Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 5.312
- Поени од реакции
- 8.606
Краток и јасен беше одговорот, тоа што во Сахел го правеше Франција сега сака да го прави Русија. Проблемот е што русите немаат големо искуство во Сахел и импровизираат за разлика од французите кои со векови го контролираат тој регион и точно знаат што прават. Народот очекуваше промени а го доби истото што го имаше само во различна амбалажа. Сега французите ветуваат промена на политиките и партнерски однос за разлика од претходно и го искористуваат разочарувањето и со истите структури со кои претходно беше извршен државен удар да го повторат само во нивна корист.
Вообичаено глупости се пишуваат за Африка, посебно за Сахел затоа што ситуацијата во овој регион е далеку покомплицирана за разлика од Украина и Иран, меѓутоа тоа не може да се осознае од Спутник и Телеграм.
Прво тие народи таму се исклучиво чувствителни (неодверливи и сосема оправдано) во контактот со белци, потребен е многу внимателен пристап кој русите не можат да го доловат преку структурите на вагнер или африкански корпус, исти производ е тоа (ГРУ).
Еве видео од човекот кој наводно им ги води операциите таму, Генерал Сергеј Суровикин.
Тука е стандардната религиозна поделба која моментално е жестоко амлифицирана од исламски структури кои се предводени од Турција со помош од земји како КСА/Катар а веројатно ги води имамот Мурат Бајарал подолу,
Паганските или локални верувања на големо се заменуваат со исламот, тоа се реализира во најголем дел на исклучително сиромашни региони каде нема основни животни услови и скоро да нема образование, тоа се реализира со изградба на џамии кои имаат свои агрегати, бунари за вода, а тие кои се редовни во молитивите добиваат пари, облека и основни прехрамбени продукти. За возврат се максимално религиски индоктринирани. Французите го постиснуваа влијанието на овие исламски структури, за разлика до русите кои воопшто не ја третираат оваа проблематика. Религиозните поделби сега се на ниво на раздор низ цел Сахел.
Уште еден битен момент покрај религиозниот е племенскиот, иако во најголем дел ако некое племе поприма религиозна индоктринција тоа важи за сите припадници, поголемите племиња во суштина се воени формации и нивните поглавици добиваат високи офицерски чинови, лојалноста им се купува со месечни исплати од страна на онаа структура која во даден момент ја држи во раце централната власт и скоро неограничено владеење на територијата врз која имаат контрола т.е типични воени лордови (war lords), ако се работи за сродна религиозна структура таа лојалност е нешто подалобака, во спротивно се работи за односи кои се сведуваат на темпирана бомба. Така да и ова што до сега опстојуваат Буркина Фасо/Мали е на некој начин успех и тоа повеќе од аспект на премостени интереси на французите отколку на успешно руско (а и кинеско) делување.
Менталитетот на населението во Сахел е апсолутно некомпактибилен со начинот на делување на русите и кинезите, за разлика од французите кои познавајќи ја одлично таа популација верувам дека до сега припремиле соодветна стратегија да продадат некоја друга приказна од типично колонијалната. Она што французите не успеале да го постигнат со суровост, американците беа несупешни во истото со спротивен, позитивен пристап. Не се работи толку за ресурсите кои се истураат во Сахел колку што е во прашање правилниот пристап.

Последно уредено: