BOJ@N
Штрумф Текнувало
Помошник рудар, помошник галванизер, помошник ѕидар, ракувач со машини, за сите овие струки учениците е доволно да завршат само прва или втора година средно училиште. Ова се дел од реформите во стручното образование кои ќе се воведат од наредната учебна година. Учениците ќе можат да избираат помеѓу едногодишно, двегодишно, тригодишно, но и пост средно стручно образование. За струките графичките дизајнери, банкарските службеници, менаџерите во градежништвото, нема да бидат потребни факултетски дипломи. Овие ученици ќе треба да се доквалификуваат во пост средно образование. Овој степен на образование ќе се плаќа, ќе се одржува во средните училишта, а по завршувањето учениците ќе добијат соодветен сертификат. Диплома ќе добијат и учениците со завршена прва, втора или трета година.
- Пазарот има потреба и од таков тип на кадри кои ќе работат мануелни работи, физичка работа, вели Никола Тодоров.
Потребите на пазарот покажале дека итно е потребно да се направат реформи во образованието. Веќе се доцнело со образување на кадар за некои од новите технологии. Македонија немала работници за работа со новите ЛЦД и плазма технологии. Од друга страна пак имало струки за кои нема работа.
- Имаме медицински сестри, а нема работа за нив во Македонија. Од друга страна имаме потреба за месари, а месари нема, вели Дарко Велков од Сојузот на стопански комори.
Овие измени во средното стручно образование не се нови. Биле предвидени пред дваесет години, но дури сега имало шанса да се спроведат во праксата.
извор