Бакојани: Пред 10 години како сопартијци со Каменос поддржавме сложено име
Откако си замина од Неа Димократија и стана коалиционен партнер во владата, Панос Каменос не прифаќа сложено име со терминот Македонија за нашата земја, впрочем тоа го има кажано и за Канал 5.
СподелиСподели
Дора Бакојани пак, го потсетува дека пред 10 години како сопартијци заедно поддржале сложено име.
А токму поради дијаметрално спротивните позиции на коалиционите партнери СИРИЗА-независни Грци, лидерот на малата грчка партија сојуз на централисти бара од владата да каже со кои позиции учествува во преговорите.
Сега не прифаќа никакво сложено име со терминот Македонија, во минатото како пратеник на Неа димократија, дури два пати гласал за. Поранешната шефица на грчката дипломатија, говорејќи за радиото Атина 98.4, вели дека Каменос во минатото, пред 10 години, немал проблем со сложено име.
-Да потсетам дека лично господинот Каменос, 2 пати, 2 пати, не еднаш, гласаше, и на комисијата за надворешни прашања и одбрана и кога ја гласаше програмата на Костас Караманлис, гласаше за сложено име со географска одредница, ерга омнес. – изјави Дора Бакојани – пратеник на Неа Димократија, за радио Атина 98.4
Сириза и Независни Грци не ги обединува ништо друго освен владината фотелја- коментира Бакојани, додека пак претседателот на малата партија Сојуз на централисти, од собраниската говорница за време на расправата за буџетот за 2018 побара од владата да каже која е нејзината преговарачка позиција.
-Прашувам, во преговорите, како учествуваме? На кој начин учествуваме, до каде можеме да отстапиме?која е позицијата? Странците инсистираат или сега или никогаш. И можеби еден маневар на Ципрас е да каже одиме на избори и да одлучи народот. Станува збор за сериозно прашање. И владата на Мицотакис во 93та падна поради прашањето на Скопје.И бидејќи од Лариса нагоре, за никој Мицотакис или Ципрас, луѓето не се подготвени да го дадат името. Тоа го сметаат за предавство. – изјави Василис Левендис – претседател на Сојуз на централисти.
Според тоа како во овој момент стојат работите во Грција, евентуалното решение на името, во грчкиот парламент, нема да го поддржи ниту Панос Каменос, ниту пак опозициската Неа димократија, која бара од грчката коалициона влада да има единствена и заедничка позиција.
https://kanal5.com.mk/articles/3033...opartijci-so-kamenos-poddrzhavme-slozheno-ime