Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Голема Снукер Награда (Гран При) на Велс 2016
од 8 март 2016 до 13 март 2016
во културно-уметничкиот и спортски центар Камри во Ладундо

9 март 2016
Втор ден - 16-на финале:

Дејвид Гилберт 1:4 Стјуарт Бингам;
Лианг Венбо 4:1 Граем Дот;
Џад Трамп 4:1 Марк Вилијамс;
Марко Фу 3:4 Тепчаија Ун-Ноох;
Марк Селби 2:4 Том Форд;
Лука Бресел 1:4 Али Картер;
Кајрен Вилсон 4:2 Џејми Џоунс;
Шон Марфи 4:0 Мајкл Вајт;

Денес, четврток, 10 март 2016, во осмина финалето на натпреварувањето за Големата Снукер Награда на Велс 2016, силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Рајан Деј;
Џад Трамп - Стјуарт Бингам;
Том Форд - Али Картер;
Џо Пери - Кајрен Вилсон;
Мартин Гоулд - Шон Марфи;
Мајкл Холт - Лианг Венбо;
Марк Ален - Тепчаија Ун-Ноох;
Динг Џунхуи - Питер Ебдон.
 
Голема Снукер Награда (Гран При) на Велс 2016
од 8 март 2016 до 13 март 2016
во културно-уметничкиот и спортски центар Камри во Ладундо

10 март 2016
Трет ден - Осмина финале:

Џон Хигинс 3:4 Рајан Деј;
Џад Трамп 2:4 Стјуарт Бингам;
Том Форд 0:4 Али Картер;
Џо Пери 4:1 Кајрен Вилсон;
Мартин Гоулд 1:4 Шон Марфи;
Мајкл Холт 2:4 Лианг Венбо;
Марк Ален 2:4 Тепчаија Ун-Ноох;
Динг Џунхуи 4:0 Питер Ебдон;

Денес, петок, 11 март 2016, во четвртина финалето на натпреварувањето за Големата Снукер Награда на Велс 2016, силите ќе си ги измерат:

Рајан Деј - Стјуарт Бингам;
Али Картер - Џо Пери;
Шон Марфи - Лианг Венбо;
Тепчаија Ун-Ноох - Динг Џунхуи.
 
Голема Снукер Награда (Гран При) на Велс 2016
од 8 март 2016 до 13 март 2016
во културно-уметничкиот и спортски центар Камри во Ладундо

11 март 2016
Четврт ден - Четвртина финале:

Рајан Деј 2:4 Стјуарт Бингам;
Али Картер 1:4 Џо Пери;
Шон Марфи 4:0 Лианг Венбо;
Тепчаија Ун-Ноох 3:4 Динг Џунхуи;

Утре, сабота, 12 март 2016, во полуфиналето на натпреварувањето за Големата Снукер Награда на Велс 2016, силите ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Џо Пери;
Шон Марфи - Динг Џунхуи.
 
Голема Снукер Награда (Гран При) на Велс 2016
од 8 март 2016 до 13 март 2016
во културно-уметничкиот и спортски центар Камри во Ладундо

12 март 2016
Петти ден - Полуфинале:

Стјуарт Бингам 6:5 Џо Пери;
Шон Марфи 6:3 Динг Џунхуи;

Утре, недела, 13 март 2016, во финалето на натпреварувањето за Големата Снукер Награда на Велс 2016, силите ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Шон Марфи.
 
Типувам на Марфи, овој Бингам и физички и како игра воопшто не ми се допаѓа. :D
 
Голема Снукер Награда (Гран При) на Велс 2016
од 8 март 2016 до 13 март 2016
во културно-уметничкиот и спортски центар Камри во Ладундо

13 март 2016
Шести ден - Финале:

Стјуарт Бингам 9:10 Шон Марфи;

Во финале исполнето со возбудливи потези и бројни грешки од страна на финалистите, Шон Марфи успеа да се врати после завршена попладневна сесија со загуба од само 1 (ЕДЕН) фрејм и резултат од 4:5 наспроти Стјуарт Бингам, до победа во финалето на натпреварувањето за Големата Снукер Награда на Велс 2016, со резултат 10:9.

Во попладневната сесија, Марфи ги освои првите 2 фрејма и воспостави водство над Бингам со 2:0, по што Бингам го освои 3-от фрејм и го намали водството на Марфи на 2:1. Потоа Марфи ги освои 4-от и 5-от фрејм, со што го зголеми своето водство над Бингам на 4:1. Но потоа Бингам ги освои останатите 4 фрејма од попладневната сесија, со што го израмни резултатот на 4:4, а сесијата ја заврши со извојување победа во 9-от фрејм и за прв пат во мечот, Бингам успеа да воспостави водство над Марфи со 5:4.

Во вечерната сесија, Бингам го освои 10-от фрејм од мечот, со што го зголеми своето водство над Марфи со 6:4. Потоа Марфи ги освои 11-от и 12-от фрејм од мечот, со што успеа да го израмни резултатот на 6:6, но Бингам го освои 13-от фрејм, со што повторно воспостави водство над Марфи, овој пат со 7:6. Потоа Марфи ги освои наредните 2 фрејма, успевајќи прво повторно да го израмни резултатот со освојувањето на 14-от фрејм, овој пат на 7:7, а со освојувањето на 15-от фрејм, Марфи успеа по втор пат од почетокот на мечот да воспостави водство над Бингам, овој пат со 8:7. Потоа следуваше наизменично освојување на останатите фрејмови од вечерната сесија и од мечот - Бингам го освои 16-от фрејм, со што повторно го израмни резултатот во мечот со 8:8, за потоа Марфи да го освои 17-от фрејм, со што повторно воспостави водство над Бингам, овој пат со 9:8, за потоа Бингам да го освои 18-от фрејм, со што повторно го израмни резултатот, овој пат со 9:9, по што следуваше последниот и одлучувачкиот 19-ти фрејм, кој беше освоен од страна на Марфи со резултат 72:0, со што Марфи извојува победа во финалето на натпреварувањето за Големата Снукер Награда на Велс 2016.

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2015/2016, е Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2016, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 28 март 2016 до 3 април 2016, во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет.
 
Последно уредено:
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2016
од 30 март 2016 до 3 април 2016
во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет

30 март 2016
Прв ден - 16-на финале:

Дерил Хил 3:5 Доминик Дејл;
Џек Лисовски 2:5 Стифен Мегваер;
Рис Кларк 4:5 Алфи Барден;
Мајк Дан 2:5 Рори МекЛеод;
Џад Трамп 5:1 Џими Робертсон;
Марко Фу 5:0 Роберт Милкинс;
Метју Селт 1:5 Мартин О'Донел;
Марк Кинг 5:3 Шон Марфи;
Нопон Саенгкам 5:4 Бен Вуластон;
Јуан Сиџун 2:5 Граем Дот;
Дејвид Гилберт 5:1 Ли Вокер;
Марк Џојс 1:5 Џон Хигинс;
Тиан Пенгфеи 5:2 Мајкл Холт;
Рики Волден 5:3 Рајан Деј;
Кајрен Вилсон 1:5 Род Лоулер;
Ијан Барнс 3:5 Стјуарт Бингам;

Утре, четврток, 31 март 2016, во осмина финалето на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2016, силите ќе си ги измерат:

Доминик Дејл - Стифен Мегваер;
Алфи Барден - Рори МекЛеод;
Џад Трамп - Марко Фу;
Мартин О'Донел - Марк Кинг;
Нопон Саенгкам - Граем Дот;
Дејвид Гилберт - Џон Хигинс;
Тиан Пенгфеи - Рики Волден;
Род Лоулер - Стјуарт Бингам.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2016
од 30 март 2016 до 3 април 2016
во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет

31 март 2016
Втор ден - Осмина финале:

Доминик Дејл 1:5 Стифен Мегваер;
Алфи Барден 5:1 Рори МекЛеод;
Џад Трамп 5:1 Марко Фу;
Мартин О'Донел 0:5 Марк Кинг;
Нопон Саенгкам 5:1 Граем Дот;
Дејвид Гилберт 3:5 Џон Хигинс;
Тиан Пенгфеи 4:5 Рики Волден;
Род Лоулер 2:5 Стјуарт Бингам;

Утре, петок, 1 април 2016, во четвртина финалето на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2016, силите ќе си ги измерат:

Стифен Мегваер - Алфи Барден;
Џад Трамп - Марк Кинг;
Нопон Саенгкам - Џон Хигинс;
Рики Волден - Стјуарт Бингам.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2016
од 30 март 2016 до 3 април 2016
во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет

1 април 2016
Трет ден - Четвртина финале:

Стифен Мегваер 5:1 Алфи Барден;
Џад Трамп 5:3 Марк Кинг;
Нопон Саенгкам 3:5 Џон Хигинс;
Рики Волден 5:1 Стјуарт Бингам;

Утре, сабота, 2 април 2016, во полуфиналето на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2016, силите ќе си измерат:

Стифен Мегваер - Џад Трамп;
Џон Хигинс - Рики Волден.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2016
од 30 март 2016 до 3 април 2016
во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет

2 април 2016
Четврт ден - Полуфинале:

Стифен Мегваер 0:6 Џад Трамп;
Џон Хигинс 5:6 Рики Волден;

Утре, недела, 3 април 2016, во финалето на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2016, силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Рики Волден.
 
Кинеско Отворено Првенство во Снукер 2016
од 30 март 2016 до 3 април 2016
во студентскиот гимназиум на Пекингшкиот Универзитет

3 април 2016
Петти ден - Финале:

Џад Трамп 10:4 Рики Волден;

По втор пат откако во своето прво финале на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2011 извојува победа над Марк Селби со 10:8, Џад Трамп повторно извојува победа во своето второ финале на Кинеското Отворено Првенство во Снукер 2016, каде што извојува победа над Рики Волден со 10:4, со што го зголеми бројот на освоени рангирачки титули во снукер на 5.

Нареден и последен професионален турнир во снукер од сезоната 2015/2016, е Светскиот Шампионат во Снукер 2016, рангирачки турнир, кој ќе се одржи од 16 април 2016 до 2 мај 2016, во англискиот театар Крусибл во Шефилд.
 
Утре, сабота, 16 април 2016, започнува Светскиот Шампионат во Снукер 2016.

Бранител на титулата Светски Шампион во Снукер е 39 годишниот Англичанец Стјуарт Бингам, кој извојува победа во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2015 против Шон Марфи со резултат 18:15.

Во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2016 ќе се игра до максимални 19 фрејмови, односно во осмина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 10 фрејмови.

Утре, сабота, 16 април 2016, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2016, силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Стјуарт Бингам - Али Картер;
11:00; 20:00. Марко Фу - Питер Ебдон;
15:30. Стифен Мегваер - Алан МекМанус;
15:30. Шон Марфи - Антони МекГил;

Временските термини се според македонска временска зона.
 
Трамп и Рони се мои фаворити годинава најстабилно ми делуваат, другите од највисоко рангираните сите имаат некакви турбуленции годинава. Можеби Шон Марфи треба да се земе за сериозен кандидат, Марк Селби откажа предходните два турнири поради лични причини, што не е добар знак, Динг игра топло ладно, Хигинс е добар колку за до полуфинале максимално, остаре човекот, Бингам дебелиот со неговиот антиснукер шо го игра сее можно ако не налета на Рони во пораната фаза од турнирот.... итн итн.... Да уживаме момци....
 
Џон Хигинс е постар од Рони О'Саливен за неполни 7 месеци, тоа не го прави баш остарен човек, и двајцата се родени во 1975 година.

Типот едноставно не е во одлична форма, но барем се обидува да постигне нешто на професионалните турнири во снукер, за разлика од О'Саливен, кој буквално ги преспа изминатите 2 сезони.

Е па му се може на О'Саливен, доволно е популарен и успешен за да собира публика по пабови и локални снукер клубови, наместо да се докажува на професионалните турнири во снукер.
 
Помладолик е Рони ... Џон се труди да , се додека не налета на некој поголем залак.. и мене ми е симпатичен одсекогаш, но реалноста е таа, ако Рони игра сериозно и концентрирано тешко да загуби повеќе од 10 фрејма севкупно до самото финале. Па и таму може да прегази било кој со максимална посветеност и без зајебанции... Инаку Рони на професионални турнири се има докажано повеќе од доволно пати, мислам жалосно е да бараш од најголемиот на сите времиња да се докажува уште на профи турнири.. може само да му благодариме што иако губи полека мотивација и интерес сепак еве го се појавува на високо рангирачките турнири.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom