Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
СЈО влегува во ЈO.
СЈО беше создаден бидејки ЈO не функционираше. Сега ЈO , без никакви реални реформи таму, ќе ги санира штетите на СЈО.
Значи почнуваш од една лоша ситуација, ја заговнуваш ептем , и молиш Бога да се вратиш на почетокот.

Реформи , луѓенца, идеме напред.
 
Последно уредено:
Што има да се брани вемерото за приватизацијата. Таа речиси целосно се реализира во времето на Бранко. Проблемот кај приватизацијата е што се виде алчноста на луѓето, користејќи ги законските можности за „ич пари“ да се приграби имот (фирми) и потоа да се растурат повеќето.
Па реално Љубчо и не можеше да направи „нормална“ влада. Плус, тогаш беше во друг филм, патриотски, и кадровиот капацитет беше мал, а и капацитетот на сите уште беше мал, во врска комбинаторики, искуство, расипаност...
Вмро имаше капацитет, добар дел членови на експертската влада беа "вмровци" или учествувале во разни конспиративни дејности во минатото ЗА Македонија, иако се нарекуваше експертска. Па првиот човек беше од вмро.
Таа речиси целосно се реализира во времето на Бранко.
законот и најголемиот дел од фирмите, ударната тупаница. Што не ги мие другите политичари и олигарси од десна провиниенција кои продолжија со истата, дури иако ја најавуваа, никако не ја остварија ревизијата...ај да не дефокусирам повеќе со тој дел од минатото, само те молам не ја искривувај барем поблиската економска политика и историја, срамота е.
 
Последно уредено:
Ова некако не ми е јасно со ова “алчноста“ мислиш на луѓето што приватизираа(ограбија) или на луѓето што се приватизирани (народот)?
затоа што може и така и така да се толкува.
Тие што приватизираа. Дивјачки ги искористија законските можности. Плус, проценителите на фирмите исто завршија работа, проценуваа дампинг вредности.
Државата ќар не виде.
Инаку, јас сум за приватизација, дури мислам и она што е останато, што може, да се приватизира. Дури и државната административна работа каде што може да е со приватно партнерство.
 
Dont get me wrong, i wouldnt piss on this creatures even if they were on fire,

Ама приказната не стои така едноставно, вообичаено нештата не се баш така како шо изгледаат т.е како некој ни ги сервира. Кики лично знам дека има многу погадни нешта одработено и има стомак да го свари сево ова, но не би мрднал со прст без изим од некого повисоко позициониран од него.

Премногу крупни риби се во игра а таквите имаат како шо гледаме поврзаност со помоќни структури чак и надвор од територијава, паметен е Кики до толку. Друго се низ битолскио виљает е шо би рекла Бонева Силванева изрекетирано, и тоа ненормално изрекeтирано. Нема фирма во Битола шо не а рекетирале Кики, Цуци и компанија :icon_lol:

Додуша кај нас таков е редот, со рушвети и адети ;)
Дефинитивно имале амин од повисоко позиционирани од нив. Сите знаеле, цела политичка елита. Далеку од тоа дека д грејт лидер, немал информации или се противел на тоа, тоа е дел од пакетот да бидеш на чело на една од двете големи партии кај нас. Чекаа ко волци 11 години во опозиција, таа потисната фрустрација се манифестира неконтролирано после толкав период :). Само верувам дека не било за негов бенефит, го тангирало онолку колку што е потребно за да не искочи во јавност.
Штом искача и им ја пресекоа папучната врска, значи се предмет на некој дил, како што гледаме сега.
 
Вмро имаше капацитет, добар дел членови на експертската влада беа "вмровци" или учествувале во разни конспиративни дејности во минатото ЗА Македонија, иако се нарекуваше експертска. Па првиот човек беше од вмро.
законот и најголемиот дел од фирмите, ударната тупаница. Што не ги мие другите политичари и олигарси од десна провиниенција кои продолжија со истата, дури иако ја најавуваа, никако не ја остварија ревизијата...ај да не дефокусирам повеќе со тој дел од минатото, само те молам не ја искривувај барем поблиската економска политика и историја, срамота е.
Ако ти се дискутирај, редно е да престанеш со „срамота е“ и сл. Јас не користам такви изрази. Нека му е срам на секој што се огрешил.
Првата влада според мене не беше баш вмровска. Кљусев не беше вмровец. После стана, во владата на Љубчо беше министер за одбрана, ама стана од лични (семејни) причини. Вмровец беше Димитров, татко му на денешниов за надворешни, Мартин Тренески, Лепавцов.. на друг не ми текнува... Наумов мислам дека беше. Ама партијата немаше моќ да ја контролира владата.
А ревизија е „тенка“ работа. Прво, по закон се приватизирани. Нечесно, ама законски.
 
Тоше кариера направи со плагијати. Кога веќе земаме од други, редно е и ние да дадеме малку.

- https://www.youtube.com/watch?v=c_sl169Cahs
- https://www.youtube.com/watch?v=_DGl-kuGWrg
- https://www.youtube.com/watch?v=G9MnUbdhCa0

На Владо Јаневски мислиш. Овие се препеани од песните на Тоше. Грците и од Србите и Бугарите крадат, а не само од нас.
 
Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и Охрид
https://kajgana.com/drzhavata-kje-gi-prezeme-ingerenciite-vo-gradezhnishtvoto-od-struga-i-ohrid

E сега ми падна камен од душа. Конечно, после толку децении уништување ќе се наредат работите.[DOUBLEPOST=1563544723][/DOUBLEPOST]
На Владо Јаневски мислиш. Овие се препеани од песните на Тоше. Грците и од Србите и Бугарите крадат, а не само од нас.
Песните не се наши, туку на тој што ги има авторските права по смртта на авторот.
Не крадат Грците, Русите и Бугарите, туку некои пејачи од таму.
А тие што крадат не крадат од нас, туку од авторите на песните.[DOUBLEPOST=1563544920][/DOUBLEPOST]
Тие што приватизираа. Дивјачки ги искористија законските можности. Плус, проценителите на фирмите исто завршија работа, проценуваа дампинг вредности.
Државата ќар не виде.
Инаку, јас сум за приватизација, дури мислам и она што е останато, што може, да се приватизира. Дури и државната административна работа каде што може да е со приватно партнерство.
Прво ги уништија фирмите (за да им ја намалат вредноста), а со тоа уништија благосотојба на многу семејства на вработени. Потоа нетранспарентно си ги купија за без пари. Поточно би било да се каже дека си ги поделија меѓу себе. Бранко и компанија. Тоа е најголемиот грабеж во историјата на земјава за кој никој не се сеќава денес, ниту го спомиња.
Така се изградија стартните позиции, од кои се правеа нови ујдурми.
На пример, Орце.
Како почнал? Од кај му капитал да почне?
Татко му се офајди од Македонија Спорт (преку погоре споменатиот модел на Бранко) и тоа се неговите почетни пари. Украдени.
 
Последно уредено:
На пример, Орце.
Како почнал? Од кај му капитал да почне?
Татко му се офајди од Македонија Спорт (преку погоре споменатиот модел на Бранко) и тоа се неговите почетни пари. Украдени.

Кога почна да се шушка дека се краде Македонија спорт, се запалија магацините и осигурувањето покри све :)
 
Кога почна да се шушка дека се краде Македонија спорт, се запалија магацините и осигурувањето покри све :)
Никаков проблем нема и не може да има, кога работата ја турка премиерот и неговите другари.
 
Јас знам дека е роден во Сараево, а потекнува од охридското село Слатино мислам, кај Издеглавје, Дебрца.[DOUBLEPOST=1563535542][/DOUBLEPOST]
Не видов дека си го пишал ова, па и јас за Слатино напишав.
Да од Слатино е. Таткому таму живееше во пензионерските денови и таму е закопан, пред 3-4 години мислам дека почина. Ставрески е од Велмеј, Гоца од Издеглавје, Трајко Вељаноски од Слатино и др.
 
Вмро имаше капацитет, добар дел членови на експертската влада беа "вмровци" или учествувале во разни конспиративни дејности во минатото ЗА Македонија, иако се нарекуваше експертска. Па првиот човек беше од вмро.
законот и најголемиот дел од фирмите, ударната тупаница. Што не ги мие другите политичари и олигарси од десна провиниенција кои продолжија со истата, дури иако ја најавуваа, никако не ја остварија ревизијата...ај да не дефокусирам повеќе со тој дел од минатото, само те молам не ја искривувај барем поблиската економска политика и историја, срамота е.
ВМРО-ДПМНЕ имаше и има муда од лабуда. Инаку тоа е партија создадена од група која од денешен аспект би ги нарекле национал-романтичари. По случувањата и нејзиното срамно (оваа со зборот срамно е специјално за @Ѓорѓи, и да се знае Ѓорѓи дека треба да се користи вокабулар кој одговара а зборот сосема добро го отсликува однесувањето кое е токму такво) учество во промената на Уставот и името Македонија, не знам со кое право и образ го носат името ВМРО. Набрзо таа партија беше преземена од Германците со многу големо учество на бугаромани од многу нивни истакната членови, така што денес функционира како филијала на тие интереси - погледни ги нивните челни луѓе сите се до еден деца на Берлин. Еден од нив кој е татко на денешниов министер за надворешни дури и отворено пласираше тези за Бугарски карактер на Македонија и Македонците. Набрзо се создаде јадро од бизнисмени, настанат со механизми на првобитна акумулација на капиталот, на таа партија и тие до ден денешен ја користат партијата за свои бизнис интереси. Идентична е ситуацијата и кај овие СДСМ, со тоа што овие функционираат како радодајка, тие се со оној кој ќе ги инсталира на власт, инаку сите порано припадници на тнр црвена буржоазија.
Намерно се избегнува да се говори за минатото со цел да се истото прикрие се додека не дојде време истото да се ретушира, а проблемите потекнуваат од минатото и со време само се акумулираат, како лек се користи меморијата на златната рипка.
 
Ја немам проблем со името на земјава да биде Северна Македонија, се додека придавките македонски, официјално се запазени.

67122347_2296412563746349_6515176834949185536_o.jpg


Идентитетот бетон...:kafence:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom