Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Wow, добра тема поздрав до основачот.

Во колку часот продолжуваат О'Саливен и Џон Хигинс?
 
Во пост #150 се прикажани актуелните резултати од четвртина финалето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011.

Актуелниот резултат во меѓусебниот меч во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
помеѓу Рони О'Саливен и Џон Хигинс е 4:4.

Не сум 100% сигурен во колку часот треба да продолжи нивниот меч утре, среда,
27 април 2011, но мислам дека треба да биде попладне, од 15:30 часот па понатаму.
 
Kоментаторот на Eurosport кажа дека Рони и Хигинс утре (односно денес веќе) започнуваат од 11:00. Се надевам дека не згрешил.

Инаку се согласувам со Dexter26 дека најдобро би било и втората сесија помеѓу овие двајца да биде израмнета, и тек во третата да се решава кој ќе иде понатаму. Убаво е да се гледа како се игра врвен снукер.
 
^

И официјално потврдено од веб сајтот на ЕуроСпорт !!!

Распоредот на продолженијата на мечовите од четвртина финалето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 е следниот:

11:00 Динг Џунхуи - Марк Селби;
15:30 Рони О'Саливен - Џон Хигинс;
20:00 Џад Трамп - Граем Дот (на ЕуроСпорт 2, во 21:00 продолжува на ЕуроСпорт);
20:00 Марк Вилијамс - Марк Ален (на ЕуроСпорт 2, во 21:00 продолжува на ЕуроСпорт).

Иако според официјалниот веб сајт на ЕуроСпорт, мечот во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
помеѓу Рони О'Саливен и Џон Хигинс треба да продолжи во 15:30, сепак останува фактот дека нивниот меѓусебен меч и
меѓусебниот меч помеѓу Динг Џунхуи и Марк Селби започнаа последни, а бидејќи има две маси, најверојатно мечот помеѓу
Хигинс и О'Саливен ќе продолжи во 11:00 часот, истовремено кога ќе продолжи и мечот помеѓу Динг Џунхуи и Марк Селби.

Не им забележувајте на ЕуроСпорт доколку има грешки во распоредот кој го обновуваат на нивниот официјален веб сајт,
бидејќи не им е ни прв пат, а најсигурно нема да им биде ни последен пат да објавуваат неточен распоред.
 
Денес, среда, 27 април 2011, во 11:00 часот продолжија меѓусебните мечови
во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 помеѓу:

Динг Џунхуи - Марк Селби;
и
Марк Вилијамс - Марк Ален.

Од тука следува заклучокот дека останатите два меѓусебни мечови
во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 помеѓу:

Џад Трамп - Граем Дот;
и
Рони О'Саливен - Џон Хигинс;

ќе продолжат денес, среда, 27 април 2011, попладне, односно од 15:30 часот па понатаму.
 
Светски Шампионат во Снукер 2011
од 16 април 2011 до 2 мај 2011
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

27 април 2011
Дванаесетти ден - четвртина финале:

Џад Трамп 13:5 Граем Дот;
Динг Џунхуи 13:10 Марк Селби;
Марк Вилијамс 13:5 Марк Ален;
Рони О'Саливен 10:13 Џон Хигинс.

Се случи токму тоа што посакував да се случи.
Меѓусебниот меч помеѓу Рони О'Саливен и Џон Хигинс во четвртина финалето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, втората сесија ја заврши со израмнет резултат 8:8,
поради што и третата сесија од мечот беше вистинска уживанција.
Всушност целиот меч беше вистинска уживанција, се изнауживав во секоја секунда гледајќи го.
На крајот победата во четвртина финалето и пласманот во полуфиналето ги однесе Хигинс со 13:10.

Денешниот ден беше чиста формалност за Марк Вилијамс и за Џад Трамп, кои ги освоија првите 2 фрејмови
од нивните мечови Марк Вилијамс - Марк Ален и Џад Трамп - Граем Дот, и со тоа ги освоија четвртина финалето
и пласманот во полуфиналето со 13:11.

Динг Џунхуи доминираше над Марк Селби во текот на целиот меч, вчера, вторник, 26 април 2011, со 5:3,
денес, среда, 27 април 2011, со 10:6, по што Селби успеа да израмни на 10:10, но потоа Динг ги освои наредните
3 фрејмови по ред, со тоа извојувајќи победа во четвртина финалето и пласман во полуфиналето.

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Динг Џунхуи;
и
Марк Вилијамс - Џон Хигинс.

Мечовите во полуфиналето ќе започнат на 28 април 2011, а ќе продолжат
на 29 април 2011 и на 30 април 2011, кога се очекува и да завршат.
 
Светски Шампионат во Снукер 2011
од 16 април 2011 до 2 мај 2011
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

28 април 2011
Тринаесетти ден - полуфинале:

Џад Трамп 5:3 Динг Џунхуи;
Марк Вилијамс 5:3 Џон Хигинс.

Исти резултати во полуфиналето, Динг Џунхуи и Џон Хигинс ќе си имаат работа утре за да се изборат
за израмнет резултат во нивните мечови во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
Џад Трамп - Динг Џунхуи и Марк Вилијамс - Џон Хигинс.

И Џад Трамп и Марк Вилијамс се во одлична форма, но ни Динг Џунхуи ни Џон Хигинс не се за потценување.
Ако една работа Хигинс има покажано и докажано низ годините, тоа е дека најдобро игра кога е под притисок,
односно кога губи, особено кога губи со голема разлика. Динг исто така на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
досега демонстрираше жилавост, особено во неговиот меѓусебен меч со Стјуарт Бингам во осмина финалето,
каде што Бингам доминираше над Динг во текот на целиот меч, но на крајот Динг го совлада Бингам со 13:12.

Прерано е за прогнозирање кои од професионалните играчи на снукер ќе извојуваат победи
во полуфиналето и ќе успеат да се пласираат во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011.

Според распоредот прикажан на официјалниот веб сајт на ЕуроСпорт,
полуфиналето треба да продолжи утре, петок, 29 април 2011, по следниот редослед:

11:00 Џад Трамп - Динг Џунхуи;
15:30 Марк Вилијамс - Џон Хигинс.



Добри вести за обожавателите на Стифен Хендри:
Хендри одлучи дека нема да се пензионира и нема да го батали снукерот.

Ова е извадок од неговата изјава:

Сеуште сакам да ја играм играта.
Сакам да ја имам шансата да се вратам овде.
Ќе играм на сите турнири наредната сезона.
 
Гледам ова,ама неможам да сватам :) Еве сега,играат до 13 победени... и сеа,кога прават одмор? На колку фрејмови добиваат одмор/спиење?

Рони о'Суливан е цар :)
 
Гледам ова,ама неможам да сватам :) Еве сега,играат до 13 победени... и сеа,кога прават одмор? На колку фрејмови добиваат одмор/спиење?

Рони о'Суливан е цар :)

Секој меч е поделен во сесии.

Секоја сесија трае 8 фрејмови, на половина од сесијата, односно после 4 одиграни фрејмови, се оди на 15 минутна пауза.

Откако ќе заврши сесијата, се преминува на наредна сесија подоцна во текот на денот, или наредниот ден, зависи кога како.

Инаку фрејмовите може да си траат до бескрај, како што беше во меѓусебниот меч помеѓу Рори МекЛеод и Џон Хигинс во
осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, каде што победата и пласманот во четвртина финалето ги однесе
Хигинс со 13:7.

Мечот траеше неверојатни 8 саати бидејќи МекЛеод е од постарите снукераши кој е навикнат 30 секунди и повеќе да
размислува за потегот кој ќе го направи.

Се разбира, мечот не траеше 8 саати по ред, се на се, беа одиграни 3 сесии,
првата наместо да траеше 8 фрејмови, траеше 7 фрејмови поради влечкањето на МекЛеод,
втората траеше 8 фрејмови, и третата траеше 5 фрејмови.

Првата и втората сесија беа одиграни на 24 април 2011, а третата сесија беше одиграна на 25 април 2011.





Светски Шампионат во Снукер 2011
од 16 април 2011 до 2 мај 2011
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

29 април 2011
Четиринаесетти ден - полуфинале:

Џад Трамп 12:12 Динг Џунхуи;
Марк Вилијамс 9:7 Џон Хигинс.

Џон Хигинс и Марк Вилијамс освоија еднаков број на фрејмови во втората сесија од нивниот меѓусебен меч
во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, а третата сесија од нивниот меѓусебен меч ќе ја
започнат утре, сабота, 30 април 2011 со резултат Марк Вилијамс 9:7 Џон Хигинс.

Џад Трамп не беше во топ форма во втората сесија од неговиот меѓусебен меч со Динг Џунхуи во полуфиналето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, поради што втората сесија од нивниот меѓусебен меч заврши со резултат
Џад Трамп 7:9 Динг Џунхуи.

Во третата сесија од нивниот меѓусебен меч Динг успеа да го зголеми своето водство, овој пат на 10:7,
по што Трамп успеа да ги освои наредните два фрејмови и да го намали водството на Динг, овој пат на 10:9,
по што Динг го освои 20-от фрејм и со тоа повторно го зголеми своето водство, овој пат на 11:9,
по што после 15 минутната пауза Трамп се врати во многу подобра форма, така што освои 3 фрејмови по ред
и повторно воспостави водство над Динг, овој пат со 12:11.

Динг успеа да го освои 24-от фрејм и да го израмни резултатот во мечот на 12:12.

Утре, сабота, 30 април 2011, треба да продолжат и да завршат мечовите од полуфиналето.

Бидејќи од меѓусебниот меч помеѓу Марк Вилијамс и Џон Хигинс во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
досега се одиграни само две сесии, на истиот ќе му биде дадена предност, поради што третата сесија ќе започне утре,
сабота, 30 април 2011, во 11:00 часот.

Четвртата и последна сесија од меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Динг Џунхуи во полуфиналето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, ќе започне утре, сабота, 30 април 2011, во 15:30 часот.
 
Светски Шампионат во Снукер 2011
од 16 април 2011 до 2 мај 2011
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2011
Петнаесетти ден - полуфинале:

Џад Трамп 17:15 Динг Џунхуи;
Марк Вилијамс 14:17 Џон Хигинс.

Меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Динг Џунхуи во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
како да започна од почеток денеска, сабота, 30 април 2011, од оправдана причина бидејќи резултатот во истиот
беше израмнет.

Откако во првата половина на четвртата сесија од меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Динг Џунхуи во полуфиналето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, Трамп и Динг освоија еднаков број на фрејмови, по што заминаа на 15 минутна
пауза со повторно израмнет резултат, овој пат на 14:14.

Во втората половина на четвртата сесија од мечот, првиот фрејм го освои Динг, воспоставувајќи повторно водство над Трамп,
овој пат со 15:14, по што Трамп се врати во топ форма и ги освои наредните 3 фрејмови по ред, извојувајќи победа над Динг
во полуфиналето и пласман во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 со 17:15.

Но мечот кој ја дигна публиката на нозе во англискиот театар Крусибл во Шефилд, беше меѓусебниот
меч помеѓу Марк Вилијамс и Џон Хигинс во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011.

Во првата половина на третата сесија од меѓусебниот меч помеѓу Марк Вилијамс и Џон Хигинс во полуфиналето
на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, Вилијамс и Хигинс освоија еднаков број на фрејмови, по што заминаа
на 15 минутна пауза со резултат Марк Вилијамс 11:9 Џон Хигинс.

Но во втората половина од третата сесија од мечот, Хигинс настапи во своја оригинална форма, така што ги освои
сите преостанати 4 фрејмови од сесијата, и за прв пат во мечот воспостави водство над Вилијамс со 13:11.

Вечерва, сабота, 30 април 2011, во првата половина на четвртата сесија од меѓусебниот меч помеѓу Марк Вилијамс и
Џон Хигинс во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, Вилијамс и Хигинс освоија еднаков број на фрејмови,
по што заминаа на 15 минутна пауза со резултат Марк Вилијамс 13:15 Џон Хигинс.

Во втората половина на четвртата половина од мечот, Вилијамс го освои првиот фрејм, намалувајќи го водството на Хигинс,
овој пат на 15:14, по што Хигинс ги освои наредните 2 фрејмови по ред, извојувајќи победа над Вилијамс во полуфиналето и
пласман во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 со 17:14.

Мора да се спомене фактот дека Вилијамс беше на добар пат да го намали водството на Хигинс на 15:16, но за жал
ја промаши црната топка која што требаше да му го загарантира водството во фрејмот, по што Хигинс се врати на масата.

Подоцна Хигинс ја промаши последната црвена топка што остана на масата, по што повторно му беше пружена
шанса на Вилијамс да го загарантира своето водство во фрејмот, но Вилијамс ја промаши последната црвена топка,
по што Хигинс успеа да ја внесе истата, а подоцна успеа да ги внесе и сите останати шарени топки.

На крајот од фрејмот, а со тоа и од мечот, Хигинс покажа со десната рака кон небесата,
посветувајќи ги својата победа во полуфиналето и пласманот во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011,
на својот покоен татко, Џон Хигинс Сениор (постариот).

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Џон Хигинс.

Првата сесија од меѓусебниот меч помеѓу Џад Трамп и Џон Хигинс во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011
ќе започне утре, недела, 1 мај 2011, со почеток во 15:00 часот.
 
Баш ми е драго што Трамп стигна до финалето и се надевам дека ќе успее да победи иако против себе има исклучително квалитетен противник. Иако не пратам редовно снукер сепак Трамп релативно често го гледав на ова Светско Првенство од првото коло во кое го елиминираше бранителот на титулата Нил Робертсон па се до денес кога успеа да го победи Динг. Ми се допаѓа офанзивниот стил на игра. Со оглед на тоа што има само 21 година а покажува исклучителна психичка стабилност му предстои блескава иднина. Денес остана смирен и успеа да го сврти мечот, за разлика од Динг кој не го издржа притисокот и промаши два чисти удари што го чинеше пласман во финалето.
 
Незнам зошто, ама Трамп ептен ми е некако одвратен. Навивам за Хигинс веќе едно 6-7 години, па така ќе биде и во ова финале, мада имав повеќе фаворити на ова првенство, меѓу кои и Вилијамс, Саливан, Динг...
 
Незнам зошто, ама Трамп ептен ми е некако одвратен. Навивам за Хигинс веќе едно 6-7 години, па така ќе биде и во ова финале, мада имав повеќе фаворити на ова првенство, меѓу кои и Вилијамс, Саливан, Динг...

Најверојатно не ти се допаѓа косата на Трамп. :)

Јас не сум задоволен од исходот на мечот помеѓу Марк Вилијамс и Џон Хигинс,
сакав да играа до последен одлучувачки 33-ти фрејм, бидејќи не можев да им се
изнауживам, ама што да се прави сега, таква била ждрепката.

Едно е кога некој како Џон Хигинс, Рони О'Саливен, Марк Вилијамс, Шон Марфи,
би играл против некој како Марк Селби, Марк Ален, Динг Џунхуи, Марко Фу,
а друго е кога некои како првите четворица кои ги спомнав би играле меѓусебно спротивставени.

А уште посреќен ќе бев ако ги видев Џон Хигинс и Марк Вилијамс во финалето, какво финале тоа ќе беше,
ама надежта последна умира, можеби во иднина ќе дочекаме такво финале на Светскиот Шампионат во Снукер.

Утеха за Марк Вилијамс е фактот дека сепак сезоната 2011/2012 ќе ја започне како прв на листата на
Светската Снукер Асоцијација на Топ 16 најдобри професионални играчи на снукер во светот, бидејќи дури и ако Џон Хигинс
победи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011, сепак Вилијамс ужива огромна предност во бодови пред
останатите професионални играчи на снукер.

Утеха за Динг Џунхуи е фактот дека за прв пат во својата кариера стигна до полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер,
и би требало да биде повеќе од доволно за да го мотивира да продолжи со досегашното темпо, ако не и подобро.

А за победникот во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 следуваат 250.000 британски фунти,
титулата Светски Шампион во Снукер 2011, а за финалистот следуваат 125.000 британски фунти.

Не сум сеуште добро информиран за бодовите кои ќе им следуваат на победникот и финалистот,
но ако не до крајот, тогаш заклучно со крајот на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 ќе знам и ќе објавам.

Во втората половина на четвртата половина од мечот, Вилијамс го освои првиот фрејм, намалувајќи го водството на Хигинс,
овој пат на 15:14, по што Хигинс ги освои наредните 2 фрејмови по ред, извојувајќи победа над Вилијамс во полуфиналето и
пласман во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2011 со 17:14.

Браво за мене, е па тоа и ми следува кога не обрнувам 100% внимание на текстот кога ги пишувам постовите.
Најлошото е тоа што не можам да направам измени во постот.
Треба да стои "Во втората половина на четвртата сесија од мечот", а не "Во втората половина на четвртата половина од мечот".

Какви се тие мечови со по четири половини, баш ме интересира, ова е некоја нова декстерова математика. :tapp:
Па затоа и се потпишувам како Декстер, генијалецот од Dexter's Laboratory, толку паметен, а сепак толку глупав. :pos2:
Очигледно генијалец за глупирање.
Уште еднаш, браво за мене. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom