Пенс: Ја имате поддршката на САД за спроведување на Договорот за името
Белата куќа објави
соопштение за јавноста во кое ја истакнува поддршката која САД ја дава на Македонија.
-Заменик претседателот Мајк Пенс зборуваше со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и му честиташе за историскиот договор со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името помеѓу двете земји. Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврди поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Заменик претседателот Пенс го пофали лидерството на премиерот Заев, храброста и посветеноста на мирот и стабилноста во регионот, и понуди американска поддршка за договорот за името и неговата успешна имплементација – пишува во соопштението од Белата куќа.
Inaku S. Makedonija ima gooooolema podrshka od USA. Nie i USA pola svet, demek.