Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

28 април 2014
Десетти ден - Осмина финале:

Рајан Деј 7:13 Џад Трамп;
Мајкл Восли 4:13 Доминик Дејл;
Шон Марфи 13:8 Марко Фу;
Марк Ален 7:13 Нил Робертсон;

Утре, вторник, 29 април 2014, во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014, силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Алан МекМанус;
Бери Хокинс - Доминик Дејл;
Рони О'Саливен - Шон Марфи;
Џад Трамп - Нил Робертсон;

Во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014, исто како и во осмина финалето, се игра до максимум 25 фрејмови, односно во полуфиналето ќе се квалификуваат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

29 април 2014
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Марк Селби 12:4 Алан МекМанус;
Бери Хокинс 11:5 Доминик Дејл;
Рони О'Саливен 6:2 Шон Марфи;
Џад Трамп 6:2 Нил Робертсон;

Утре, среда, 30 април 2014, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од четвртина финалето во Светскиот Шампионат во Снукер 2014 каде што, за потсетување, се игра до максимум 25 фрејмови, односно во полуфиналето ќе се квалификуваат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Последно уредено:
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2014
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Марк Селби 13:5 Алан МекМанус;
Бери Хокинс 13:12 Доминик Дејл;
Рони О'Саливен 13:3 Шон Марфи;
Џад Трамп 11:13 Нил Робертсон;

Денес, четврток, 1 мај 2014, во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014, силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Бери Хокинс;
Марк Селби - Нил Робертсон.
 
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2014
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Рони О'Саливен 6:2 Бери Хокинс;
Марк Селби 5:3 Нил Робертсон;

Денес, петок, 2 мај 2014, продолжуваат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014, каде што се игра до максимум 33 фрејмови, односно во финалето ќе се квалификуваат играчите кои први ќе освојат 17 фрејмови.
 
Дали има некоја табела да видам кој како стои, и според местото кој каде се наоѓа?
-Секако првиот после О'Саливен. :icon_mrgr:
 
рони не е прв на ранг листа (мислам селби дека беше), табела побарај на worldsnooker.com, од тука да не барам

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2014
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Рони О'Саливен 17:7 Бери Хокинс;
Марк Селби 9:7 Нил Робертсон;

Веќе е познат првиот финалист во Светскиот Шампионат во Снукер 2014, а тоа е актуелниот Светски Шампион во Снукер 2013, Рони "Ракетата" О'Саливен.

Рони О'Саливен е професионалниот играч на снукер кој ќе се обиде да ја освои трет пат по ред титулата Светски Шампион во Снукер, за прв пат после Стифен Хендри, кој последователно ги има освоено Светските Шампионати во Снукер од 1992 до 1996 година.
 
Овие еуроспорт сега најдоа да даваат пренос од пинг-понг и некој си трки.....
 
Ова што го играат Селби и Робо се гледа само на видео игра НИВО 1...

17 фрејм беше ремек дело...каков брилијантен снукер!Тие што не го гледале мечов побарајте го подоцна на јутјуб 17 фрејм,нешто што се гледа еднаш на неколку години.
 
Тооо царе :cuc: Колку само заслужува шампионска титула во кариерата Селби .
Ама против ваков Рони , уфф .. тешко богами .
Во секој случај финалево е :drk:
 
Утре да не знам за кого да навивам.Дали за Селби кој многу го ценам на кој само оваа титула му фали во кариера или за Саливен кој ми е омилен играч.Сепак би сакал утре да победи Селби заслужува да го добие и овој турнир.Според играта нема сомнеж дека Саливен највеќе заслужува утре да победи али има победено неколку пати тука така да... :)
 
Колку ми е криво за Робертсон, ама сам си е крив, слабо играше во дефанзива...
За утре „гоу Рони“ :D
 
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 мај 2014
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Марк Селби 17:15 Нил Робертсон;

Денес, недела, 4 мај 2014, и утре, понеделник, 5 мај 2014, Марк "Џестерот од Лестер" Селби по втор пат во својата професионална снукер кариера, ќе учествува во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер, овој пат во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014, каде што ќе си ги измери силите со 5 кратниот и актуелен Светски Шампион во Снукер 2013, Рони "Ракетата" О'Саливен.

Првото и досега единственото учество на Марк Селби во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер, беше во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2007, каде што изгуби од Џон Хигинс со 13:18.

Денес, недела, 4 мај 2014, и утре, понеделник, 5 мај 2014, во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014, силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Марк Селби;

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014 се игра до максимум 35 фрејмови, односно победата во финалето, паричната награда во износ од 300.000 британски фунти и титулата Светски Шампион во Снукер 2014, ќе ги однесе играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови.
 
Светски Шампионат во Снукер 2014
од 19 април 2014 до 5 мај 2014
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

4 мај 2014
Шеснаесетти ден - Финале:

Рони О'Саливен 10:7 Марк Селби;

Денес, понеделник, 5 мај 2014, треба да продолжи и да заврши финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014 каде што, за потсетување, се игра до максимум 35 фрејмови, односно паричната награда во износ од 300.000 британски фунти и титулата Светски Шампион во Снукер 2014, ќе ги однесе играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom