Со добар или лош тим?

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
Еве ја ситуацијата - Сте во тим за некој проект и треба да се покажете одлично. Дали мислите дека е подобро да сте во лош тим, каде што иако не сте одлични, тоа што сте подобри од другите добивате добра оценка или пак во добар тим и да се покажете подобро како екипа и со тоа да добиете оценка поголема гледајќи го целиот тим. Која варијанта повеќе ви одговара? Дали сте биле во некоја од ситуацииве? Кој е "полесен" пат до добра оценка?
 
Ако веќе гледаме полесно да добиеш добра оценка на училиште нормално дека е ако си во полошиот тим.

А ако е за нешто друго - подобри резултати, интерес во работата итн, со подобриот тим.

Колку покомплицирана можи да биди ситуацијата?
 
Ако веќе гледаме полесно да добиеш добра оценка на училиште нормално дека е ако си во полошиот тим.

А ако е за нешто друго - подобри резултати, интерес во работата итн, со подобриот тим.

Колку покомплицирана можи да биди ситуацијата?

Ама, ете, не си до толку добра и се наоѓаш во добар тим и толку добро сте ја завршиле работата што вкупниот впечаток го засенува тоа што ти си била послаба од другите.
 
Ама, ете, не си до толку добра и се наоѓаш во добар тим и толку добро сте ја завршиле работата што вкупниот впечаток го засенува тоа што ти си била послаба од другите.
И? Значи во ваков случај подобро за тебе е да си во полошиот тим за да можиш да се истакниш.
А ако е прашањето, колку вредиш кога во подобрите си лош, а полошите добар, тогаш - се дури има подобри од тебе не си доволно добар :) Ок, претерано, ама не можиш да се буниш на пример дека не е фер ако не успееш ако те стават со подобрите со одбрана "Ама да бев во другиот тим ќе успеев".
 
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ВО ПОСЛАБИ ТИМОВИ-барем не по моја желба.Стварно е тешко да се покажеш и да се истакнеш во квалитетен тим, ама сепак таму дури и да не иде се преку тебе и дури и да не си тој кој ке привлече најмногу внимание сепак тоа што ке го покажеш ке се цени повеќе.Сум работел во послаби тимови и сме испаѓале само заради тоа што на крај сме оставиле впечаток дека само некои работат а другите воопшто како да не се заинтересирани.И нормално групата како група не успева иако има квалитетни поединци во неа.Во по квалитетни групи имам мотивација зашто знам дека тоа се луѓе кои ме разбираат, и луѓе кои нема да се откажат така лесно и ако не друго барем ке научам нешто од нив.Во таквите проекти премногу е битно искуството.Нормално дека кога си во поквалитетна група има и поголема конкуренција, многу идеи, многу различни размислувања и тешко е да ги убедиш другите дека твојата идеја е вистинската-не невозможно ама сепак тешко затоа што сите тие луѓе размислуваат со своја глава и сите имаат идеи исто како што имаш и ти.Исто како што си и ти убеден дека си во право исто така се и тие.Треба многу повеќе концентрација, повеќе труд, разбирање, упорност ама на крај секогаш си добитник, никогаш не губиш.Би избрал секогаш да работам во група каде што има поголема конкуренција зашто сум човек кој сака да работи многу, уживам во вакви работи и незаинтересираноста ме иритира и тогаш се губам и кажувам работи кои не треба...Квалитетната група има луѓе како мене, добар муабет ке падне, ке падне некое кафе после, нови познатсвта можеби и така.Можеби на прв поглед изгледа далеку полесно да се истакнеш во послаба екипа зашто ти ке бидеш тој што ги држи конците и иде по твое ама сепак и твоја е одговорноста.А сум поминал ноќи неспани за да покривам туѓи грешки и сум покривал идиоти за да оставам групата остави подобар впечаток и ми се смееле во фаца и ми викале брат што се замараш толку не е за живот или смрт и верувај ми не е убаво чуството на крај кога сите добиваат исти заслуги воопшто.Избирам квалитетен тим, зашто сигурен сум дека сум дораснат да работам со такви луѓе и зашто верувам дека можам да се снајдам во таква ситуација и да се борам за моето мислење и да дојдам до нешто што ке ме истакне во групата и нешто со кое ке се покажам.
 
Во добар тим за да можам да се преправам дека работам и да добијам добра оцена.
 
Во добар тим за да можам да се преправам дека работам и да добијам добра оцена.
И тука е тенката граница каде добриот тим се претвора во лош тим.

Во добар тим - сите се трудат и затоа некогаш се наоѓа некој шо ќе си помини така без труд. А во лошиот тим - на повеќето не му е гајле и не се замарат да ја завршат работата и има еден кој ќе се мачи да сработи се додека другите си уживаат.

Е сега кога ваквите "легачи" (мислам, без навреда нели) од еден кога ќе видат дека можат да си поминат без мака ќе се зголемат, се преминува таа граница.
 
Јас како соло многу подобро функционирам, кога цела одговорност и товар е врз мене и сам можам да импровизирам со материјалот, отколку во тим .. Отсекогаш сум пробувал да одбегнувам окупи.

Инаку, кога би морал да бирам, би влегол во подобриот тим.
 
Добар тим ?
Зарем постои ?

не не,нема такво нешто каде сите до некој степен подеднакво работат,мора некој да ја дупи работата,мора!
 
Не знам зашо, ама отсекоаш сум сакал да работам со објективно послабите/полошите. Без разлика дали само ти се малтретирал за исполнување на задачата или се наоѓал некој да ти помогне, личната сатифакција е голема кога знаеш дека целиот твој труд валоризиран и си успеал да ги победиш условно речено подобрите.
 
Vo dobar tim ucis od podobrite, ne gi pravis nivnite greski i stanuvas zver, vo losh tim ti gi pravis glavnite raboti koj moze da se netocni odak ne si dobar pak si losh :) Def vo podobriot P.S. a moes i da zabusavas :D
 
Добро сте гледале некогаш сарвајвар, апрентис, биг брадр, во оган.... Кога си во победннички тим награден си дури и само ако седиш со скрстени раце и навиваш. Кога си лидер, најдобар во губитнички тим, ја преземаш најголемата одговорност. Каков слаб тим. Слаб тим слаби резултати, а суштината на тимот е тимската работа. Тимската работа дава брејмсорминг од идеи, зголемена продуктивност и синергетски ефект(2+2=5).
 
Добар тим. Ужасно сум одговорна и многу се нервирам кога другите се неодговорни и не се замараат. Сакам одличен тим, макар била и просечна во него, затоа што знам дека секој ќе си ја извршува својата обврска. Во суштина и не сакам тимови, полесно ми е кога сама работам, затоа што знам дека се зависи од мене, ама кога морам да бирам тим, се разбира дека би избрала добар тим кој ќе направи солидна и одлична задача.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom