Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Кармата е кучка , враќа сурово..
Ама ние сме луѓе за разлика од нив.
Господ нека им е на помош , деца гинат у пожарите , тоа е страшно.

Сериозно мислиш дека постои нешто што се нарекува карма, и дека тоа нешто сега им враќа на Грците заради проблемите што и ги прави на Македонија?

Вака, сериозно го мислиш тоа?
 
А шу праиме со пожарите шо беа Битола среќа на грците шо ни пуштија авиони како глувци ќе испоцркавме сите овде или ако нека горат... срам ми е воздух шо делам со ваков народ..
 
...

Инаку, не треба да лицата со инвалидитет (или сл. случаји) да бидат доведени до ситуација да бараат финансиска помош за лекување, фондот треба да покрие 100% ама не, каманизмот е лош.

Е па тоа ми беше поентата на критиката - државата е тука за да им помага на странци, а ја нема кога треба да им помага на сопствените граѓани.
 
Е па тоа ми беше поентата на критиката - државата е тука за да им помага на странци, а ја нема кога треба да им помага на сопствените граѓани.

Тоа е симболичен гест, ништо неможе да помогнеме ние.
Муабетот беше околу коментарите, нивото на култура и менталното здравје на одредена популација позната под медицинското име sendvichus makedonokus. Сериозен дел од популацијата на мајка Македонија.
 
Тоа е симболичен гест, ништо неможе да помогнеме ние.
Муабетот беше околу коментарите, нивото на култура и менталното здравје на одредена популација позната под медицинското име medikus makedonokus. Сериозен дел од популацијата на мајка Македонија.

Но истата сума од тој симболичен гест може да им помогне на многу повеќе луѓе кои очајнички молат за помош во Македонија.

Medikus makedonikus е резултат на 5 (ПЕТ) века поминати под отоманска окупација и потчинетост, не се решава преку ноќ со прогласување на независна држава и испишување на нова страница на историјата, старите навики не умираат преку ноќ.
 
Интересен момент у шареното граџанство е овој напад на солидарност и добрина. Ја од такви борци очекував да се револтираат ради ситуацијата во која џиткале куртони за сега да се делат грантови и да ги мочаат од ќерамиди и нив и нивната борбата, ама ете, на нив проблем им била духовната состојба на фиромјаминот, пресликана преку Миленко и слични ментиши и поврзаноста на тоа со проблемот со името.

Тоа се проблемите, религија, дијаспора, малограѓанштина. Све само да не биде дека Заев им дава по еден golden shower неделно. Само некој трип за big picture.
 
Но истата сума од тој симболичен гест може да им помогне на многу повеќе луѓе кои очајнички молат за помош во Македонија.

Се слагам, 6мил денари треба да ги донираат за наши случаји ама пак ќе речам; фондот треба да плаќа 100% ама со кој ќе се разбереш.[DOUBLEPOST=1532525554][/DOUBLEPOST]
Medikus makedonikus е резултат на 5 (ПЕТ) века поминати под отоманска окупација и потчинетост, не се решава преку ноќ со прогласување на независна држава и испишување на нова страница на историјата, старите навики не умираат преку ноќ.

Лапсус направив, требаше да стои sendvichus makedonokus а sendvichus makedonokus е синдром пост осамостојувањето на мајка Македонија.
 
Се слагам, 6мил денари треба да ги донираат за наши случаји ама пак ќе речам; фондот треба да плаќа 100% ама со кој ќе се разбереш.

Лапсус направив, требаше да стои sendvichus makedonokus а sendvichus makedonokus е синдром пост осамостојувањето на мајка Македонија.

Не не, убаво си напишал на почетокот, medikus makedonikus е соодветен израз, бидејќи станува збор за состојба која трае подолго - од пред осамостојувањето на мајка Македонија.
 

Capture.PNG

Да направам статистика колку пати е спомнат геноцидот врз македнците од Егејска како причина а господ/бог како егзекутор? (во коментари)
 
Крајно подло и мизерно е човек да се сити на несреќата на друг. Збориме дека сме мирен народ, гостопримливи и солидарни...од секогаш ми биле смешни и патетични овие класификации. Ние сме лицемери, ништо повеќе.
А тоа колку сме примитивни говори и фактот што ваквите несреќи ги поврзуваме со натприродни сили, божја казна, карма за вековните неправди. Загинале стотина луѓе во ужасна смрт, меѓу нив и деца кои што поим немаат ни од политика, ни од историја.
Ова што го правиме е одлика на мали, ситни луѓе, огорчени човечиња исфрустрирани од сопствената маленкост и немоќ да направат нешто околу тоа.
 
– Отворени сме за расправа за ова прашање дали да биде консултативен или обврзувачки, на крајот одлуката е задолжителна затоа што граѓаните теоретски може да излезат милион, а ако 600 илјади гласаат за, а 400 илјади гласаат против тогаш политичарите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламетнот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени, рече Заев.

Изјава на Заев, последниот дел внимателно читајте го, ете го решението негово, креативно толкување, автоматски бојкотот сега не значи ништо освен давање аргумент да се изгласа промената на Уставот директно во Собрание, референдумот нема да ги обврзе освен ако не е исплнет цензусот, ќе се смета како и да не се случил.
 
Тоа се проблемите, религија, дијаспора, малограѓанштина. Све само да не биде дека Заев им дава по еден golden shower неделно. Само некој трип за big picture.

Проблематичната дијаспора е таа од Австралија, САД и тие со бугарски пасоши што се чувствуваат како Македонци. Јас не видов некој да се пожали од дијаспората на Али која ќе доаѓа да гласа за референдумот. Напротив, кога Али најави дека ќе ја ангажира цела дијаспора да дојде да гласа, јас не видов ниту еден од тие урбани и прогресивни дами и господа да се побуни за тоа. Некој друг да го изјавеше истото за македонската дијаспора, па тоа ќе беше огин и пламен на социјалните мрежи и медиуми, цели посланија и еден куп досетки ќе се пишуваа по фејсбук и твитер.

Изгледа дека ако се викаш Џон, живееш во Австралија и кажеш дека се чувствуваш како македонец, си говно, а ако се викаш Куштрим, постираш слики од голема Албанија на фејсбук и доаѓаш од Швицарска да гласаш на референдумот ондак е во ред.

Изгледа имаме подобна и неподобна дијаспора.
 
Последно уредено:
Фрчат профилни на ФБ со Грчки знамиња,одма се организирале хуманитарци па настани ово оно.
Гној народ!На свое прво помогни па после ако имаш вишак донирај за грците.Не е спорно дека имаат потреба.
Прегледај го приврзокот 194490
Еве бидете хумани пучка ви материна.Наши деца се.Биди хуман отвори ФБ и најмалце на 6-7 дечина им треба помош.
Стај и од тебе слика и сметка, пиши - за трансплантација на мозок.

Ќе видиш колку хуман народ има тука, сите ќе донираат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom