Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Овој не чинел, оној не чител. Епа иди ти кандидирај се па за тебе да гласаме ако не. Ај чекавме триесет години, ќе почекаме уште толку да ни падне од небо таа магична трета опција која е перфектна во секој поглед и конечно ќе ни ја оправи државичкава.
 
Ќе ги избрише долговите во одредени средини. Ти као нормален човек направи долгови да те видам. Све је исто, само њега нема.
И да, не е законски, освен ако не се работи за социјални категории граѓани
 
Последно уредено:
Јас еве не гледам од аспект на симпатизер на Левица. Но реално ако гледаме, најдобрата варијанта се како трета опција.

Како мала и сиромашна држава, политичарите е нормално да се корумпирани и алчни за пари. Сите ние би биле такви. Но луѓе, ништо не се прави преку ноќ. Двеве партии не направија ама баш ништо добро во овие 30 години.

Пензионерите и неуките ги држат на власт реално гледано. Секако дека има исклучоци и дека има паметни, образовани млади луѓе и во двете структури. Еве видетеа само анкетава на Кајгана. Левица е втора и диши во врат на првиот. Зошто? Затоа што гласале воглавно помлади луѓе.
 
Ќе ги избрише долговите во одредени средини. Ти као нормален човек направи долгови да те видам. Све је исто, само њега нема.
И да, не е законски, освен ако не се работи за социјални категории граѓани

Во тие средини кај што ќе брише долгови, истите не биле никогаш на дневен ред за плаќање, така да оваа мерка нема да му донесе ништо посебно наклонетост.
Убав гест , ама сепак ќе биде приморан да ги одоброволува чаушите во средините што не плаќаат струја со некои други мерки, како градежни дозволи, вработувања, дозвола за продавање кокаин и слично.
 
Кој вели дека не сум го направил тоа? Пред 4-5 години Апасиев ме купи кога беше на дебатна емисија на Телма, емисијата која беше како одскочна даска за Апасиев и после тоа го запозна пошироката јавност. После тоа членови на Левица, сега веќе бивши, РАСТУРАА по дебатни емисии. Млади, образовани, со речник и муабети со факти. Со голем дел од нив се знам и лично сме разговарале на кафемуабет.

Факт е дека потесното членство се млади начитани деца. За разлика од Ѓорчев, Костадинов и ред други помлади членови од двете најголеми партии кои блага веза немаат. Ни свој став ни образ ни ништо. Само препукување, тепање по глава со свој камен и укриување на противникот.

И не за џабе ги земам за пример Костадинов и Ѓорчев. Ми текна на емисијава па погледнетеа ако имате време. Тројцата се викнати да дебатираат за некој суштински проблем, а дебатата ја користат за друго, односно за партиско препукување. Колку дрско и невкусно. За жал ова е пракса и кај постарите и кај останатите помлади членови на двете партии. (Пример за тоа: Гледајтеги седниците во парламент) Наместо да сработат и да предложат како нивната партија ќе се соочи со некој проблем, тие минутите ги користат за обвинување на противникот и за свое возвишување. Македонијо разбудисе...:(:(
Во дебатната вечер грешката е кај водителот или водителката шо не им поставуват правила на игра и да не им се дозволит да ми се курчат таму...ама така е кога е све корумпирано и немаме независни новинари и тв.
 
Ќе ги избрише долговите во одредени средини. Ти као нормален човек направи долгови да те видам. Све је исто, само њега нема.
И да, не е законски, освен ако не се работи за социјални категории граѓани

Ова е за љопките ама неможе да каже јавно дека e за нив. Ама сите знаеме.
Македонец кај смее да не плаќа.
И добро е генерално све негативни коментари, пошо сите што сме си плаќале на време испаѓаме глупи.
 
Последно уредено:
Ни со подржувачи на терористи не се сликаше, туку со албанци.
И нема смисла подржувач на терористи кои сакаат да ја снема државава да се сликаат со премиерот на истата држава.
Интересно!
Има смисла ова што пишуваш, значи сакаш да речеш дека подржувачите на терористите и терористите биле “албанци“?
(Албанци се пишува со голема буква)
Ваква искреност не очекував од тебе.

(има и такви кои говорат дека во Македонија живеат само Македонци, според новите дефиниции за постоење на македонска нација која пак е составена 67-68% од припадници на Македонскиот народ и останато етнички малцинства ама тоа беше претходното гледиште сега сите топ-тан станаа Северџани.)
 
120 гласови нема да излегуваат на гласање... поооооо та чиш нон!

Ќе го ебат политичариве..... ::D

И што ако не излезат ? Џам ќе свиткаат, сдсм-дпмне-дуи процентуално пак ќе си добијат сличен број на гласови/пратеници и ќе продолжат да не стрижат..

Единствено признавам да не гласаш на избори е ако планираш за брзо време да киднеш од државава
 
И што ако не излезат ? Џам ќе свиткаат, сдсм-дпмне-дуи процентуално пак ќе си добијат сличен број на гласови/пратеници и ќе продолжат да не стрижат..

Единствено признавам да не гласаш на избори е ако планираш за брзо време да киднеш од државава
Јас мислам ако малку излезат на гласање толку ќе се усрамат пратениците што ќе ги вратат мандатите. А пред да ги вратат мандатите ќе ги укинат едногласно пратеничките плати, ќе го вратат името, знамето и целиот устав од 1991 и тоа со 123 гласа ЗА!...а да и веднаш ЕУ ќе не прими на местото на Велика Британија за помалку трошоци да имаат за столчиња.
 
83874541_3376685892348410_3770399163200569344_o.jpg


Миленко со легитмно прашање, како може левица да има 40.000 гласа (проекција), а да не може да се собере потписи за пререгистрација на партијата.
Истото и јас си го поставив вчера, кога уствари го прочитав статусот на Димче Апасиев, дека отвараат нов штаб и сеуште е во тек собирање потписи за пререгистрацијата на партијата :tvg:
 
Последно уредено:
83874541_3376685892348410_3770399163200569344_o.jpg


Миленко со легитмно прашање, како може левица да има 40.000 гласа (проекција), а да не може да се собере потписи за пререгистрација на партијата.
Истото и јас си го поставив вчера или завчера, кога уствари го прочитав статусот на Димче Апасиев, дека отвараат нов штаб и сеуште е во тек пререгитрацијата на партијата :tvg:
Па не е исто 40000 да те заокружат на избори, и 40000 да сакаат да одвојат 3 саати од нивниот живот и 600 денари за нотар.
 

Леле, Ѓорчев, Демири и Косте биле на заедничко место. Овде да имало бројчаник за антипатичност ќе отишол до 999.999 за 3 секунди, Baby на Џастин Бибер има помала антипатичност отколку у ова видео со овие тројца. Mислам некој на заебанција и тролање ги собрал овие заедно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom