Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве и вашето најомилено малцинство покажало денеска колку ве сака.
За нив сте каури и каури ќе си останете ама пусто македонче заспано па не може ништо да разбере на време за да не е касно после.
 
Aко некад сте се прашувале - кој прв почна....


Пред 20 години Мирослав Грчев го нацрта ДУП-от за Дебар Маало, сите предвидувања се остварија – хаос, пренаселеност, бетон...
https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pred-20-godini-miroslav-grchev-go-nacrta-dup-ot-za-debar-maalo-site-predviduvanja
Во општина центар во архивата имаше проект Скопје во нео барок,пред 20 и повеке години токму од овој шилименгово изработен,негова идеа.Незнам како Вмро се имаат докопано до проектот и од таму им е дојдена идеата у барок што го направија.Чудно е само како до сега никој не му го извади на виделина.Секое гостовање негово по емисии чекам го поебат,така јавно да му го начукаат ама ништо
 
Во општина центар во архивата имаше проект Скопје во нео барок,пред 20 и повеке години токму од овој шилименгово изработен,негова идеа.Незнам како Вмро се имаат докопано до проектот и од таму им е дојдена идеата у барок што го направија.Чудно е само како до сега никој не му го извади на виделина.Секое гостовање негово по емисии чекам го поебат,така јавно да му го начукаат ама ништо
може си грешка
ја не сум чул за тоа


иначе и вентилаторон е негов
 
може си грешка
ја не сум чул за тоа


иначе и вентилаторон е негов
Ако се докопам ке го сликнам проектот,го имам случајно ѕирнато во едно архитектонско биро.[DOUBLEPOST=1554928036][/DOUBLEPOST]Ништо да не те чуди кај нас со нашиве.Она будалоно што кидна у Будимпешта кога ја правеа оградата на мостон Гоце Делчев дојде и од Мерцедесот извадија 4 канти со различна боја.Вика офарбајте по едно поле со секоја од боиве па ке ви кажам каква боја да го офарбате.Лудакот се возеше со канти боја у гепек :pos:
 
Последно уредено:
може си грешка
ја не сум чул за тоа


иначе и вентилаторон е негов
Ima negova kolumna vo Dnevnik...nekade 2007-08... ja jmav negde vo kompjuterot...ama nemožam da ja najdam.
Na malku visok stil...go kritikuva Grujo kako go zagušil Skopje so novokomponovani zgradi od staklo i čelik koi bile KIČ... a namesto toa trebalo da se vdahni kladičniot arhitektonski stil od predvoeno Skopje, da se vozobnovat stariot teatar!!!!!!...Oficerskiot dom....duhot na ristićeva palata da bidi predvodnik....stariot barok i klasicizam......

Da ne ti se veruva.....

Plus toa markicite vo centarot se negovi...no ima mala izmena. Toj predviduvaše krajot na kameni most da ponira vo prodolženie i da ima kako mal ploštad od drugata strana....a nadolu prema segašen arheološki ina markici...no pomalku....ne kolku što stavi Grujo
Grievci samo go doizmenija veće natrupaniot plan na Grčev
 
Aко некад сте се прашувале - кој прв почна....


Пред 20 години Мирослав Грчев го нацрта ДУП-от за Дебар Маало, сите предвидувања се остварија – хаос, пренаселеност, бетон...
https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pred-20-godini-miroslav-grchev-go-nacrta-dup-ot-za-debar-maalo-site-predviduvanja
Уставниот суд привремено го укина мораториумот во Центар, еколозите бараат антикорупционерите да ги проверат уставните судии
 
Во општина центар во архивата имаше проект Скопје во нео барок,пред 20 и повеке години токму од овој шилименгово изработен,негова идеа.Незнам како Вмро се имаат докопано до проектот и од таму им е дојдена идеата у барок што го направија.Чудно е само како до сега никој не му го извади на виделина.Секое гостовање негово по емисии чекам го поебат,така јавно да му го начукаат ама ништо
може си грешка
ја не сум чул за тоа


иначе и вентилаторон е негов
Не е грешка, само не е до крај прецизен. Сите згради што се изградија во СК 2014 (сем тоа чудото за Мајка Тереза на плоштад што го стопираа сега) се дел од планот на Грчев за тоа како треба да изгледа градскиот плоштад. Скроз исти во габарит и маркици. Е сега дали стилот му бил дефиниран како барок или класицизам, не сум сигурен. Веројатно не му бил.

Инаку и споменикот на Александар Македонски е дел од неговиот план, и тоа баш како таков, споменик на Александар Македонски.
 
Не штитам никого. Фактите се неумоливи.
СДСМ:
150 000 државјанства на луѓе од Косово;
Територијална поделба;
Закон за двојазичност;

ВМРО:
Амнестија за хашките случаи;
...
Додавајте уште. Во моментов тоа ми паѓа на памет. А има, не дека нема...

Ако градот Кичево останеше самостојна општина (без принудно спојување со селата), градоначалник секогаш ќе беше Македонец. Исто и Струга.

СДС:

Закон за знамиња 2005 г. (единствен таков во светот)
И првата амнестија на Хашките беше 2004 г. од страна на СДС и лицето Б.Ц.
 
Инаку и споменикот на Александар Македонски е дел од неговиот план, и тоа баш како таков, споменик на Александар Македонски.

Eve ja odlukata za gradenje na spomenicite......ja imam vo ,,word,,...no ako treba moži da se najdi i vo skenirana forma...

Година: 2004 Број: 12
Датум на издавање: 12/14/2004
Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Програма

Наслов: Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
Текст:Врз основа на член 61 став 1 точка 5 од Статутот на Град Скопје, Советот на Град Скопје, на четириесет и седмата седница, одржана на 30 ноември 2004 година, донесе
П Р О Г Р А М А
за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
I. Вовед

Поаѓајќи од историската позиција и карактерот на Градот Скопје како град со богато историско мината и едно од најстарите цивилизациски жаришта, а сега главен град на Република Македонија во кој се концентрирани најголемиот дел од материјалните и духовните, популационите и стопанските, како и креативните и творечки потенцијали на Републиката се предлага Програма со која се утврдува потребата и обврската на Градот Скопје за одбележување со спомен-обележје на истакнати личности од историјата и културата. Во знак на почит и грижа на граѓаните на Градот Скопје, за зачувување на споменот на нивниот лик и дело, како и со цел да се збогатат јавните градски површини со уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки ќе ја изразат ваквата почит и грижа, се одбележуваат:

II. Личности кои ќе се одбележат
Со оваа Програма, Градот Скопје се определува за подигање спомен-обележје на следниве личности:
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ЈУСТИНИЈАН
ЦАР САМОИЛ
СКЕНДЕР БЕГ
КАРПОШ
ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ
КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ДОСИТЕЈ и
ЛАЗАР ТАНЕВ
III. Податоци за личностите и нивното значење, место каде ќе се подигне спомен-обележје, основните елементи за текстот што се истакнува на обележјето и рокот за подигање се утврдуваат со Одлука на Советот на Град Скопје за секое спомен-обележје одделно.
IV. Извор на средства за финансирање на подигањето и јавното промовирање на спомен-обележјето
Финансирањето на содржините на оваа Програма ќе се остварува од:
средства од Буџетот на Град Скопје;
донации;
Буџетот на РМ;
други извори, согласно закон.
V. Реализација на Програмата
За подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на секое спомен-обележје содржано во Програмата, Советот на Градот Скопје ќе донесе одлука.

За секое спомен-обележје содржано во Програмата, односно за спроведување на постапката за неговото подигање, Советот на Градот Скопје именува одбор за подигање на спомен-обележјето. Составот и делокругот на одборот се определува во актот за неговото именување.
Оваа Програма е отворена и за други содржини, односно може да се дополнува и со други значајни личности. Иницијатива за дополнување на Програмата можат да дадат до Советот на Градот Скопје, правни и физички лица.
VI. Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”.

Број 09-3293/1
30 ноември 2004 година
С к о п ј е

СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАВАЧ,
Страшо Нелковски,с.р.
 
СДСМ:
Назначување на претседател на собрание на терорист, борец на УЧК против Македонија.

ВМРО:
Назначување на министер за одбрана на терорист, борец на УЧК против Македонија.
Дозволување во државата да се поставуваат бисти, споменици на борци на УЧК.
Дозволување незаконски да се преименуваат училиштата со албански називи, со тргнување на плочата на која пишуваше на македонски јазик, и поставување нови само на албански јазик.


Законот за јазици и знамиња мислам дека беше дел од рамковниот договор, така што тоа нема да го впишам тука во листата (иако поставувањето на 50 метарското албанско знаме во Тетово не би рекол дека беше во согласност со овој договор.).

Сите примери на ВМРО, ти се пракси почнати во времето на СДС 2002-2006 г. (со 60 пратеници) ама мал си бил тогаш, па не се сеќаваш.

Nas471g.jpg


КОМАНДАНТИ НА УЧК ВО МВР

Од Редакцијата

Велат дека секое чудо трае три дена. Но, за жал, чудата што учките ни ги приготвуваат траат повеќе од три дена. Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Хазби Лика, со 69 гласа "за" и со 17 опозициски "против", е именуван за заменик на министерот за внатрешни работи, Хари Костов. Колку и да звучи апстрактно, безмалку налудничаво, сепак е реално дека довчерашниот непријател на нашите бранители сега е именуван за втор човек во МВР. Кандидатот за заменичкото место во полицијата, Хазби Лика, ја доби довербата на пратениците дури во вториот обид, откако претходно пропадна техничкото изјаснување во кое за него гласаа само 60 пратеници. Хисни Шаќири (исто така довчерашен "борец" на УЧК) побара поединечно изјаснување, сомневајќи се во резултатите што ги даде техничкиот систем. И покрај обидот на опозицијата да посочи на скудните биографии од кои не можат да се прочитаат квалитетите на идните функционери, сепак ДУИ си ги намести своите команданти онаму каде што посака. Поранешните команданти на УЧК како печурки по дожд "се нацртаа" на важни позиции во власта.

Предизборните и поизборните ветувања на премиерот Бранко Црвенковски дека во власта нема да вклучи директни учесници во конфликтот се разлеаја како меурчиња од сапуница.

http://makedonskosonce.com/old.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce471/Tekst04.html

Првообвинет за масакрот кај Вејце, кој самиот се фали низ Тетово дека како трофеј го чува дома пиштолот одземен од убиениот армиски Волк.

Истиот до скоро беше вице-премиер во владата на Заев. Военото крило на ДУИ, кулминација во својата политичка кариера секогаш имало кога биле во коалиција со СДС на централно ниво, еве увери се сам:


Еве ти уште една мини-биографија на командант Вентили:


Бранот на преименувањата на училиштата почна во 2002 г. со самото доаѓање на ДУИ на власт, па така училиштето Даме Груев во Липково, преку ноќ стана Исмет Јашари (командант на УЧК), а бистата на Даме Груев во училиштето заврши во депонија.

Најголем дел од топонимите, исто така се изгубија во периодот 2002-2006 г. па така Попова Шапка официјално стана Kodra e Diellit (сончева долина), а реката Треска, го доби името Илирида на ниво на општина Сарај.

Сарај ја преименува Треска во „река Илирида“!

Општинските советници на СДСМ, ДУИ, ДПА и ПДП сакаат реката Треска да ја преименуваат во река Илирида, зашто тоа било нејзино старо име, пишуваше вчера весникот на албански јазик „Лајм“.

Според тврдењата на советниците од тие партии, Македонците и го промениле името на таа река по Втората светска војна и веднаш потоа и дале национална и верска симболика. Според нив, пред 1945 година Треска се викала Илирида.

- Целта на нашиот предлог е да се спречат македонските вулгарни тенденции што на оваа река сакаат да и навлечат национални и религиски елементи - изјавил Беким Фазлиу, општински советник од ДПА.

Според неговите колеги-Албанци, кои ја поддржуваат иницијативата за промена на името на Треска, таа река „никогаш не се нарекувала така“, туку ја преименувале Македонците.

Советникот од владејачката ДУИ, Сафет Демири, оценил дека за овој предлог ќе биде запознаен и врвот на неговата партија. Тој верува и оти иницијативата без никакви проблеми ќе помине во општинскиот совет на Сарај, но оти за целосно спроведување на промената на името ќе треба да одлучат и повисоки државни органи.

„Лајм“ најавува и дека општината размислува да ги промени имињата на неколку централни улици во Сарај и во Кондово, зашто биле религиозни.

Градоначалникот на општината Сарај, Имер Селмани, е член на опозициската ДПА.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom