Не треба да гледам никаков потрчко на Вучиќ за да ми каже што човек е Заев... го гледаме сите што правеше дебилот овие 3 години. Што кажуваше за Смилковско, Младенов, Диво Насеље, што ветуваше за името, а што стори до денешен ден.
Уште кога го видов како се слика со албанците од Диво Насеље само ден откако заврши тој настан во кои загинаа 8 македонски војници, знаев дека овој е нетокму. Сомнежот ми се потврди кога на чело на "непартиската" Шарена Револуција тој заедно со Шеќеринска, Царовска, Шилегов и сега веќе неговите Павле и Туфегџиќ фрлаа со боја од прв ред на протестите.
Зоран Заев не е интелегентен човек, впрочем тој е многу глуп и необразован сељак од Муртино, доволно е да му го пратиш речникот кој го користи кога ќе излезе пред медиумите... али таквите луѓе се најопасни, дека најлесно се контролираат, им даваш малку сила и мислат дека го допреле Господ за мадиња. Побогу тој првата година од мандатот ја преспа на Кале во америчката амбасада, секоја втора ден беше таму, и пред да дојде на власт, и откако дојде. Да земам да пишувам што штета има направено човеков на земјава овие три години ќе треба да издадам роман, али најзапаметени ќе останат како човекот (или власта, како сакате) кој го смени името на државата, кој го смени Уставот, кој ги смени имињата на институциите во земјава, и кој потпиша "добрососедски" договори со Грција и Бугарија кои по се изгледа служат само да се променат учебниците по историја што ги учат децава наши.... ах да, и непостоечката Тиранска Платформа.
Повторувам, ова е за само 3 години власт, а замислете да има мандат колку еден Груевски од 10-11 години. Страшно е да се замисли. И знаете што е пострашно од самиот Зоран Заев?
ова...