Со пост-средно образование ќе се заменуваат некои факултетски дипломи

  • Креатор на темата Креатор на темата BOJ@N
  • Време на започнување Време на започнување

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Локација
Во блиската далечина.
Помошник рудар, помошник галванизер, помошник ѕидар, ракувач со машини, за сите овие струки учениците е доволно да завршат само прва или втора година средно училиште. Ова се дел од реформите во стручното образование кои ќе се воведат од наредната учебна година. Учениците ќе можат да избираат помеѓу едногодишно, двегодишно, тригодишно, но и пост средно стручно образование. За струките графичките дизајнери, банкарските службеници, менаџерите во градежништвото, нема да бидат потребни факултетски дипломи. Овие ученици ќе треба да се доквалификуваат во пост средно образование. Овој степен на образование ќе се плаќа, ќе се одржува во средните училишта, а по завршувањето учениците ќе добијат соодветен сертификат. Диплома ќе добијат и учениците со завршена прва, втора или трета година.

- Пазарот има потреба и од таков тип на кадри кои ќе работат мануелни работи, физичка работа, вели Никола Тодоров.

Потребите на пазарот покажале дека итно е потребно да се направат реформи во образованието. Веќе се доцнело со образување на кадар за некои од новите технологии. Македонија немала работници за работа со новите ЛЦД и плазма технологии. Од друга страна пак имало струки за кои нема работа.

- Имаме медицински сестри, а нема работа за нив во Македонија. Од друга страна имаме потреба за месари, а месари нема, вели Дарко Велков од Сојузот на стопански комори.

Овие измени во средното стручно образование не се нови. Биле предвидени пред дваесет години, но дури сега имало шанса да се спроведат во праксата.

извор
 
Јас лично, ги поздравувам овие реформи.
Ова требало одамна да се спроведе, како што се вели во текстот. Потребите за овие реформи се повеќе од јасни, економисти со факултетски дипломи ги има со лопати да ги ринеш и не само економисти туку и правници, доктори, медицински сестри и многу други. Изгледа сите сакаат да работат во костум и во канцеларија.
А за она со средно образование но со една година или две и тоа не е лошо. Па на крај краева, што ќе му е на рудар или ѕидар, обичен работник со лопата да учи 4 година средно. Така многу ќе знае, па ќе почне да се буни кај работoдавачот. :)
 
За мене овоа ми личи на зафркавање со образованието.
Како прво самата држава не те (признава)прима на државно место со 3 годишен ФАКУЛТЕТ, камо ли па со една или две.

Исто и со тие средните програми со помалку од 4 години, ке имаш завршено средно ама нема да можеш да се вработиш нигде затоа што си малолетен.
И плус нели Знаењето е Сила знаењето е Моќ, а ваму уште од мали нозе ги сакатат со образованието, никад повеќе од потрчко(помошник) да неможеш да бидеш, дај му средно дај му можност да се покаже, ако и после тоа не го бива, ништо не го спречува да биде помошник. Доаѓа како некои деца уште од кога се родени дека нема да ги бива за ништо, па ај да им дадеме некое парче хартија.

Мене сето овоа некако неорганизирано ми делува, како од ракав да ги вадат "плановиве"
 
ке имаш завршено средно ама нема да можеш да се вработиш нигде затоа што си малолетен.

Имаше некои измени на законите, незнам дали се веќе изгласани, а се однесуваа на тоа сите лица над 15год. да можат да се вработат.

--- надополнето ---

еве подетално за тоа
 
Абе задолжително средно, па ај кампањи за сите на факултет (сила, моќ ова она) и сега нема кој да копа па еве ви дипломи со 2год. образование. Ама сите пак ќе сакаме на факултет(да не не зборат комшиите).
 
Мене ми се допаѓа оваа идеја. Во Германија е на овој начин организирано и прекрасно функционира т.е. сите имаат работа.
Подобро овака, отколку сите да одат средно гимназија. На овој начин ќе се изедначи бројот на ученици во стручните и гимназиите.
I like it :D
 
Добро смислено полнење на буџетот.

Нека кренат партиципација x2, па 90% на факултет, и фурните да ѓи згреат за леб појќе да се произведува, тогаш ќе се добие машинерија од студенти, зголемен буџет и ај у пм, се сопнав,...
 
За струките графичките дизајнери, банкарските службеници, менаџерите во градежништвото, нема да бидат потребни факултетски дипломи. Овие ученици ќе треба да се доквалификуваат во пост средно образование. Овој степен на образование ќе се плаќа, ќе се одржува во средните училишта, а по завршувањето учениците ќе добијат соодветен сертификат. Диплома ќе добијат и учениците со завршена прва, втора или трета година.
За што ќе им служат едно чудо изотворените факултети ако градежен менаџер и банкарски службеник (што и да е тој поим) може да се запослат и со средно (пост). Дали само за потребите на државните и јавни институции?
Знаењето е сила...некако не испадна. Најверојатно зборот ќе се плаќа е клучен.
 
Кој пазар кои услови кои глупости, кај виде овај пазар на труд јас не знам, можеби од канцеларијата негова под влијание на подземни води вакви идеи му идат.
Медицинските сестри да се преквалификуваат во месарки одма :icon_lol:.....
 
За што ќе им служат едно чудо изотворените факултети ако градежен менаџер и банкарски службеник (што и да е тој поим) може да се запослат и со средно (пост). Дали само за потребите на државните и јавни институции?
Знаењето е сила...некако не испадна. Најверојатно зборот ќе се плаќа е клучен.
Само за нив, имало недостиг на работна сила :pos:
Сеа значи згрешив зашто се запишав на факултет? Според владава на пазарот му биле потребни вакви работници, а зашто тогаш уште се вртат рекламите да се запишеме на факултет и дека тоа е мојата иднина?

Абе не се знае кај се тера во оваа држава...


Овие измени во средното стручно образование не се нови. Биле предвидени пред дваесет години, но дури сега имало шанса да се спроведат во праксата.
Е ова се вика 24/7 работа, иако идеја стара 20 години, се најде време за да се реализира оваа идеја.
 
Само за нив, имало недостиг на работна сила :pos:
Сеа значи згрешив зашто се запишав на факултет? Според владава на пазарот му биле потребни вакви работници, а зашто тогаш уште се вртат рекламите да се запишеме на факултет и дека тоа е мојата иднина?

Абе не се знае кај се тера во оваа држава...

Не е ни тој крив му дале таму тие што ја имаат правено програмата, каки глупости пишува такви чита, едноставно портпарол.
 
:vozbud: Се згазив, која драстична промена, им дојде од ... у глава, зашто бе па нека отворат и факултет за месари, пекари и тако даље, што има врска таман ќе го зголемат процентот од 96,5 во 99,9 на оние кои студираат. :tapp:
Ова не е ништо ново во поглед на образованието и порано имаше па и сега има 3 годишни насоки во средниве училишта, е сега малку сето тоа го зафилуваа, 3 те години ги намалија на 2 и крај, као да биде попримамливо за учениците. И со 3 и со 2, дури и со факултет работа нема. Џабе им е се!
 
Абе не се знае кај се тера во оваа држава...

Секој месец се нешто реформираат во образованието, човек просто страв да го фати од реформи.

зашто бе па нека отворат и факултет за месари, пекари и тако даље, што има врска таман ќе го зголемат процентот од 96,5 во 99,9 на оние кои студираат.

Не на 99,9 туку на 100%. Ќе бидеме чудо на планетава. :tapp:

Ова не е ништо ново во поглед на образованието и порано имаше па и сега има 3 годишни насоки во средниве училишта, е сега малку сето тоа го зафилуваа, 3 те години ги намалија на 2 и крај, као да биде попримамливо за учениците. И со 3 и со 2, дури и со факултет работа нема.

Се сложувам. И порано имаше некои трет степен па и втор степен средно образование за занаетчиски струки како бравар, механичар итн. Сега можи само да се прошири таа листа со некои нови струки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom