– Отворени сме за расправа за ова прашање дали да биде консултативен или обврзувачки, на крајот одлуката е задолжителна затоа што граѓаните теоретски може да излезат милион, а ако 600 илјади гласаат за, а 400 илјади гласаат против тогаш политичарите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламетнот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени, рече Заев.
Изјава на Заев, последниот дел внимателно читајте го, ете го решението негово, креативно толкување, автоматски бојкотот сега не значи ништо освен давање аргумент да се изгласа промената на Уставот директно во Собрание, референдумот нема да ги обврзе освен ако не е исплнет цензусот, ќе се смета како и да не се случил.