Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Хигинс, со тебе сме! :)
А во случај Трамп пак да е шампион и се откажувам од гледање снукер дефинитивно. :pos:
 
Хигинс, со тебе сме! :)
А во случај Трамп пак да е шампион и се откажувам од гледање снукер дефинитивно. :pos:

Немој така да гледаш на работите.

И да тепа Трамп, сепак Хигинс, а и сите останати ќе си имаат можност повторно да стигнат до финалето и да победат, ова не е крај на снукерот. :D
 
Сакам Хигинс - Трамп финале !!! Какво мечиште ќе биде тоа . Хигинс покажа дека е At his best против Дот . А трамп е дефинитивно дечкото кој растура последниве месеци , дефинитивно најперспективниот млад играч , но игра со ладна глава и без респект кон никого !
 
Британски Мастерс 2012
од 15 јануари 2012 до 22 јануари 2012
во лондонската Александра Палата

21 јануари 2012
Седми ден - Полуфинале:

Џад Трамп 3:6 Нил Робертсон;
Шон Марфи 6:4 Џон Хигинс.

Утре, недела, 22 јануари 2012, во финалето на Британскиот Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Шон Марфи.
 
Британски Мастерс 2012
од 15 јануари 2012 до 22 јануари 2012
во лондонската Александра Палата

22 јануари 2012
Осми ден - Финале:

Нил Робертсон 10:6 Шон Марфи;

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2011/2012 е Германскиот Мастерс 2012, рангирачки турнир кој ќе се одржи од 1 февруари 2012 до 5 февруари 2012 во германската арена Темподром во Берлин.
 
Германски Мастерс 2012
од 1 февруари 2012 до 5 февруари 2012
во германската арена Темподром во Берлин

1 февруари 2012
Прв ден - 16-на финале:

Марк Вилијамс 5:0 Кен Дохерти;
Стјуарт Бингам 5:3 Питер Ебдон;
Стифен Ли 5:2 Адријан Ганел;
Мартин Гоулд 1:5 Рики Волден;
Шон Марфи 5:4 Бери Хокинс;
Стифен Мегваер 5:1 Рајан Деј;
Џон Хигинс 5:1 Марк Дејвис;

2 февруари 2012
Втор ден - 16-на финале:

Динг Џунхуи 3:5 Ју Делу;
Али Картер 4:5 Џо Пери;
Рони О'Саливен 5:4 Ендру Хигинсон;
Метју Стивенс 5:1 Крег Стедман;
Нил Робертсон 5:2 Маркус Кемпбел;
Марк Селби 5:0 Лиу Сонг;
Граем Дот 5:0 Џејмс Ватана;

2 февруари 2012
Втор ден - Осмина финале:

Стифен Ли 5:2 Ју Делу;
Рики Волден 2:5 Шон Марфи;
Џад Трамп 5:2 Марк Ален;
Стифен Мегваер 5:0 Џон Хигинс;

Утре, петок, 3 февруари 2012, во останатите четири мечови од осмина финалето на Германскиот Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Марк Вилијамс - Стјуарт Бингам;
Џо Пери - Рони О'Саливен;
Метју Стивенс - Нил Робертсон;
Марк Селби - Граем Дот;

Исто така, утре, петок, 3 февруари 2012, ќе се одиграат и четирите мечови од четвртина финалето на Германскиот Мастерс 2012, каде што силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Стифен Мегваер;
Стифен Ли ќе игра против победникот од мечот Марк Вилијамс - Стјуарт Бингам;
Шон Марфи ќе игра против победникот од мечот Марк Селби - Граем Дот;
Победникот од мечот Џо Пери - Рони О'Саливен ќе игра против победникот од мечот Метју Стивенс - Нил Робертсон.
 
Германски Мастерс 2012
од 1 февруари 2012 до 5 февруари 2012
во германската арена Темподром во Берлин

3 февруари 2012
Трет ден - Осмина финале:

Марк Вилијамс 5:2 Стјуарт Бингам;
Џо Пери 1:5 Рони О'Саливен;
Метју Стивенс 5:1 Нил Робертсон;
Марк Селби 5:3 Граем Дот;

3 февруари 2012
Трет ден - Четвртина финале:

Марк Вилијамс 3:5 Стифен Ли;
Рони О'Саливен 5:3 Метју Стивенс;
Марк Селби 3:5 Шон Марфи;
Џад Трамп 4:5 Стифен Мегваер;

Денес, сабота, 4 февруари 2012, во полуфиналето на Германскиот Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Стифен Ли - Рони О'Саливен;
Шон Марфи - Стифен Мегваер.
 
Германски Мастерс 2012
од 1 февруари 2012 до 5 февруари 2012
во германската арена Темподром во Берлин

4 февруари 2012
Четврт ден - Полуфинале:

Стифен Ли 4:6 Рони О'Саливен;
Шон Марфи 0:6 Стифен Мегваер;

Денес, недела, 5 февруари 2012, во финалето на Германскиот Мастерс 2012, силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Стифен Мегваер.
 
U kolku saat igra Ronnie dali znaes ?

Според официјалниот веб сајт на ЕуроСпорт, на ЕуроСпорт 2 ќе емитуваат програма во живо од финалето на Германскиот Мастерс 2012 во Берлин во 15:30 часот, а и подоцна на ЕуроСпорт ќе емитуваат програма во живо во 22:00 часот.

Очигледно финалето ќе се состои од 2 сесии, бидејќи временската разлика помеѓу двете емитувања на програма во живо е голема.
 
Германски Мастерс 2012
од 1 февруари 2012 до 5 февруари 2012
во германската арена Темподром во Берлин

5 февруари 2012
Петти ден - Финале:

Рони О'Саливен 9:7 Стифен Мегваер;

За прв пат после 3 години од последното освојување на рангирачки турнир - кинескиот Шангај Мастерс 2009 и за прв пат после 2 години од последното финале во рангирачки турнир во кое учествувал - Светското Отворено Првенство 2010, Рони О'Саливен ја освои својата прва рангирачка титула од снукер сезоната 2011/2012 - Германскиот Мастерс 2012, во чиешто финале извојува победа над Стифен Мегваер со 9:7.

Првата сесија од финалето Мегваер ја заврши со водство од 5:3 над О'Саливен.

Во втората сесија од финалето, Мегваер го освои првиот фрејм, зголемувајќи го своето водство над О'Саливен, овој пат на 6:3, по што О'Саливен ги освои наредните 5 фрејмови, воспоставувајќи водство над Мегваер со 8:6.

Потоа Мегваер го освои 15-от фрејм, намалувајќи го водството на О'Саливен на 8:7, но О'Саливен потоа го освои 16-от фрејм, извојувајќи победа над Мегваер во финалето на Германскиот Мастерс 2012 со 9:7.

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2011/2012 е Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2012, рангирачки турнир кој ќе се одржи од 13 февруари 2012 до 19 февруари 2012 во велшкиот Њупорт Центар во истоимениот град.
 
Феноменално финале. Супер квалитетен снукер.
Страшно добри партии со големи брејкови, барем во првиот дел од финалево. Финишот беше вистинска игра на нерви, во која не успеа до крај да издржи Мегваер. Мојот впечаток е дека Мегваер беше подобар играч низ текот на целиот меч, но направи една или две кардинални грешки кои се покажаа пресудни. О`Саливен пак играше многу смирено и контролирано и успеваше да ја искористи секоја шанса која му ја даде ривалот.
Мегваер по мечот изјави дека не очекувал финале, ама дека сега му доаѓа да се фрли од мост... Додека Рони рече дека беше надигран и дека само гледал како да остане во мечот.
Честитки за Рони, само според мене штета е што не отиде финалево во „дисајдер“.
 
Рони игра само он кога сака такво типче е, од кога почнав да пратам Снукер, секад ми бил фаворит и кога губел и кога победувал, ретко таков талент на играва, секоја му чест, и му пожелувам уште милиони добри првенства како ова во Дојчланд :)
 
Велшко Отворено Првенство во Снукер 2012
од 13 февруари 2012 до 19 февруари 2012
во велшкиот Њупорт Центар

13 февруари 2012
Прв ден - 16-на финале:

Џон Хигинс 4:1 Лианг Венбо;
Динг Џунхуи 4:0 Марк Дејвис;
Граем Дот 2:4 Том Форд;
Шон Марфи 4:2 Марк Џојс;
Али Картер 3:4 Стив Дејвис;
Џад Трамп 4:0 Фергал О'Брајан;

Веќе се познати првите 2 мечови од осмина финалето на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2012, а тоа се мечовите:

Џон Хигинс - Динг Џунхуи;
Шон Марфи - Стив Дејвис;

Денес, вторник, 14 февруари 2012, во вторите 6 мечови од 16-на финалето на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2012, силите ќе си ги измерат:

Стифен Ли - Мајкл Холт;
Нил Робертсон - Стифен Хендри;
Марк Вилијамс - Енди Хикс;
Стјуарт Бингам - Марк Кинг;
Мартин Гоулд - Питер Ебдон;
Марк Селби - Сем Беирд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom