со Wizzair или со автобус преку агенција

  • Креатор на темата Креатор на темата alekjov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 октомври 2009
Мислења
802
Поени од реакции
419
Локација
Скопје
Гледам дека некои од туристичкиве агенции организираат рути до дестинации до кои што лета и Wizzair (Венеција, Будимпешта, Рим, Братислава...) па ме интересира ваше мислење: дали е подобро да се оди самостојно со Wizzair (со спиење во хостел) или со автобуска тура преку агенција?
 
Гледам дека некои од туристичкиве агенции организираат рути до дестинации до кои што лета и Wizzair (Венеција, Будимпешта, Рим, Братислава...) па ме интересира ваше мислење: дали е подобро да се оди самостојно со Wizzair (со спиење во хостел) или со автобуска тура преку агенција?
Подобро е зошто минатото лето за 50 евра (повратна) карта бев до Братислава и супер си поминав. Ол инклузив за тие пари нема (порција оброк и пиење не спаѓаат во картата ) но за 1.30 - 2.00 саати лет нема да имаш потреба од луксузи при патувањето.
За споредбата рандом хостел и организирано сместувањево хотел нема да правам споредба бидејќи јасно е дека втората опција е поповолна но се зависи од тоа колку си спремен да потрошиш.
 
Гледам дека некои од туристичкиве агенции организираат рути до дестинации до кои што лета и Wizzair (Венеција, Будимпешта, Рим, Братислава...) па ме интересира ваше мислење: дали е подобро да се оди самостојно со Wizzair (со спиење во хостел) или со автобуска тура преку агенција?
Дефинирај што значи за тебе подобро, релативна работа е тоа.
За мене е подобро да не се гужвам и гушам во автобус со уште 50 души 40 саати (одење и идење), и би избрал 4 саати пат со авион наспроти 40 саати со автобус особено ако не е огромна разликата во цена. Хотелот како хотел, го гледаш навечер, обично не се прибираш цел ден, користиш само појадок и евентуално вечера, за ручек сигурно нема да се прибереш. Ако имаш време одбери си на booking смештај, најди авионска карта за тој датум или обратно прво карта, па смештај,исхраната не е страшна за една недела ќе се прилагодиш, некогаш ќе јадеш во град/ некогаш нешто од маркет. Информации прибери за превозм градски/трамвај/воз за меѓу градови ако сакаш да прошеташ и низ државата каде што одиш, обезбеди си мапи, места кои сакаш да ги посетиш со координати и фурај, со агенција ќе имаш набуфтано 50 знаменитости за шетање и низ 80% од нив само ќе протрчате, вака каде тебе ти е интересно може да се задржиш, каде не те занима ќе заминиш побрзо,сам си диригираш.
 
можеби најдобра и најевтина ти е оваа програма што ја дава атлантис, барем за братислава, јас планирам да одам преку нив
 
На прашањево што го поставив во 2017 год побарав одговор од ChatGPT :)

Тука има една стара дилема: слобода против сигурност. Двете опции имаат свои чари, ама разликата е во тоа какво искуство сакаш да имаш.

Ако одиш со автобуска тура преку агенција:
  • Ќе ти биде “all-inclusive” од организациска гледна точка – возење, сместување, водич, програма. Не мораш да мислиш каде да спиеш, како да стигнеш од аеродром до град, ниту што да гледаш – сè е испланирано.
  • Но таа удобност доаѓа со цена: темпото е обично забрзано (многу градови за малку време), имаш малку време за себе, и си “врзан” за групата. Во суштина, ја гледаш дестинацијата низ распоредот на агенцијата.

Ако одиш самостојно со Wizzair и хостел:
  • Добиваш целосна слобода – сам бираш каде и колку ќе останеш, што ќе видиш, како ќе се движиш низ градот. Хостелите често се полни со луѓе од цел свет, па имаш можност да запознаеш патници и да добиеш “инсајдерски” совети што туристичките групи никогаш не ги слушаат.
  • Но мораш сам да ја направиш логистиката: билети, сместување, транспорт, евентуално истражување однапред за да не ти “пропадне” денот во барање што да правиш. Исто така, ако нешто тргне наопаку (откажан лет, доцнење), сам треба да се снаоѓаш.

Суштината е дека туристичка тура е за комфор и минимум ризик, додека самостојно патување е за авантура и максимална слобода. Ако уживаш во тоа да луткаш низ град без строга агенда и ти е убаво сам да ја “склопуваш” сликата на едно место – авион + хостел е без конкуренција. Ако повеќе ти одговара сигурност, водич што ќе ти ја “раскаже приказната” и друштво од групата, тогаш агенција.


Би ти предложил и хибридна варијанта: со Wizzair сам да си отидеш до еден град (да речеме Будимпешта), ама таму да си резервираш еднодневна локална тура со водич за да добиеш историски контекст. На тој начин ја имаш слободата + дел од структурата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom