Со кого се познавате од форумов?

  • Креатор на темата Креатор на темата ohriganka
  • Време на започнување Време на започнување
Ги упознав и јас даунтаун екипата од Т.Велес.. женскиот дел од тимот го познавам од порано, мање-више случајно и Разиел такоџе сме мењале уље заедно на некоја собиранка па пар речи испред нужник.. бла бла :pos:

Фабулос, Анхоли и Разиел фини кул момци, па да продужиме со сарадња на повисоко ниво и се глеаме у друга прилика пак.. секако и вие да не посетите у Скопје ќе ве носиме у храмот што почнува на буквата О :pos:
Е сеа Водка можда не го дели истото мислење со мене од причина што го разочараа, не му донесоа книга од Гане Тодоровски (ака Ганџа) а “Белата долина“ од Симон Дракул е демоде.. :pos:

Сеа ручек ме чека, штрајкови тука.. али Манс да не го испуштам никако. Одличен чоек, се глеа дека е домаќинско дете и му купуел на дедо му на времето Нова Македонија.. плус зрачи со клаберство и опклада ставам дека девојка му не ја тера ролка да носи.. :pos:


И овие плавите ќе ги забораев шо ме тераа да праам дуванац у 3 сабајле.. а мене ми беше “добар ден шефе“ :pos: И ондак ризик јак, мила душа.. тиит тиит тиит.. 0,45 промили.. немав за олимписка норма :vozbud:
 
Нели ке остануевте бе???
И сеа шо не се видовме као лујЏе??? :)
 
Најпрво, не бев пишал во темава, пред неполн месец бев во Скопје и се запознав со tiffany, се дружевме 2-3 часа, шетавме низ градот, на кафе (a требаше пиво), на сладолед (а требаше најмалку некој ладен сендвич, оти бев гладен, ама сладоледот од Ескимо ме засити, таман е), ептен мило ми беше што се запознавме.
Досега не бев спомнал импресии, па сега оти имам и друго да надополнам, да ја спомнам и неа.

А вечерва макар и што на две минути, (ептен случајно) се запознав со HsIlOmEdUs, уствари он ме препозна мене, по наочарите, така ми кажа :)
И така дружба од две минути, краток муабет, јас бев со двајца мои другари, он со еден другар, ние имавме пиво и две екстра чашки, таман за нив, а он со другар му не сакаа да се напијат, оти неможеле веќе :) ... после дојдоа едни девојки, и заедно заминаа во густата магла, е види неправда, они со девојки, ние со чашки пиво во рака (= па ајде во следна прилика ќе пиеме пиво, пак, со повеќе муабет :)
 
Вечерва се запознав со Корун.
Интересен човек и дефинитвно игра боље билијард од мене.:icon_lol:
 
Се упознав со:

Busav - Го знаев од порано, али сеа видов дека има џип :)
Crazy in биЉард - Супер девојче, ама уште од мала почнала се нервира :pos:
Emma - Ников незнам за што и стои, врска си нема девојката со Emma :)
BiG_kIsS - Многу е нежна...... со топките за биљард.
Точкест - Точкест :toe: кул чоече
Ред хот! - more info on наредна собиранка, брзо си отиде


Толку сеа за сеа, нареден пат, појше детаљи :) :helou:
 
Black Rose малце касни, ама оправдано :)

Psy - на некој начин и ја знаев, често ја "оговарале" пред мене :) Се видовме минатото лето во Велес, остана на едно пролазно "здраво", сега споделивме момент на блискост - мокрење, импресии - убаво газе :pos:

mans - фин и симпатичен, искулиран до крај, типот знае да игра, да се претвори во некоја старица од железничка :pos2: и најбитното има 24 години :pos: :pos: :pos:

:salut:
 
Се познавам со Виктор_Мак и Ченто! Знам и едни други другари се зачленети на форумов, ама не им ги знам корисничките имиња!
 
Пред некој ден се упознав со Корун... Ич не знае да игра биљард :)
Вчера со Франкенштајн... Јбг, не доби бакнеж во образ со сјај :) Ај следечи пут...
 
.. после дојдоа едни девојки, и заедно заминаа во густата магла, е види неправда, они со девојки, ние со чашки пиво во рака (= па ајде во следна прилика ќе пиеме пиво, пак, со повеќе муабет :)

Пер, кој им е крив :)
 
Се запознав во понеделникот со reactive89 :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom