Bratot
Стоик и Машкртник!
...Господата.. ќе “расправале“.. на иницијатива на ..хмм Тито.. ама Петковски..
Предлог на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија ќе се најде денеска на дневен ред на 27-та собраниска седница. Предлогот на резолуција беше поднесен од страна на пратеничката група на Нова социјалдемократска партија.
Со резолуцијата се бара македонското Собрание да ги утврди црвените линии под кои не може да се оди во преговорите за името.
Според најавите, на седницата треба да се обрати Тито Петковски, како предлагач на иницијативата за седница, потоа по еден говорник од секоја пратеничка група, претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.
Седницата треба да биде отворена за јавноста. Од НСДП велат дека нема да се противат ако се одлучи таа да биде затворена за јавноста, доколку Претседателот и Премиерот имаат потреба да зборуваат поотворено за спорот со името.
:back:
Очекуваме силен притисок од меѓународната заедница во следните 40 дена, пред средбата на Европската унија, за изнаоѓање решение за спорот со името со Грција.
Ова синоќа, на отворената средба на Владата со главните уредници на македонските медиуми, а по повод 100-те дена на Владата, го изјави премиерот Никола Груевски.
„Тој притисок може да биде поистоветен со вистински пекол“, изјави Груевски.
Според него, барањата на Грција не се однесуваат само на промена на името на државата, туку и на националноста и јазикот, што би било верификувано и со промена на пасошите.
„Погрешно е гледиштето, кое го застапуваат некои кај нас, дека доколку ние направиме отстапки по прашањето за името, тогаш Грција би можела да отстапи по прашањето за националноста и јазикот и за прашањето за пасошите. Нема ниту најмали знаци, како официјални, така и неофицијални, дека грчката страна би можела да направи чекор назад во гледиштето по овие прашања. Напротив, Грција останува на своите барања и сака победа, не само во спорот за името, туку и за целиот пакет слични прашања“, додава Груевски.
Македонскиот премиер, коментирајќи го последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, рече дека Македонија, како и Грција, имаат многу забелешки на повеќе точки од предложеното.
„Ако Грција го прифати последниот предлог на Нимиц, што е малку веројатно, бидејќи има многу забелешки, и ако предлогот биде прифатен и од македонската опозиција, :uvo: тогаш ние ќе го понудиме на референдум, а тогаш Владата и ќе го каже својот став“, истакна Груевски.
Запрашан дали резултатот од референдумот ќе има консултативен карактер или ќе биде задолжителен, Груевски појасни дека тоа треба да биде прецизирано со останатите политички партии.
Тој додаде дека очекува од медијаторот Нимиц да понуди нов предлог.
извор а1.ком