курајбер
млад, потентен
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 17.681
- Поени од реакции
- 55.515
Сега Северџаните се соочуваат со реалноста што цело време не можеа да ја увидат оти со главата се во облаците или евентуално во шупакот на некој европски чиновник. Сега прв пат ги плеска од фаца фактот дека со сила насаден договор за промена на уставно име, тргање на АСНОМ и практично ревидирање на темелите на државата ќе донесе трајни и комплексни последици на долг рок.
Сега како наеднаш се шокирани од тоа дека на добар дел од луѓето им смета новото име, не гледаат никаква поврзаност или емоционална врска со новата творевина или си се подјебаваат со севердонија. Оти изгледа си мислеа дека лојаноста ќе биде безусловна и по default ќе продложи за новава творевина и покрај касапењето и менувањето на името надвор од сите демократски правила.
Фактот е дека резот е направен на подлабоко ниво од партиските поделби и сега не секој ја чувствува новата држава како своја татковина.
Редефинираат патриотизам бе. Оддеднаш предаваник стана тој што му пречи тоа име, а патриоти станаа они, што имаат налог да го користат каде треба и не треба за да го нормализираат и да го бутаат со инка додека не му дојде природно на народот. И сега реакцијава прати им ја само, дрва и камења, пцуења и вреѓање зошто на една банална манифестација народото одбивал да ја поддржи Тамара.
Процесов на легнување на брашно со тоа име и општо, помирување на народијата не им иде баш сега за сега. Ова многу веројатно ќе се префрли и на фудбал и на ракомет, поготово кога ќе почне Грција да дели заушки за разни скандирања и симболи.
Одеднаш како да се најдоа сами, они и племето на една страна и никој друг не ги игра.

