Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И што е најинтересно албанците се многу посвесни за тоа од македонците, затоа што мнозинството албанци не му даваат повеќе подршка на ДУИ, што не може да се каже за македонците, очи си вадат за СДСМ и за ДПМНЕ.
И Македонците се свесни. Ама едни подлегнуваат на притисоци, други на лажни ветувања, трети се продаваат за вреќичка брашно или пакет зејтин...

А (барем досега) Албанците исто „веруваат“ во ДУИ. Можеби од истите причини како Македонците...
 
Бројките на избори не кажуваат така, албанците се помалце гласаат за ДУИ
 
Бројките на избори не кажуваат така, албанците се помалце гласаат за ДУИ
Точно е дека ДУИ имаат се помалку гласови но точно е и дека децата кои се родени во времето кога ДУИ дојде на власт сега веќе ке влезат во полнолетство а заминувањето на ДУИ од власт не е ниту на повидок. Имаат сигурен мандат уште две години а и не се толку ослабнати да на наредни избори не се надеваат на повторна победа во албанскиот блок посебно што сега имаат и некој резултат во смисла на двојазичност, спикер во парламентот кој има големи шанси подолго време да ја врши и функцијата претседател на државата, влез во нато.
 
Не сум сигурен дека ќе ги помилува. Под голем притисок е. Го принудија да го повлече помилувањето, дали ќе има храброст повторно да помилува???

Мандатот не мораше да му го даде. Уставот не го обврзува на таков чин. Заев го доби мандатот надвор од уставните рамки.
Наместо да се пополни таа празнина во уставот, тие го отвораат за да го сменат името и повторно го затвораат.
Повлекувањето на помилувањата според мене е неуставна и незаконска работа и мислам дека обвинетите и осудените можат да се повикаат на помилувањата и да бидат ослободени. Ако кај нас не помине (заради Кацарска судството), во Стразбур сигурно може. Очекувам тоа да се случува, ако нешто не се промени.

Е сега, за правење на влада. Според мене, работава може да се гледа од повеќе страни. Една од можностите мислам дека е и Заев да не добиеше влада, зависи како гледаме.
Уставот вели:

Член 90
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.


Груевски (коалицијата на ВМРО ДПМНЕ) како партија со најмногу мандати, доби и не состави влада. Во член 90 не пишува што во овој случај, па може и ништо понатаму да не се стори. Од друга страна, не е дефинирано како да се утврди кои партии имаат мнозинство во Собранието. „Лимбо“ ситуација.
 
на повторна победа во албанскиот блок посебно што сега имаат и некој резултат во смисла на двојазичност, спикер во парламентот кој има големи шанси подолго време да ја врши и функцијата претседател на државата, влез во нато.

Ова се тие патриотски глупости што не палат повеќе кај албанците, а кај нас земаат се повеќе замаф.[DOUBLEPOST=1554884904][/DOUBLEPOST]
Повлекувањето на помилувањата според мене е неуставна и незаконска работа и мислам дека обвинетите и осудените можат да се повикаат на помилувањата и да бидат ослободени. Ако кај нас не помине (заради Кацарска судството), во Стразбур сигурно може. Очекувам тоа да се случува, ако нешто не се промени.

Оти уште си ја мачиш душата со уставот кога гледаш дека нема никаква логика :)

Три години за тоа се расправаш на форумов, а нашиот правен систем е исто како автобусот од К-15. И Цацко знае шо му е

 
Последно уредено:
Работата е во тоа што еднаш бришана одредба неможе да се врати во сила на ниеден начин освен ако законодавецот (парламентот) повторно не донесе таква одредба. Уставниот суд може само да укинува одредби за кои смета дека не се во согласност со уставот, но нема право и неможе да стави во важност одредба која е бришана, со тоа навлегува во законодавната дејност во која нема ингеренции. Затоа одлуките на Уставен секогаш гласат СЕ УКИНУВА а никогаш не гласат СЕ ПОНИШТУВА. Во правото постои огромна разлика помеѓу тоа ,,се укинува,, и ,,се поништува,,. Имено, укинувањето има дејство од сега па натаму и сите правни последици кои ги предизвикала укинатата одредба си остануваат, што во конкретниот случај значи дека на пример сите помилувани врз основа на укинатите измени си остануваат помилувани, одредбите кои со измените се бришани ,,си остануваат бришани,,. Додека поништување значи дека поништениот акт ,,не бил донесен,, се поништуваат и правните последици кои тој акт ги предизвикал додека бил во сила, во конкретниот случај ако на пример некој бил помилуван согласно укинатите измени тогаш доколку Уставен донел одлука со СЕ ПОНИШТУВА тогаш со таа одлука се поништуваат и помилувањата дадени со поништениот акт и сите други последици кои ги предизвикал вклучително и ,,бришењето,, на чл.11 и тој повторно би бил во важност, но уставен не смее и не носи такви одлуки. Еве ти и по пластично објаснување на разликата помеѓу укинување и поништување, па ваљда ке ја сватиш логиката по која Шкариќ и Силјановска објаснуваат: Ако на пример, Фондот за ПИО донесе решение со кое стекнуваш право на пензија и по тоа решение си земаш пензија 1 година по што Фондот од х причини носи решение со кое СЕ УКИНУВА решенитето со кое ти дале пензија тогаш последиците од укинувањето се дека ти во иднина нема да земаш пензија, додека ако најде дека од х причини треба и донесе решение со кое СЕ ПОНИШТУВА,, решението со кое ти дале пензија тогаш не само што во иднина нема да змеаш пензија туку ке треба и да ги вратиш парите кои си ги примил како пензија по основ на поништеното решение. Занчи Ѓорѓи, со укинувањето на измените не се укинува бришењето на чл.11, укинувањето нема повратно дејство.
Ова е толкување онака како што ми одговара. Собранието го нема избришано тој член 11. Кога го избришало? Со измените, да, се брише членот, но Уставен го поништи тој закон за измени. Штом е поништен, тој не важи, односно, не важи бришењето... и се останато. Друго ќе беше ако собранието екплицитно го избришеше член 11, како нов закон.
Ова е како самопослуга, СДСМ си прави тезга од законот. Јасно е дека се укинуваат законите, односно, се што произлегло од него, промените не важат, ако не важат, важат непромените. Појасно здравје.
Кажи ми кога е укинат член 11. Никогаш. Кажи ми валиден закон со кој е укинат.
 
Не штитам никого. Фактите се неумоливи.
СДСМ:
150 000 државјанства на луѓе од Косово;
Територијална поделба;
Закон за двојазичност;

ВМРО:
Амнестија за хашките случаи;

СДСМ:
Назначување на претседател на собрание на терорист, борец на УЧК против Македонија.

ВМРО:
Назначување на министер за одбрана на терорист, борец на УЧК против Македонија.
Дозволување во државата да се поставуваат бисти, споменици на борци на УЧК.
Дозволување незаконски да се преименуваат училиштата со албански називи, со тргнување на плочата на која пишуваше на македонски јазик, и поставување нови само на албански јазик.

Законот за јазици и знамиња мислам дека беше дел од рамковниот договор, така што тоа нема да го впишам тука во листата (иако поставувањето на 50 метарското албанско знаме во Тетово не би рекол дека беше во согласност со овој договор.).
 
Ау ако нема цензус и рокнат избориве, па после истото наредно и парламентарните...
 
Познато ви е ова од негде:

https://tocka.com.mk/vesti/303853/neizvesno-vo-izrael-i-netanjahu-i-opozicijata-proglasija-pobeda

Или ова:

https://www.novamakedonija.com.mk/svet/ердоган-опозицијата-не-може-да-прогла/

Или ова:

https://daily.mk/vesti/neizvesno-kraj-gruevski-zaev-proglasija-pobeda-2

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Како сите еден газда да имаат...Сорос ли е, Хилари ли е или Бабата :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1554887183][/DOUBLEPOST]
Ау ако нема цензус и рокнат избориве, па после истото наредно и парламентарните...

Сите избори нема да имаат цензус...кад је бал, нек је маскенбал :pos::pos::pos:
 
Ова со Бранко што им дал државјанство на косоварите, станува збор за бегалците од 99та што ги згриживме по бегалски кампови, па потоа останаа тука и не се вратија во Косово?
 
Ова со Бранко што им дал државјанство на косоварите, станува збор за бегалците од 99та што ги згриживме по бегалски кампови, па потоа останаа тука и не се вратија во Косово?
да, но тоа и не му е најголемиот грев
 
Ова со Бранко што им дал државјанство на косоварите, станува збор за бегалците од 99та што ги згриживме по бегалски кампови, па потоа останаа тука и не се вратија во Косово?
Не, не се тие. Се мисли на Албанците кои од Косово се населуваа во Маќедониа, во голем број, но за време на СФРЈ, што е населување во иста држава. Тие добија државјанства 1990 и втора трета.. тоа време. Се вртат бројки од 150,000 државјанства.
Тие од 1999 беа бегалци и се вратија назад многу бргу. Можеби некои останале, но не е тоа муабетот.
 
Тие од 1999 беа бегалци и се вратија назад многу бргу. Можеби некои останале, но не е тоа муабетот.

Да, и мене ми беше чудно тоа, бидејки и јас знам така, дека тие луѓе се вратија назад во Косово. А за првиот факт од раните 90ти не бев запознаен.
 
Ова е толкување онака како што ми одговара. Собранието го нема избришано тој член 11. Кога го избришало? Со измените, да, се брише членот, но Уставен го поништи тој закон за измени. Штом е поништен, тој не важи, односно, не важи бришењето... и се останато. Друго ќе беше ако собранието екплицитно го избришеше член 11, како нов закон.
Ова е како самопослуга, СДСМ си прави тезга од законот. Јасно е дека се укинуваат законите, односно, се што произлегло од него, промените не важат, ако не важат, важат непромените. Појасно здравје.
Кажи ми кога е укинат член 11. Никогаш. Кажи ми валиден закон со кој е укинат.
Ѓорѓи, Уставен не го ПОНИШТИ членот со кој се брише чл.11, Уставен го УКИНА. Капираш? Јок, се ти е исто, укинување и поништување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom