Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Меѓународен Шампионат во Снукер 2019
од 6 август 2019 до 11 август 2019
во кинескиот радиодифузен центар Баиху во Дачинг

10 август 2019
Петти ден - Полуфинале:

Марк Ален 6:9 Шон Марфи;

Утре, недела, 11 август 2019, во финалето на Меѓународниот Шампионат во Снукер 2019 силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Шон Марфи;

Се надевам Декстер 26 нема да замериш што пишувам во темава.

Организаторите на турниров во Дачинг требало да стават во Петок 8 фрејмови од првото полуфинале да се играат и 8 фрејмови да се играат од второто полуфинале во Петок. И потоа денес во Сабота да продолжат останатите фрејмови од двете полуфиналиња. Вака воопшто не е фер едниот финалист од Петок до Недела ќе одмора, додека вториот финалист денес во Сабота мора да игра полуфинале со потенцијални 17 фрејмови.

Имаше некои турнири во снукер така прават кога ќе дојде редот на полуфиналните натпревари, во Петок и од двете полуфиналиња се играат дел од фрејмовите а остатокот во Сабота ( не ми текнува во моментов кои беа тие турнири) и тоа е фер спрема сите играчи.

ПС: дојде времето Трамп да доминира во снукер, покрај тоа што од пред некој ден е број 1 во светската ранг листа, реално сега ќе се задржи подолго време на врвот. И во 2012 Трамп дојде на прва позиција но тогаш кратко се задржа на врвот, но сега е многу созреан како играч.
Трамп има добар ритам и темпо и динамика кога се во прашање сенчерите, има реални шанси Трамп еден ден да го надмине и Рони О" Саливен кога се во прашање сенчерите. Огромен квалитет поседува Трамп, дури и Рони пред неколку месеци изјави дека снукерот кој го прикажува Трамп во моментот кога ја освои првата светска титула е подобар од оној снукер кој го играл Рони во моментите кога бил Рони во најдобрите играчки години и форма.

Селби се мачи и во последните 7-8 месеци не личи на оној Селби кој доминираше на турнирите и беше долги години број 1 и светски шампион 3 пати во период од 4 години, имаше среќа што воопшто дојде до полуфинале, прво полуфинале на некој турнир во последната половина година за Селби беше ова и со многу среќа го доби Гилберт во осминафиналето а и во чевртфинале со Гари Вилсон беше чупаво.

Нема зошто да ти замерувам, ова не е моја приватна тема за да имам само јас право на коментирање, добредојдени се сите кои сакаат да коментираат за снукерот. ;)

Точно, има снукер турнири во кои полуфиналните мечови се играат во ист ден, но во турнири како овој - Меѓународниот Шампионат во Снукер 2019 - распоредот е таков каков што е`, утре Џад Трамп ќе биде поодморен, но можеби Шон Марфи ќе биде поактивен со оглед на тоа дека за него нема да има одмор од 1 (ЕДЕН) ден.

Се согласувам дека Џад Трамп созрева со секоја помината година, но не се согласувам дека постои професионален играч на снукер кој може да се споредува, а уште помалку па да го надмине Рони О'Саливен, кој до денешен ден останува најталентиран играч на денешницата, ако не и на сите времиња.

Дури и самиот О'Саливен го фаворизира Трамп како негов наследник, но ете, ни со него не се согласувам, ама тоа е само мое лично мислење, секако дека сите останати имаат право на поинакво мислење од моето.
 
Меѓународен Шампионат во Снукер 2019
од 6 август 2019 до 11 август 2019
во кинескиот радиодифузен центар Баиху во Дачинг

11 август 2019
Шести ден - Финале:

Џад Трамп 10:3 Шон Марфи;

На 9 дена пред својот 30-ти роденден, Англичанецот Џад Трамп ја освои 12-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, извојувајќи по втор пат победа во финалето на Меѓународниот Шампионат во Снукер после неговата победа во финалето на Меѓународниот Шампионат во Снукер 2012, каде што извојува победа над Австралиецот Нил Робертсон со резултат 10:8, овој пат во финалето на Меѓународниот Шампионат во Снукер 2019 Трамп извојува победа над својот 37 годишен сонародник Шон Марфи со резултат 10:3 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2019/2020 е германскиот Пол Хантер Класик 2019, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи на 24 август 2019 и на 25 август 2019 во градската концертна сала во Фирт, Германија.
 
Нема зошто да ти замерувам, ова не е моја приватна тема за да имам само јас право на коментирање, добредојдени се сите кои сакаат да коментираат за снукерот. ;)

Точно, има снукер турнири во кои полуфиналните мечови се играат во ист ден, но во турнири како овој - Меѓународниот Шампионат во Снукер 2019 - распоредот е таков каков што е`, утре Џад Трамп ќе биде поодморен, но можеби Шон Марфи ќе биде поактивен со оглед на тоа дека за него нема да има одмор од 1 (ЕДЕН) ден.

Се согласувам дека Џад Трамп созрева со секоја помината година, но не се согласувам дека постои професионален играч на снукер кој може да се споредува, а уште помалку па да го надмине Рони О'Саливен, кој до денешен ден останува најталентиран играч на денешницата, ако не и на сите времиња.

Дури и самиот О'Саливен го фаворизира Трамп како негов наследник, но ете, ни со него не се согласувам, ама тоа е само мое лично мислење, секако дека сите останати имаат право на поинакво мислење од моето.



Се е ствар на личен вкус и избор и секако секој си има право на мислење. Тоа добро си напишал.
Но сепак, доколку еден ден Џад Трамп ги надмине резултатите на Рони О" Саливен нормално е тогаш во иднина новите генерации на снукер играчи да имаат за цел да ги бркаат бројките од тој кој ќе има најголеми достигнувања во кариерата и најмногу рекорди соборени и нови рекорди поставено, во најмала рака новите генерации на снукер играчи на прво место ќе се воодушевуваат од постигнатите резултати на тој кој што ќе има најмногу постигнато успеси во кариерата. Тоа е сосема нормално за очекување.

Пример е во тенисот, најголем дел од публиката, фановите и новинарите го сметаат Федерер за најголем во историјата на тенисот, и впечаток е дека и доколку Надал или Ѓоковиќ го надминат Федерер по број на гренд слем титули пак за мнозинството обични смртници и фанови Федерер ќе биде сметан за најголем поради грациозноста и техниката и стилот на игра.
Но сепак, во иднина новите генерации тенисери ќе го сметаат за ГОАТ оној кој што ќе има најмногу успеси постигнато и соборено рекорди, тоа го спомна и Срѓан Ѓоковиќ таткото на Новак. Логично е за 10 години новите генерации да се борат со поставените рекорди, резултати и остварувања на оној кој ги има поставено, а јавноста може слободно да си има мислење дека Федерер е најголемиот. Федерер кога почнуваше да освојува титули целта му беше да го надмине Сампрас, така и во иднина целта ќе биде да се надмине тој кој ќе има најмногу титули и рекорди поставено, а тоа може освен Федерер да биде и Надал или Ѓоковиќ.

Така е и со снукерот, можат мнозинството да го сметаат Рони О" Саливен за најголемиот на сите времиња, но ако некој ги надмине неговите достигнувања, логично е во иднина новите снукер играчи да имаат за цел да ги достигнат осварувањата на тој кој ги поставил, се гледа кој е на врвот по титули, троцифрени брејкови, време поминато на врвот на листата. Како што до неодамна многумина снукер играчи се воодушевува и некои се уште се фасцинирани од она што го постигна Стивен Хендри во снукерот, сосема е логично во иднина новите генерации да си зацртаат за цел да пробаат да ги надминат остварувањата било да е тоа на Рони О" Саливен, Џад Трамп или некој трет. Еднсотавно е така, оној кој е на врвот ги инспирира професионалните играчи.

Сигурно пример и во Лига на шампиони Ливерпул или Барселона не се иснпирирани од број на титулу кои во ЛШ ги има освоено Јунајтед или Челси туку целта е оној кој е на врвот со титули.

По бројот на троцифрени брејкови Трамп ќе биде на врвот еден ден тоа е неизбежно, на средина е на кариерата и има добра динамика кога е во прашање правењето на сенчери т.е троцифрени брејкови. Офанизвен е играч, пеколно добро ја контролира белата кугла и ги разигрува извонредно кога ќе има на маса неупотребливи кугли залепени за мантинела. Секако, му одговора и тоа што во денешно време е поголем бројот на турнири кои се играат за разлика од времете на Стивен Хендри кога имаше помалку турнири.

Е кога е во прашање рекордот на Стивен Хендри од 7 титули светски шампион е тука ќе испитот на зрелоста и за Рони О" Саливен и за Џад Трамп дали ќе успеат тој рекорд да го надминат. Рони со 5 титули и пред пензија, Џон Хигинс со 4 титули и пред пензија и млад Трамп кој за некој ден ќе полни тек 30 година и 1 титула, тука ќе биде интересно.
Како и што претходен пост напишав, секоја чест за Марк Селби, но долг е патот пред него да се врати на старата форма и старите извонредни резултати, прашање е дали Селби ќе ги повтори оние неверојатни резултати и светски титули.
Самиот Рони пред некој месец изјави дека снукерот кој го прикажува Трамп моментално е подобар од снукерот кој го прикажувал Рони во неговиот прајм тајм т.е во најдобрите години. Така да Трамп и ако надмине рекорди на Рони воопшто нема да биде зачудувачки, самиот Трамп после освоената титула во Шефилд даде изјава дека има за цел да постави такви стандарди во снукерот какви никој досега не поставил, а како ја почна сезонава ќе си го исполни зборот.
 
Пол Хантер Класик 2019
на 24 август 2019 и на 25 август 2019
во градската концертна сала во Фирт, Германија

24 август 2019
Прв ден - Осмина финале:

Кајрен Вилсон 4:0 Флоријан Нуесел;
Метју Селт 1:4 Доминик Дејл;
Лука Бресел 4:1 Кен Дохерти;
Марк Кинг 4:0 Рајан Дејвис;
Рики Волден 4:0 Јулијан Бојко;
Дејвид Гилберт 4:1 Мајкл Холт;
Џо Пери 4:0 Бен Мертенс;
Бери Хокинс 4:1 Гери Вилсон;

Утре, недела, 25 август 2019, во четвртина финалето на германскиот Пол Хантер Класик 2019 силите ќе си ги измерат:

Кајрен Вилсон - Доминик Дејл;
Лука Бресел - Рики Волден;
Дејвид Гилберт - Џо Пери;
Марк Кинг - Бери Хокинс.
 
Пол Хантер Класик 2019
на 24 август 2019 и на 25 август 2019
во градската концертна сала во Фирт, Германија

25 август 2019
Втор ден - Четвртина финале:

Кајрен Вилсон 4:3 Доминик Дејл;
Лука Бресел 4:1 Рики Волден;
Дејвид Гилберт 3:4 Џо Пери;
Марк Кинг 1:4 Бери Хокинс;

25 август 2019
Втор ден - Полуфинале:

Кајрен Вилсон 4:1 Лука Бресел;
Џо Пери 3:4 Бери Хокинс;

25 август 2019
Втор ден - Финале:

Кајрен Вилсон 3:4 Бери Хокинс;

На 40 годишна возраст, Англичанецот Бери Хокинс за прв пат го освои турнирот Пол Хантер Класик и ја освои 5-та нерангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на германскиот Пол Хантер Класик 2019 извојува победа над својот 27 годишен сонародник Кајрен Вилсон со резултат 4:3 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2019/2020 е кинескиот Шангај Мастерс 2019, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 9 септември 2019 до 15 септември 2019 во кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај.
 
Шангај Мастерс 2019
од 10 септември 2019 до 15 септември 2019
во кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај

10 септември 2019
Прв ден - Осмина финале:

Рони О'Саливен 6:0 Жанг Ји;
Кајрен Вилсон 6:4 Ксиао Гуодонг;
Марк Вилијамс 5:6 Шон Марфи;
Марк Селби 3:6 Џек Лисовски;

Утре, среда, 11 септември 2019, треба да се одиграат останатите 4 меча од осмина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2019, во кои силите ќе си ги измерат:

Марк Ален - Лианг Венбо;
Џад Трамп - Дејвид Гилберт;
Џон Хигинс - Бери Хокинс;
Нил Робертсон - Динг Џунхуи.
 
Шангај Мастерс 2019
од 10 септември 2019 до 15 септември 2019
во кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај

11 септември 2019
Втор ден - Осмина финале:

Марк Ален 6:5 Лианг Венбо;
Џад Трамп 6:4 Дејвид Гилберт;
Џон Хигинс 5:6 Бери Хокинс;
Нил Робертсон 6:3 Динг Џунхуи;

Утре, четврток, 12 септември 2019, во четвртина финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2019 силите ќе си ги измерат:

Бери Хокинс - Нил Робертсон;
Марк Ален - Џад Трамп;
Рони О'Саливен - Кајрен Вилсон;
Шон Марфи - Џек Лисовски.
 
Шангај Мастерс 2019
од 10 септември 2019 до 15 септември 2019
во кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај

12 септември 2019
Трет ден - Четвртина финале:

Бери Хокинс 2:6 Нил Робертсон;
Марк Ален 6:1 Џад Трамп;
Рони О'Саливен 6:5 Кајрен Вилсон;
Шон Марфи 6:1 Џек Лисовски;

Утре, петок, 13 септември 2019, треба да се одигра првиот меч од полуфиналето на кинескиот Шангај Мастерс 2019, каде што силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Марк Ален.
 
Шангај Мастерс 2019
од 10 септември 2019 до 15 септември 2019
во кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај

13 септември 2019
Четврт ден - Полуфинале:

Шон Марфи 10:3 Марк Ален;

Утре, сабота, 14 септември 2019, треба да се одигра вториот меч од полуфиналето на кинескиот Шангај Мастерс 2019, каде што силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Нил Робертсон.
 
Генерално поквалитетен снукер имаше на првите два денови од турнирот. Да се надеваме утре второто полуфинале ќе понуди квалитет. И пак, како и на меѓународниот турнир во Дачинг и сега грешка е што во Петок целосно се игра и завршува едното полуфинале а во Сабота се игра второто полуфинале. Подобро ќе беше во Петок една сесија да одигра едното полуфинале а една сесија второто полуфинале, и во Сабота пак по една сесија да имаат и двете полуфиналиња, вака повеќе одморен и посвеж ќе биде во финале оној кој во Петокот обезбедил финале за разлика од оној кој во Сабота ќе обезбеди финале, впрочем така беше случајот со турнирот во Дачинг.

Иако сепак, Марфи со кого и да игра во Недела финале ќе биде аутсајдер, Нил Робертсон и Рони О' Саливен кој и да стигне до финалето ќе биде фаворит за титула.


Беше за очекување во некој момент и серијата победи на Трамп да ја прекине некој, па и Марк Ален кој имаше променлива форма минатата сезона.
Штета што не дојде до дуел Трамп - О' Саливен, за такво нешто ќе мора да се почека.
 
Шангај Мастерс 2019
од 10 септември 2019 до 15 септември 2019
во кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај

14 септември 2019
Петти ден - Полуфинале:

Рони О'Саливен 10:6 Нил Робертсон;

Денес, недела, 15 септември 2019, во финалето на кинескиот Шангај Мастерс 2019 силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Рони О'Саливен.
 
Шангај Мастерс 2019
од 10 Септември 2019 до 15 Септември 2019
во Кинескиот хотел Интернационал Источна Азија во Шангај

15 Септември 2019
Шести ден - Финале

Рони О' Саливен 11:9 Шон Марфи;

По 4 пат во кариерата Рони О' Саливен го освои турнирот во Шангај, а третпат во низа го освојува турнирот.

Добар меч беше ова денеска, конечно после слабите полуфиналиња и поголемиот број слаби четврфиналиња, финалето понуди добар снукер.

Следен турнир е шампионатот на Кина кој ќе се одржи од 23 до 29 Септември. На тој турнир Рони О'Саливен не е пријавен да учествува, штета што таму нема да го гледаме.
 
Кинески Шампионат во Снукер 2019
од 25 септември 2019 до 29 септември 2019
во кинескиот спортски центар Тианхе во Гуангжоу

25 септември 2019
Прв ден - 16-на финале:

Марк Селби 5:2 Мартин Гоулд;
Мичел Ман 1:5 Бери Хокинс;
Џон Хигинс 5:3 Ли Ханг;
Џордан Браун 3:5 Курт Мафлин;
Лука Бресел 5:0 Марк Џојс;
Метју Стивенс 2:5 Дејвид Гилберт;
Џо Пери 5:3 Стифен Мегваер;
Жоу Јуелонг 0:5 Џад Трамп;
Крис Вејклин 5:2 Јан Бингтао;
Ксиао Гуодонг 3:5 Жао Ксинтонг;
Рајан Деј 3:5 Шон Марфи;
Метју Селт 5:1 Нил Робертсон;
Марк Вилијамс 5:3 Луо Хонгхао;
Нопон Саенгкам 5:4 Марк Ален;
Кајрен Вилсон 3:5 Хосеин Вафеи;
Џек Лисовски 3:5 Антони МекГил;

Утре, четврток, 26 септември 2019, во осмина финалето на Кинескиот Шампионат во Снукер 2019 силите ќе си ги измерат:

Марк Вилијамс - Лука Бресел;
Дејвид Гилберт - Нопон Саенгкам;
Хосеин Вафеи - Антони МекГил;
Џо Пери - Џад Трамп;
Марк Селби - Крис Вејклин;
Жао Ксинтонг - Бери Хокинс;
Џон Хигинс - Курт Мафлин;
Шон Марфи - Метју Селт.
 


Се играше претходно на ден 24.09.2019 најпрвин 1/32 финалето од турниров, тоа си го пропуштил да напишеш.

Инаку знае ли некој зошто кога во ситуација многу време однапред да се знае дека тој кој е 2 место на ранг листата нема да учествува на турниров, тогаш зошто тој кој е 3 место на ранг листата на снукер играчи е ставен во истата половина на ждрепката со оној кој е прв на ранг листата?

Да не има влијание фактот што се играа квалификации за турниров на 15.08.2019 и тогаш конкретно споменатиот Марк Вилијамс играше квалификациски натпревар? Но, сепак е ова пропуст за организаторите, небитно што е Марк Вилијамс трет играч во светот кога со формата е катастрофа и воопшто не претставува сериозен ривал за Трамп кој игра свемирски снукер. Реално Трамп во неговата половина од ждребот има послаби противници, во другата половина се појаки и понезгодни противници за Трамп, не гледам кој му е достоен ривал на Трамп во неговата половина, можеби само Дејвид Гилберт може да пружи достоен отпор кој играво последните месеци солидно.

Зошто Марк Вилијамс кој е 3 на ранг листата е во иста половина со првиот на ранг листата Џад Трамп? Кога се знаеше одамна дека вториот Рони О'Саливен не е пријавен за учество на турниров логично е тогаш да има померување и треторангираниот да биде во другата половина на ждребот а не да остане пак во истата половина со првиот играч и носител.
Барем во тенисот како индивидуален спорт е така, кога некој се знае дека нема да игра на некој турнир се прави рокада и поместување во ждрепката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom