Јас пак делот каде што вика демократски го толкувам како услов за да се негира и бојкотира. Досега не беше во нивниот речник, а и делот каде што вика дека може да се случи и да нема референдум. Ќе каже времето...
Како што сум сигурен дека нема сите членови и симпатизери на СДСМ да гласаат, сигурен сум дека и членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не би го послушало Мицкоски доколку одлучи да излезе на референдум. Нема механизам како би ги мотивирало партијата на луѓето да излезат и да гласаат. Не се власт, не може да ги условува со некое ветување и да им врши притисок за истото, така да каква и да има кампања за да се излези и да се гласа против ќе удри директно врз неговата глава на чело на партијата.
Истото го мислам и за членството и симпатизерите на СДСМ и тоа оние кои се работно обезбедени, не гајат симпатии кон Заев и јасно гледаат дека договорот е штетен. Од нив очекувам бојкот исто така.
Искрено ме зачудија Беса и Алијансата...тие беа со порадикални ставови кога беше Илинденска предлогот како тоа не ги отсликувало албанците во името, за да пак за Северна одма да дадат поддршка. Си знаеме кој ги легнал на брашното.
И со јавна одлука на ВМРО-ДПМНЕ да се излезе и да се гласа против (што искрено не верувам такво политичко самоубиство да си направи Мицкоски, но ете хипотетичка ситуација нека биде) очекувам само оние членови и симпатизери на СДСМ кои имаат личен интерес во излезот да се убедат лесно да излезат и нека биде таа бројка до 200/250 илјади, нека се околу 100/150 илјади максимум албанци и околу 50/100 илјади (максимум од ВМРО-ДПМНЕ)...тоа е 500 илјади максимално. Ете и СДСМ сите 450 нека ги вади (што нема теорија) ќе бидат 700 илјади, а тоа е далеку од цензусот. Единствен ризик би било евентуално полнење на кутии, нешто што и Мицкоски го напомена во делот демократски...а тоа се оние места каде во просек излезноста била 30-50%, а на референдум да биде 90%.
Затоа Димитров размислува за консултстивен или намалување во цензусот затоа што и кај нив во дворот не е се така розево.
Sent from my SM-A310F using Tapatalk