Снег

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Ај у темава ќе се пожалам...

Кај отиде младинава бе !? Стварно еј... забегале децава... :eek:

Па кога бев ја копиљ, за вакво време душа давав еј... радости ме јадеа кога ќе заврнеше снег. Се враќаш од школо у 1, соблекуваш мокри, облекуваш суви алишта и цепаш до 4 саат, праиш бункери од снег. Доаѓаат моите у 4, ручек, пак се пресоблекуваш, се стемнува и пак цепаш на улица.

Сега дека малку подмрзнато, рај за лизгање !!! Пола саат се е*авате да направите џам лизгалица на патот, долга едно десет метри. Се пушташ и се забораваш...
Па уште и монтка ако имаш :pos: се пушташ на стомак или на грб... лееиии појако од тоа нема !!! :D

Кога ќе ни здосадеше тоа, шлагот на вечерта, фудбал на снег !!! Така натапкана улицата од коли, веќе касно навечер, скоро и да нема сообраќај... ајдааа на мали голчиња. Поголеми се шансите да паднеш него да даеш гол. Се пушташ клизач, 30 метри... :icon_lol:

А измеѓу овие три „фази“, се прпелкаш со некое девојче у снегот... ееех, детска невиност... :love:

Ќе дојдеш дома накиснат, се те боли од што си испопаѓал, но така деца растат... навистина било точно тоа. Еве ме пораснат, здрав и прав, со спомени од детството кои у вакви моменти посакуваш пак да станат реалност... :place:

А сега бе... едвај на прсти да ги избројам децата кои беа искочени да си играат на снегов... повеќе бевме ние, дваесет годишни... сега се тркаат кој прв ќе напише статус за снегот... Жал ми е за нив, не знаат што пропуштаат...

Али тоа е, изменети се вредностите сега, уживањата, радувањата... па дури и снегот не е тоа што беше.
 
Гостивар има над 60 сантиметри снег,зборам за градот не за селата околни таму е над 80 сантиметри. Е ради ова си го сакам мојот град,снег бел,чист воздух да се изнаужива чоек.
 
Гостивар има над 60 сантиметри снег,зборам за градот не за селата околни таму е над 80 сантиметри. Е ради ова си го сакам мојот град,снег бел,чист воздух да се изнаужива чоек.
Еве сличе од Гостивар;)
gostivar.jpg
 
Ај у темава ќе се пожалам...

Кај отиде младинава бе !? Стварно еј... забегале децава... :eek:.......

Другар супер пост,сеуште постојат тие деца,еве и јас бев таков но јас и ти пораснавме,но не сме ја изгубиле желбата за снег. Јас само ја сменив локацијата на уживање, на Маврово секој викенд беснеам,скијам,уживам во снегот!
 
Скрена времево, едвај чекам да се раздени и одам на прошетка по снегот.. ЧЧ)
 
Се погоди зимото ова зимо
:свиркам:
 
Е бога ми имало зими ама ваква зима последниве 20-30 год не верувам да имало.

Во СК вее ли вее.....ладно што да ти причам :D

А баш си мислев што кажа нињо,си викам еј супер децава ќе пораснат со снег,онака натрупан јак снег......ама слабо го искористуваат ова децава. Штета.
Јас со другари на пример порано по гаражи се тркалавме од горе се до доле,лом снег цели,и така се тркаламе и еден другар тој подебел онака,се тркала а од балкон татко му го виде и почна да вреска Златко !!! Златко !!!! И одма од тркалање станува другаров,вика еј тато,и паѓа во истиот момент како покосен хахахахаха Незнам дали се лизна или што направи ама испадна дека прекинал само да го поздрави татко му и да продолжи да се тркала. Ние патос долу. :icon_lol:

Ова е една од многуте.......децава нека берат памет,зошто на стари години ќе кажуваат како им снемало струја дур паѓало снег а таман сакале да пишат јак статус на фејсбук.
 
Абе разбирам снег, мраз, се...нервози се...ама да не се престанело да се свири тоа не можам да го сфатам. Зградава ми е блиску до булевар, абе ушиве тапани ми ги напраја. Како да со свирење тие 20 коли пред тебе побрзо ќе возат, ќе летнат....Абе до толку глупи луѓе па :tapp:
 
Излгеда само Охрид не падна нов снег.
 
Ладното не го сакама ама снегот го обожавам...никогаш не си престар да лудуваш како дете , да правиш снешко или да се санкаш..Јас си живеам во ,,снежна долина'' и баш е предност што можеш да се пуштиш со санка, да се изнавикаш и да мислиш дека си во Маврово ! И после во живот те враќа топол чај..мммммм..:love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom