Со кој член од форумот сакате да се запознаете?

Со камиказа,марјан-мики,тинна,.мАРИЈА.,мариа,маршмелоу,рок-кате,вес,дегенерик,дхоо|,ссс-столица,зиростајл и други
едит:забораив,и со Тони_те да го видам во живо шо тепач е
 
Покрај досеганаведениве го додавам IOsonoINTERNISTA да напраиме муабет најмногу околу филм и музика.
 
Да бев со истиов ум пред некој период, ќе го пишев порано ова.
Сакам да се запознам со Out Boy. Пред некое време не ни помислував на ова, некако ми идаше демек ко... дека воопшто никогаш не би разговарал и не би пиел кафе со некој кој е хомосексуалец. Самата помисла ми беше одбивна и ми се повраќаше.
Изгледа од фактот дека многу генерализирав. Верувам дека досега сум пиел кафе со луѓе кои сумљаат во својата сексуална определеност, можит после 5 години ќе испадне да дознаам дека некој мој школски или било кој испадне хомо, па да се згрозам ради шо сум се дружел со него.

Сега, радо би седнал на кафе и би разговарал со Out Boy. Го следам, му читам постови, и тоа што неговата сексуална определеност не е иста како мојата, ја ставам на последно место. Толку може да се научи од него, во било која сфера и би ми било мило ако некогаш имам прилика да го запознам и да пијам едно кафе со него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom