијателните, авторитетите и власта предизвикувал незадоволство од подбивот на кој ги излагал.
Исто така, Сократ сметал дека знаењето е добро а незнаењето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното што Сократ го придонел во филозофијата. Од Сократ потекнуваат повеќе школи наречени сократовски: мегарската, киничката, киренската.
 
Уште да запишел нешто.

Инаку, да те исправам малце околу тоа со судот.

Сократ се бранел. И тоа се бранел сам. Бил обвинет за безбожништво, расипување на младите, мислење спротивно од мислењето на сите и сл. И тој предомислува околу половина судии, но недоволно да не го осудат. На тие што гласале во негова корист им се обратил со „судии”, на другите со „граѓани”. Деновите у ќелијата, кога чекал егзекуција (му дале отров), дошол тој как се викаше, со придружба, поткупиле цела стража и му понудиле на Сократ да избега.

Сократ има речено: АКО СЕГА ИЗБЕГАМ, ЗНАЧИ ЈА ПРИФАЌАМ НИВНАТА ПРЕСУДА, ЗНАЧИ СУМ ВИНОВЕН. НО, ЈАС СУМ НЕВИН И ЌЕ ОСТАНАМ ТАКА.

Сократ машки ја прифатил пресудата. Не избегал, нешто што подоцна ќе го направи Аристотел и така натаму. Инаку, немало да остане запаметен без ниедно запишано дело. Понатака ќе го споредуваат и Бруно на кладата со него..

Не е вистина дека Сократ е запаметен само по тоа што машки ја прифатил пресудата, тоа само кореспондира со неговата философија како начин на живот. Тој е еден од ретките мислители кои навистина ништо не напишал, но не може да се каже дека ништо не оставил зад себе. Атињаните долго се каеле после смртната пресуда врз него, и тоа истите оние Атињани кои го осудиле. Она што тој го оставил позади себе може да се прочита во делата на неговите слушатели, другари (нема да кажам ученици), ги допрел срцата на младите Атињани, ги подучувал на моралност, храброст, принципиелност, но најважно од се е дека им покажал како да научат.
 
Neli Sokrat sam pobaral cveke, a potoa od nego go iscedil otrovot?

:nenene:Не, Сократ бил осуден на смрт. Му донеле да го испие отровот во неговата келија. Отровот делувал од нозете нагоре, фактички му го умртвувал телото полека, полека од стапалата нагоре.
 
:nenene:Не, Сократ бил осуден на смрт. Му донеле да го испие отровот во неговата келија. Отровот делувал од нозете нагоре, фактички му го умртвувал телото полека, полека од стапалата нагоре.

Мислам дека на Сократ на судењето му било понудено да го испие отровот пред сите и ако ти текнува Платон пола книга напиша само за тоа. Сократ ги кажува последните зборови и го пие отровот:helou::helou:
 
Ноуп, судењето си е судење, отровот го пие многу подоцна бидејќи чека да се врати коработ од Делос, кој тргнал ден пред пресудата а во периодот додека да се врати Атињаните не смееле да извршуваат смртни казни. :smir:
 
Не ми текнува, веројатно затоа што не е така. Еве колегата glufce добро ти објасни, тоа го пишува Платон во "Одбрана Сократова" и цела книга е за тоа. Јас само ке додадам дека додека чекале да го погубат, неговите другари го терале да избега од затворот, дури и му организирале бегство, но тој одбил. Само побарал од од неговиот најдобар пријател да се грижи за неговите деца.

Ноуп, судењето си е судење, отровот го пие многу подоцна бидејќи чека да се врати коработ од Делос, кој тргнал ден пред пресудата а во периодот додека да се врати Атињаните не смееле да извршуваат смртни казни. :smir:
 
Да да да, така било помешав нешто. Фактички тој бил осуден со вкупно 361 глас мислам по две гласања и пиењето на отровот било одложено за 30 дена после кога ќе се вратат Атињаните од островот Делос (τὰ Δήλια) каде имало некоја свеченост. Е кога се вратиле тогаш, убаво си кажавте, тогаш му го дале отровот да го испие било 399 год п.н.е.:helou:
 
Neli Sokrat sam pobaral cveke, a potoa od nego go iscedil otrovot?

Сократ побарал казната да биде пари околу 30 мини и уште нешто беше, а он доброволно потоа го испил отровот на кој чин сите останале без зборови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom