Британски Мастерс 2014
од 12 јануари 2014 до 19 јануари 2014
во лондонската Александра Палата
19 јануари 2014
Осми ден - Финале:
Марк Селби 4:10 Рони О'Саливен;
На денешен ден, недела, 19 јануари 2014, Рони О'Саливен по 5-ти пат во својата професионална снукер кариера го освои Британскиот Мастерс, овој пат извојувајќи победа во финалето на Британскиот Мастерс 2014 врз сега веќе поранешниот Британски Мастерс Шампион 2013, Марк Селби, со 10:4.
Нареден професионален натпревар во снукер од сезоната 2013/2014, е Германскиот Мастерс 2014, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 29 јануари 2014 до 2 февруари 2014 во германската арена Темподром во Берлин.