Па требало да се определи само против едната страна, на пример против СССР (всушност, тоа и го очекувал Западот од него, и за тоа неговото истапување на политичката сцена е дозволено, толерирано, дури и потпомагано, како и економскиот и воен напредок на Германија, со цел да и стави крај на комунистичката закана. Арно ама, Западот, односно Британија и САД не го процениле доволно добро фирерот. Се молчело за Аншлусот, дури и за Чехословачка, но со Полска јасно било дека ѓаволот ја однел шегата.
Хитлер извесен период балансирал и со Советите (со кои ја поделил Полска) и со западните сили. Сталин се до јуни 1941 година немал појма што се случува (како куриозитет: по германскиот напад врз СССР, Сталин бил толку несигурен и исплашен, што се повлекол во една од своите дачи - кога дошле неговите соработници да бараат совет и наредби, овој мислел дека сакаат да го сменат од власта, и бил потполно помирен со својата судбина

. Но, некој очигледно немал доволно смелост за таков чин.)
Како и да е, факт е дека Хитлер во почетокот напредувал со молскавична брзина на сите фронтови, и уште поочигледно е дека тоа не можело да трае вечно поради ограниченоста на човечките и материјалните ресурси. Лично мислам дека ако се решел да води војна само со Истокот или само со Западот, денешнава историја би била сосем поинаква. Ако ништо друго, би ја имал поддршката да се справи со СССР (и не мислам само на морална поддршка), Москвач Ленинград и Сталинград би паднале релативно брзо и судирот, сега веќе со еден видно ослабен противник би се одвивал некаде кај Урал ( само една шпекулација, исто како оние за смртта на Хитлер). Слично би се развивале и воените дејства против Британија (чија поморска и воздушна сила никако не била за потценување, но тешко дека би се држела долг период против серија масовни напади на фашистичките сили - морнарицата и авијацијата на Рајхот секако би биле и повеќе од достоен противник). Хитлер навистина се преценил и „му успеало“ двете идеолошки спротивставени страни, со не мала веројатност да стапат во меѓусебна војна, ако им се укаже поволна можност, да стапат во сојуз за да се одбранат и да го испратат поранешниот австроунгарски каплар и несуден уметник во историјата на еден крајно понижувачки начин за германската нација (не дека не си го заслужија тоа).
Се извинувам за излегувањето од рамките на предвидената тема.