Со кого од семејството сте најблиски?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Слободно можам да се отворам и пред татко ми и пред мајка ми..секогаш ми се добредојдени нивните совети,бидејќи навистина вредат.Покрај нив можам и на сестра ми..знам дека никогаш нема да ме издаде:smir:
Баш си ги сакам
 
Дефинитивно можам на мајка ми и на баба ми да им се доверам,буквално за се.Тука може да спаѓа и тетка ми,но неа ептен ретко ја гледам.Советите од баба ми се оние кои што најчесто гледам да ги применам затоа што нејзиното искуство си го прави своето.Ретко кога сум згрешила кога сум ја послушала.
Можеби е чудно ова што ќе го кажам,ама несакам да плачам пред нитуеден член од семејството [добро сега,освен пред мајка ми,кога се истурам плачејќи] незнам ни сама зашто.Полесно ми е да се исплачам пред сосема непозната особа,отколку пред нив.Несакам да им кажам кога нешто ме мачи,едноставно несакам да ги загрижувам.:toe:
 
со никој....не сакам многу да комуницирам со моите дома...
 
Татко ми, дефинитивно. Толку е далеку, а сепак толку блиску.
Можам да му кажам буквално се`! :pipi:
 
Со мајка ми сум најблизок...се што имам се и кажувам(добро нешто кријам пак), и со братучедка ми(тоа што го кријам од мајка ми и го кажувам на неа)
 
Со брат ми поради тоа што и со возраст сме блиску па се разбираме.
 
со татко ми ... не дека збораме нешо многу двајцата .... ама ко ќе кажиме нешто и кажано е :)
 
За жал...не ми е баш блиска темава...:toe:
Со никој од семејството не сум блиска....:icon_neut
Не ги знам баш многу за да им верувам!:nenene:
 
Најблиска сум со мајка ми. И со сестра ми сум доста блиска али поголема сигурност осеќам со мајка ми.. Можам слободно за се да и се исповедам без разлика за каков проблем се работи дали љубовен или за училиште за другарство и т.н.
Секогаш ме ислушувала и ми давала совети кои гледам што почесто да ги користам.
 
Иако сме 4 години разлика, личноста на која можам да и кажам буквално се’ е брат ми.
Колку и да се караме, секогаш е тука за мене да ми помогне, да ме осветува, да ме поддржи. Како постар секогаш му верувам во она што ми го кажува, затоа што сепак искуството негово е поголемо од моето.
Секако, и јас сум секогаш тука за него. Му имам помогнато многу пати и тоа е причина плус да бидеме блиски.
 
Со дедо ми и татко ми.Највеќе си го имам муабетот со нив двајца.
 
Мајка ми, она знае речиси се за мене [некоја ситница сум преќутела, но ништо битно]. Ако ми треба некој совет за кој знам дека може да ми помогне веднаш и кажувам. И не знам зашто али секогаш испаѓа она во право бе... :toe:

Исто така и со братучед ми сум многу блиска, бидејќи сме на иста возраст и сегогаш ме сфаќа и ми дава совети [ама не го слушам баш секогаш бидејќи знае некат многу да се занесе и да претера...].

И со останатите од семејството комуницирам, ама некако полесно ми е да се доверам на другарките [оние најблиските] отколку на нив... Од секогаш сум била таква затворена личност не знам зашто... :jaj:
 
Мајка ми - знае буквално се за мене.Од првиот чекор , до првиот сексуален однос.Ние двете сме поставени како најблиски пријателки , а потоа сме мајка и ќерка.Никогаш не ме осудувала , баш напротив секогаш била тука за мене и ми помагала.Нејзините совети злато вредат.Таа ми е дефинитивно се во животот.

Кумот Слобо - бидејќи со татко ми никогаш не сум била во добри односи , тој ми доаѓа како татко.Можам да му кажам се и да знам дека никогаш нема да рече лош збор или да ме навреди.Тој и мајка ми ми се најголемата поддршка и причината поради која јас сум нормална особа , а не некој хулиган.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom