Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.
Со овој член е предвидена казна со затвор од една до пет години, за секој кој ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа.
Ете пријавете ги тие као миленко и надевајте се на правдина т.е. 1 до 5 години затвор ќорка

успат заборавете на шпоновите кои додека беше маршот на Саздо (пренесуван живо на фб) културно го изјаснија своето мислење.