Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 510 58,8%
  • Не

    Гласови: 357 41,2%

  • Вкупно гласачи
    867
Смртна казна никако.
Најголема казна според мене е да се биде лишен од правото да се живее во нормални услови со нормални луге како и сите други.Замислете си само колкава е казната да знаеш дека повеке никогаш нема да ги видеш најблиските, дека никогаш повеке нема да шеташ слободно каде сакаш и колку сакаш, дека никогаш нема да го имаш она за сто си сонувал.Па со самото тоа за тие престанува животот. Мислам дека треба тоа тие да го сватат да се покајат,а сепак да знаат дека се им е веке залудно.
Не ми е јасно како би можело смртта да биде казна за некого кој се изживувал вез некој друг или мачел некој друг се до смрт.Мислам дека во овие случаеви смтрната казна би била скратување на маките за разлика од некој кој би можел да биде во затвор доживотно ама во буквална смисла дозивотно.

Треба смртна казна...Зашто да живее некој кој веќе спречил друг да живее...Кој што заслужил тоа ќе си добие...

Да живее за да свати дека за него животот завршил иако сепак е жив и дека за сето тоа сам си е виновен.
 
Треба смртна казна...Зашто да живее некој кој веќе спречил друг да живее...Кој што заслужил тоа ќе си добие...

Не треба смртна казна. Не сме во Ирак јеботе. Тој некој(убиецот), којшто спречил друг да живее е психички болна личност, која што треба да се казни со долга затворска казна, ако не и доживотна. А оние кои судат се колку што знам здрави личности, и зошто да се суди на смртна казна, зошто и тие да одземат живот? Тука станува збор за живот, без разлика дали личноста е добра или лоша. Си има посебни казни за убијците, а смртта не е казна.
 
Треба смртна казна...Зашто да живее некој кој веќе спречил друг да живее...Кој што заслужил тоа ќе си добие...


А кога се согласуваме на смртна казна,што сме ние тогаш поразлично од убиецот?И ние со смртната казна некого убиваме,без разлика колку згрешил,се ставаме во неговата улога.....И плус луѓе сме и грешиме,а судиите богови се па за да не можат да погрешат во пресудата?И што тогаш?Осуден на смрт,невин човек,а место за втора шанса нема.....Сепак сум за доживотен затвор,или затворање во некоја лудница доживотно,но за смртна казна не...
 
Никој нема право некому да му го одземе животот, дури и да е тој најголем злосторник. Со самата смртна казна и осудувачот станува убиец. Кој ти дал тебе право за да одлучуваш дали некој треба да продолжи да живее или не? Дури и да е направил тешко кривично дело, за тоа постои институцијата затвор, т.е. ќе биде лишен од слобода, но истовремено треба да му се помогне на тој човек да се промени, да се ресоцијализира, да се подобри, а не да се убива. И подобро е да се посвети внимание на причините кои доведуваат до извршување на кривични дела и истите да се намалат, отколку да се бараат мерки за да се казнуваат.
 
Јас сметам дека не треба да има СМТРНА КАЗНА!
Образложение: Државата не ти го дала животот, и нема право да ти го одземе!
И доколку се стори кривично дело убиство, треба да се пристапи кон рехабилитација, па фала богу луѓе 21 век сме.
 
Јас сметам дека не треба да има СМТРНА КАЗНА!
Образложение: Државата не ти го дала животот, и нема право да ти го одземе!
И доколку се стори кривично дело убиство, треба да се пристапи кон рехабилитација, па фала богу луѓе 21 век сме.

A toj sto odzel necii zivot ima pravo na toa? Kako sto nema drzavata nema ni toj pravo taka da kakva rehabilitacija samo edna besilka na plostad i da go snema. Pa zamisli kako im e na onie luge sti im ubile nekoj blizok dali i tie vikaat abe coekov ne e aren daj neka ide na lecenje, golema rabota ni go ubi deteto. Takvite ne zasluzuvat da ziveat.Ako napravil ednas takvo nesto znaci ke napravi i drug pat.
I od taa zastita na covekovite prava proizlegoa site tie nemoralni cinovi i sekoj misli deka moze da pravi sto saka.Takvite ne treba da se stitat i da imaat nekakvi covekovi prava posto vo niv nema nisto covecno.
 
Треба да се укини казнување по параграфи и членови на закони, туку тој што е виновен да му се предаи на роднините на убиениот и тие да го казнат онака како сметаат дека треба. Ако сакат нек го дават, нек го бесат, спалат или само ќотек и нека го пуштат. Така и за секое сторено дело, и за кражба, крадецо да му се предаде во раце на ограбенио па тој нек го казнува како мисли дека треба
 
A toj sto odzel necii zivot ima pravo na toa? Kako sto nema drzavata nema ni toj pravo taka da kakva rehabilitacija samo edna besilka na plostad i da go snema. Pa zamisli kako im e na onie luge sti im ubile nekoj blizok dali i tie vikaat abe coekov ne e aren daj neka ide na lecenje, golema rabota ni go ubi deteto. Takvite ne zasluzuvat da ziveat.Ako napravil ednas takvo nesto znaci ke napravi i drug pat.
I od taa zastita na covekovite prava proizlegoa site tie nemoralni cinovi i sekoj misli deka moze da pravi sto saka.Takvite ne treba da se stitat i da imaat nekakvi covekovi prava posto vo niv nema nisto covecno.
Јас се ова го разбирам ти што го тврдиш. Но каде е хуманоста во сево ова, што мислиш дали правниот систем во државата би се разликувал барем малку од сторителот, доколку дозволува да се примени истото дело што го сторил и он? Сепак јас мислам во една демократија, главен приоритет на казната треба да и биде ресоциализација на сторителите, а не само гола ретрибуција (застрашување) како во среден век. Секој со свие мислење.
 
Јас сум против смртната казна, не сме ние тие што треба да одлучуваме кој да умре, а кој не.
Немам друг коментар освен ова.
 
Тука нема доживотна казна затвор,смртна казна бараш...
Да е до мене,секое сериозно кршење на законот треба да се казнува со смрт - пр. одземање на живот,педофилија итн

Јас сум против смртната казна, не сме ние тие што треба да одлучуваме кој да умре, а кој не.
Немам друг коментар освен ова.

Не ти одговара јузернамето :)
 
Јас сум против сртната казана но затоа сум за доживотен затвор....
 
:oftopic:

ТОП 10 МОДЕРНИ МЕТОДИ НА ПОГУБУВАЊЕ

Сите сме слушнале за многу начини на погубување кои се користат на различни страни од светот дури и во денешниот модерен цивилизиран свет. Со оваа листа ќе се обидеме да фрлиме малку светло на заднината на егзекуцијата, и тоа на модерниот стил. Од сите типови на егзекуција што некогаш постоеле и биле применувани во денешно време, се користат уште два или три методи.

32241238A8B67F46B1EA6CF85174BAA9.jpg
1. Инјекција

Краток период пред егзекуцијата со инјекција полна со отров, затворениците се подговтуваат за својата смрт. Тука е вклучена промената во чиста облека, последен оброк и туш. По ова затвореникот го водат во кабината за егзекуција, каде што во вените од двете раце му прикачуваат две цревца кои се поврзани со две туби во кои има салин. Овие туби, преку соседниот ѕид се поврзани со посебна соба, во која всушност се вбризгува смртоносната инекција. Во таа соба има директен телефон со канцеларијата во која седи човекот кој има моќ да ја отповика егзекуцијата. Штом тубите ќе бидат поврзани, завесите од комората се повлекуваат за да можат сведоците да го следат погубувањето, а на затвореникот му е дозволено да даде последна изјава. Ако нема што да изјави, погубувањето почнува. Во затворот може да постојат повеќе од еден егзекутор, меѓутоа затвореникот ниту пак сведоците знаат кој ја вбризгува инекцијата во тубите. Отровот може да биде ставен и од машина, но многу затвори ја избегнувале таа можност поради технички тешкоитии.

2. Електричен стол
DA1F3EDC99AD6B4CBB193BA735E0423E.jpg
Електричниот стол е измислен од Херолд П. Бровн, кој бил вработен од Томсон Едисон за да ја истражи можноста да се искористи електрицитетот како можност за погубување. Бровн бил забар кој работел со луѓе седнати на столови, па затоа го искористил столот за својот изум. Електричните столови по затворите биле поствени во 1889 година, а прватат егзекуција била извршена во 1890 година во Њујорк. Егзекуцијата на електричен стол се одвива така што затвореникот се врзува за столот со метални држачи, по што на главата му се става воден сунѓер како спроводник. Електродите се поставуваат на главата и нозете, така што се создава затворено коло. Во зависнот од физичката подготвеност на затвореникот, постојат два степена кои се применуваат при ова погубување. Прво се пуштаат 2000 волти, петнаесет секунди кои го онесвестуваат затвореникот, а веднаш потоа му запира срцето. Вториот удар е понизок за 8 ампери. Ако се спроведе само вториот удар, тој може да предизвика трајна повреда на некои внатрешни органи затоа што организмот се загрева до 59 степени Целзиусови. Безсознанието доаѓа по првата секунда или две и затвореникот умира.

E74F4B42FC3E6A4DB96CD4FD03306B4F.jpg
3. Гасна комора
Гасната комора се употребувала за погубување многу години, но најмногу во Втората светска војна во германските кампови кога бил направен и најголемиот геноцид. Во Америка денес, во пет затвори се уште се користат гасните комори, меѓутоа секој од затворите им дозволува на своите затвореници дали сакаат да бидат усмртени во комора или со инјекција. Последената егзекуција во гасна комора била изведена во 1999 година, кога Германецот Волтер Ла гранд бил погубен во Аризона. Меѓутоа, постојат извештаи според кои во Северна Кореја се уште се користат гасните комори. Затворениците најчесто биле убивани со гас од мешавина на цијанид. На личноста што треба да биде погубена во гасна комора и се кажувало да земе длабок воздух кога гасот ќе биде пуштен за дејството да биде побрзо. Смртта на ваков начин е многу болна.

4. Поединечно стрелање
Егзекуција со пукање во еден човек е еден од најчесто применуваните методи на погубување во светот. Овој метод се користел во повеќе од 70 земји. Истите тие земји го користеле и стрелањето со вод, сепак поединечното стрелање земало замав. За пример, во Советска Русија, еден куршум во задниот дел од главата бил користен како метод на егзекуција за воени цели. Ова е се уште главен метод за погубување во комунистичка Кина, каде што стрелањето е или во вратот или во главата. Во минатото, кинеската влада барала од семејството на обвинетиот да го платат куршумот со кој тој ќе биде погубен.

5. Стрелање со вод
DDBDADF2E1EB5546A7E68ADE50C80616.jpg
Стрелањето со вод од многумина се смета како најгрозоморниот метод на егзекуација, и од таа причина бил користен за погубување на воени криминалци. Додека методот се ширел од земја во земја, генералите се оглушувале на говорења и наредбите за забрана на ваквиот начин на погубување. Група луѓе, кои најчесто биле тренирани војници, со пукање во исто време со еден истрел испукан во главата на осуденикот, го убивале. Во некои од случаите на еден од војниците од стрелачкиот вод им бил даван ќорец за да чувствуваат помалку вина за убиството. Никој од стрелачите не знаеле кај кого е ќорецот, па тоа им го кревало моралот. Во Америка само две држави дозволуваат егзекуција со стрелање на вод: Ајдахо и Оклахома; додека Јута се уште има четоворица затвореници кои се осудени на ваква казна, но таа до денес не е извршена.

6. Бесење
Бесењето било изведувано на повеќе начини: Краток пад е кога затвореникот со јаже околу врат е закачено, а под него има подлога која подоцна му се повлекува, па затвореникот умира од губење на воздух.
Овој бил еден од вообичаените начини на погубување кој се користел пред 1850 години. Смртта е долга и болна.

BA0E72C4A016D347B031C8EE11EB8B7C.jpg
7. Обезглавување

Во историјата на некои нации, но дури и во денешнината во Исламскиот свет обезглавувањето е често употребувано како начин на егзекуција. Најчестите начини за обезглавуање се извршуваат со закривен меч - сабја. Додека некој нации дозволуваат обезглавување со закон, Саудиска Арабија е лидер во таа група земји од денешницата. Казната обично се извршува исклучиво во петок навечер, пред најголемата џамија во главниот град, по последните молитви. Ваквата казна може да се изврши исклучиво по обвинение за силување, убиство, трговија со дрога и апостазија (отфрлање на религиски верувања). Оваа земја е под константен притисок на светската заедница и обединтетите нации поради нејзината суровост во извршување на казните.

8. Гилотина
Спротивно од верувањата дека, Јозеф - Инганц Гилотин не ја измислил Гилотината, туку предложил метод на егзекуција кој бил брз и достоен за употреба за сите класи на тогашното општество. Тој составил комитет на инженери кои ја дизајнирале направата, но токму Антони Луис всушност е мозокот на една од најпопуларните машини за одземање на животот. Овој метод на погубување веќе не се користи никаде во светот. Направата сама по себе е висока неколку метра, и се гради од дрво. На неа има одреден простор, круг каде се става главата на жртвата која треба да се погуби. На самиот врв на гилотината има огромно сечило кое со механизам се ослободува и набрзина го усмртува затвореникот. Последната јавна егзекуција со оваа направа била извршена во Франција и била фотографирана во 1981, кога и со закон е забранета смртната казна во оваа држава.
9. Каменување
Каменувањето е ужасна смрт во која затвореникот е врзан и фиксиран за дрвен столб, а огранизирана маса на луѓе со камења буквално го убиваат на еден од најодвратните начини за одземање на живот кои се забележани од историјата. Повторно според исламскиот закон, каменувањето се одобрува како метод за егзекуција и се уште се користи во земјите од Блискиот Исток и Азија. Во Иран, каменувањето се изрекува за прекршување на членот 104 од казнениот закон на оваа држава. Казната е наменета исклучиво за мажите. Кога жена ќе биде осудена на каменување, казната се заменува со 100 удари со камшик, наводно похумана метода наменета за понежниот пол. Земјите во кои каменувањето е активно се : Авганистан, Нигерија, Иран, Пакистан, Судан, Саудиска Арабија и Обединетите арапски емирати.

C823443F61B2FB4D9C201CE52F63D606.jpg
10. Гарот

Гарот е втората форма на егзекуција која веќе не се користи во ниедна држава и е најстрого забранета со меѓународното право. Гарот претставува форма на одземање на живот со давење, кога затвореникот е поставен на специјален стол и му е фиксирано телото. Тогаш на вратот му се поставува жица која е врзана на двата краја со дрва. Егзекуторот ја вика жицата вртејќи ги дрвата, а затвореникот умира во огромна агонија. Овој метод на егзекуција бил измислен и долги години користен од француската легија на странци. Меѓу последните земји кои го користеле овој начин на егзекуција се Шпанија до 1978 година и Андора до 1990 година. Последен кој бил усмртен на овој начин е Хозе Луис Церветиго во октомври 1977 година, обвинет бил за силување и убиство.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6B7AD2882C74044DB90DD9157FA242FC
 
Абе смртна казна под итно. Што е ова, кој му текне ке земе пушка ке убие некој и ке лежи у затвор 12-13 години и пак го пуштаат.
Еве и нај свежиот пример со полицајците (алфите) што ги нападнаа кај ПМФ.
Тоа се бандити кои имаат цел да убиваат со претходно смислен план. Таквите не заслужуваат да живеат. одма на бесилка.Па да видите дали ке се дрзне некој друг да прави такви глупости.
 
Смртна казна би требало да се воведе и во Македонија, затоа што има ѕверови кои убивале, силувале, правеле огромен криминал, и за возврат од државата добиваат награда цел живот да лежат во затвор како животни, и уште полошо државата од нив има двојна штета, а никаква корист. Првата штета ја имаат направено со самиот чин поради кој завршиле во затвор, а втората е што државата треба да ги рани доживотно, а што е најтрагично може да избегаат од затвор и пак да го повторат делото. Затоа и од економска страна пооправдано е, а воедно и порационално да се плати само еден метак, отколку да се дава секој ден јадење, второ и затворите малку ке се подиспразнат, и трето и најважно ке си го добијат она што им го направиле на другите. Не сакам да ме сфатите дека сакам да има талион, меѓутоа кога може да има смртна казна во сите "поголеми" демократии како Америка зошто да нема и кај нас.
 
Јас мислам дека треб да има смртна казна само за овие што убиват:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom