Со балон до Вселената ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hombre
  • Време на започнување Време на започнување
Добро...добро...А наместо балон со хелиум балон со водород и истиот да се користи од критична височина како погонско гориво.
Би можело ли?...

Треба водородот да се наоѓа во ракетата....а и опасно е да го наполниш балонот само со водород....

--- надополнето ---

А ако се расцвета камерата од земја и не се зачува ништо снимано?
Е па ќе треба и падобран за камерите..... или меморијата на камерата некако да се заштити...
 
Може scaled composites да лансира 25 тони товар и 7 луѓе во стандардна орбита за....90 000 долари? (нели 5000 пати помалку) :)

Целта на НАСА не е лансирање луѓе во суборбитални летови, кои не достигнуваат поголеми брзини од 15 000 км/ч.
НАСА лансира 7 луѓе плус огромен товар на висина од 400 км, со брзина до 28 000 км/ч или 8 км/сек. Нешто корисно, за науката, човештвото, а не само правење сликчиња.

Лансира и сонди со многу поголема брзина од 28 000 км/ч...
А од парите потрошени за развој од страна на НАСА и другите вселенски агенции корист имаме сите...

rofl.gif

хаххахааа абе 5000 го треснав онака...може да е 1000 а може и 3456...колку да се долови ситуација...ццц...
колку време им требало на НАСА за наброените успеси?

Не се смета колку терет туку колку по единица терет помножено со потрошени пари таа единица терет да се прати...горе...
Колку чини кг пратен од НАСА а колку од Scaled?
Сметајќи ги и трошоците за развој секако...

Scaled composites лансира човек во вселената во проект кој чинел вкупно 25 милиони, а НАСА испрати човек во вселената во проект кој чинел 2,9 милијарди долари.Суборбитален лет.

Неколку месеци по децениските напори.неброени милијарди потрошени од кинезите да пратат човек во вселената,по неколку тешки неуспеси и катастрофи на кинеските ракети со иљадници научници и десетици иљади техничари...Scaled го стори истото,со еден занемарлив процент од сето тоа...а некоја ракета кинеска “скршнала“ од курсот и наместо во вселената - уништила некое градче...не се знае ни колку жртви имало...
Со толку време и пари Scaled до сега ќе пратеа човек надвор од сончевиот систем...
 
Па така се откриени космичките зраци и ден денес се користат балони за набљудување
 
Хех...
Едно лансирање на спејс шатлот до МВС чини 450 милиони долари, и дотаму, на 400 км висина може да достави 25 тони товар и 7 астронаути и да постигне брзина од 8 км/сек.
Дали Скалед компоситс можат да го сторат тоа.... еве за 200 милиона долари?

Знам дека НАСА трошат повеќе пари, државна институција се, но тешко дека приватна компанија колку и да е богата би го остварила тоа.
Туку за конкуренцијата.... Русите... тие работат многу поефтино, еден сојуз со 3 астронаути чини околу дваесетина милиони долари... Прогрес со носивост од 2-3 тони чини исто толку...

А Скалед компоситс има лансирано човек во стандардна орбита?
Еве и Вирџин Галактик ќе лансира човек со суборбитален лет за 200 000 долари по човек... ама тоа е даааалеку далеку од достигнување орбита и совладување на земјината тежа со брзината...
 
Ќе дојде и тоа,малку по малку...
Еден лет на спејс шатлот чини 1,31 милијарди долари.
За операциите на шатловите се потрошени до 2010-та 173 милијарди за 132 летови од 1972 до сега (почетокот на програмата,не првиот лет),без да се адаптира таа сума на инфлацијата бидејќи долар од 1972 нема иста вредност со долар од 2010 на пример.Тогаш сумата би испаднала уште поголема (реалната).
Не сметајќи и други трошоци во програми поврзани со шатл програмата,а кои биле дел и од други програми.
Како и да е тоа е најуспешниот систем за reusable вселенски летови до сега...но и покрај 130 успешни лета и 2 катастрофи,се покажа дека е прескап дури и за економијата на САД...потребен е друг пристап...веројатно клучна грешка направија со откажувањето на програмата X-15 кој во 1960-те многу пати бил во суборбитален лет...

СССР имале своја копија на шатл “Буран“ но поради распадот не успеале да направат ниеден лет со човечки екипаж.Единствениот примерок настрадал во 2002 кога над него се урнал изгниениот покрив од хангарот каде што го чувале...имале во градба уште неколку но ниеден не го завршиле...еден служел како кокошарник некаде во Казакстан...
rofl.gif

Сојуз...20 милиони !?!?

Во моментот е далеку но “аматерските“ вселенски програми се нови и оптеретени од бирократски процедури.
Со 200 милиони би стигнале и на месечината,веќе има проекти и тоа за многу помалку пари,почетната цел е да се прати некакво возило...
 
Да, еден лет на спејс шатлот чини 1.3 милијарди, ама ако во тоа е пресметано се.... од развој на леталото се до платите на вработените..и тоа се пред децении...
Или јас ако возам кола 2 години и ја купам нова, при пресметките ако ја додадам и цената за колата за секој километар ќе трошам тројно повеќе отколку што реално чини... ама при пресметките.

Од друга страна пак, трошоците на НАСА се должат на фактот што тие заедно со Русите беа пионери во конструирањето на вселенски летала и развој на голем број технологии кои се од корист за вселенските летови, но и за обичните луѓе.... и нормално, сето тоа чини многу...
А денес приватните компании ги користат тие знаења и технологии (ги подобруваат) и затоа нивните трошоци се далеку помали...
Ама сепак и нив би им требал солиден буџет ако сакаат САМИТЕ да лансираат човек во стандардна орбита...

Додека пак, Буран заедно со Енергија е мега чудото и голтач на гориво и пари.... Енергија е најмоќната ракета некогаш направена и на неа заедно со шатлот Буран би можеле да бидат закачени осум бустери што сето тоа го прави екстремно скапо.... затоа и тој проект пропадна...
Ама можностите беа големи... може да однесе 155 тони во орбита на Земјата во споредба со 25те тони на Американскиот шатл....
Или пак 30 тони до Марс...

Сојуз чини тука некаде.... од 20 до 30 милиони долари за лансирање.

Инаку не се сомневам дека приватните компании можат повеќе....многу повеќе. Дури и самата НАСА планира на плаќа приватни компани да им ги лансираат астронаутите.
 
Има многу фактори кои влијаат овде,имено вселената веќе е милитаризирана и за тоа има факти али јбг јавна тајна.

Туку до крајот на студената војна се правеше оружје тенкови....така русите во бајконур имаа катастрофа каде загинаа многу луѓе а и згради беа уништени

Nedelin_Disaster_2.jpg

и америте имаа проблеми,имено ракетите им експлодирале во воздух и ја најдоа причината ,имено само 10% од несреќите се дефект и сл,додека причината за експлодирањето била хидразинот па така америте викнале голем нос(човек кој има сенс за мирис) и тој буквално ја мирисал цела ракета пред да полета:)

Инаку и америчкио носач на шатли не е лош,туку кога сме кај шатл програмата како сакате да не биде скап...па како прво Истражувања,па развој па тестирања,изградба,одржување моментално летаат Х-35 и уште еден шатл мислам,ама поентата е дека ракета и шатл не е исто башка закон е со шатл слетуваш на писта и покрај сила на триење,временски неприлики,значи развојот на шатл програмата беше долг а и да бидеме реални немаше потреба од ракети па затоа НАСА го одбра тој концепт нели согласно приоритетите за до орбитата и назад доволно е Шатл па ќе остави сателит ваму ќе поправа таму и правец на земја(чуму ракета),да не го заборавиме фактот дека САД финансира над 40% од ИСС а тоа е мноогуу во милијарди инаку општопознато е дека НАСА има искуство кое го пренесе на шатлите еве го

Baikonur_CIA_U-2.gif

слика од У2...па руските авиони не можеа да летаат високо доволно да го соборат па затоа ракета го направи тоа,но поентата ми е да укажам како влијаат Х фактори врз вселенски програми од политика до обичен балон па и шпионските сателити а еве конкретно авионов се издолжувал еден метар
1276082808_blackbird.jpg

Па тоа искуство,материјали е прелеано врз шатловите.

Значи еве се развиваат и Нови па и ракети почнаа да развиваат а тоа чини милијарди-ако некој мисли дека со 30 милиони се оди до вселената не знам што чека а сојуз не е едноставни 20 милиони.

Понатаму многу од средствата на НАСА после студената војна отидоа на програмата Стар Варс која во Вселената ќе може да уништува Сателити и МИРВ(1 стар варс ласер може над 10 пати да делува со ласер) значи боева глава ќе уништи-ама балистичка ракета која пушта 10 боеви глави истовремено??

Ете тоа е милитаризацијата на вселената имаме оружје кое е МОЌНО тоа е стар варс истиот може да ги уништи и руските Топаз како и воените сателити и мрежи од сателити за наведување-но генерално стар варс буквално исцица премногу пари...мислам Џорџ Буш после клинтон одобри средства повеќе за НАСА

Патем колку треба да им бидеме благодарни и на НАСА а и на русите иако 80% од слики,спектограми истражувања,анализи се од НАСА...епа скапо е.

quote_icon.png
Напишано од Human
Ама можностите беа големи... може да однесе 155 тони во орбита на Земјата во споредба со 25те тони на Американскиот шатл....
Или пак 30 тони до Марс...

Па тоа и велам-Енергија нема да биде никогаш на Марс:)
 
Ама можностите беа големи... може да однесе 155 тони во орбита на Земјата во споредба со 25те тони на Американскиот шатл....
Или пак 30 тони до Марс...
Па тоа и велам-Енергија нема да биде никогаш на Марс:)
 
Значи еве се развиваат и Нови па и ракети почнаа да развиваат а тоа чини милијарди-ако некој мисли дека со 30 милиони се оди до вселената не знам што чека а сојуз не е едноставни 20 милиони.

Зошто мислиш дека чекаат?
Спејс шип уан беше во вселената.
Потоа со него беше и човек во вселената.
Цената на целосниот проект со самото вселенско летало,авионот-носач и сите други поврзани системи бил 25 милиони долари.
 
И колку пати пошол и се вратил,имај предвид шатл и спејс шип уан се сосема различни концепти ма немаме основа за споредба-има на спејс шип уан нов сателит и екипа за ИСС??
 
Зошто мислиш дека чекаат?
Спејс шип уан беше во вселената.
Потоа со него беше и човек во вселената.
Цената на целосниот проект со самото вселенско летало,авионот-носач и сите други поврзани системи бил 25 милиони долари.

Спејсшип 1 нема можности какви што ги има Сојуз или пак спејс шатлот.
Спејсшип 1 може да достигне висина од 110 километри и ништо повеќе. Не може да ја совлада земјината гравитација. Сосем нормално е да е толку ефтин.
 
Најнормално, ама ако се земе во обзир каков е трендот кај Берт Ратан, не е за чудо да испили и нешто такво...за буџет кој е на ниво на оној кој НАСА го троши за кафе...по канцеларии..:)
сепак сето тоа е заебанција...во рамките на блискиот космос...на планетава треба да поминат милиони години, па некои интелигентни инсекти, отпорни на радијација да го решат проблемот на интерпланетарни летови....хуманоидите немаат шанса...
 
Space ship one прати човек во суборбитален лет за 25 милиони долари.
NASA прати човек во суборбитален лет за 3 милијарди долари. (Меркјури).

Мислам дека биле 4 лета во вселената со СС1...

За почеток имаат добри резултати за кратко време...
 
не бе,размисли малце 8 пати поотпорни на радијација значи 8 пати повеќе мака и агонија:)

Чекај море иноваторот само..абе со федери до сатурн ќе одиме:vozbud:
 
Space ship one прати човек во суборбитален лет за 25 милиони долари.
NASA прати човек во суборбитален лет за 3 милијарди долари. (Меркјури).

Мислам дека биле 4 лета во вселената со СС1...

За почеток имаат добри резултати за кратко време...

Со веќе разработена технологија и без притисок... :)
Сепак ќе видиме како ќе продолжат.
НАСА веќе работи (работат и други) на scramjet моторите, т.е. ги усовршуваат, што трошоците за лет ќе ги намали драстично. Потоа таа технологија ќе ја превземат некои како Брансон и ќе се фалат дека за многу помалку пари пратиле човек во вселената...

--- надополнето ---

Најнормално, ама ако се земе во обзир каков е трендот кај Берт Ратан, не е за чудо да испили и нешто такво...за буџет кој е на ниво на оној кој НАСА го троши за кафе...по канцеларии..:)
сепак сето тоа е заебанција...во рамките на блискиот космос...на планетава треба да поминат милиони години, па некои интелигентни инсекти, отпорни на радијација да го решат проблемот на интерпланетарни летови....хуманоидите немаат шанса...

Ах, милион не... Ама едно е сигурно, со денешнава технологија не одиме никаде, колку и да се усоврши.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom