Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Да бе Јанко Бачев и Филип Петровски ќе бидат новите политички моќници :pos:

Колку и тоа да изгледа смешно во моментов најголеми па и единствени патриоти кои јавно говорат и излегувааат на улица со народот се токму тие човек-партии Јанко Бачев, Солза Грчева и Филип Петровски ... каде е аџи Мицко (ДПМНЕ) се крие во белиот дворец, јас не гледам никакви разлики во политиките на СДС и ДПМНЕ па овие две партии треба да си се спојат и да бидат една партија !
Незнам само зошто вторите го носат името ВМРО како свој партиски предзнак, па јас сум бил порано член на ДПМНЕ и за жал сите луѓе кои ги запознав таму во тоа дувло немаа ништо патриотско во себе туку мислеа само на функции и бенефиции, е токму такви ни се и двете најголеми партии и СДС и ДПМНЕ !
 
Баш го слушав професорот Апасиев концизно објасни дека договоров правно нема да помине.
-Грчкиот парламент нема да успее во изгласување и нема да го ратификува.
- Според Уставот на РМ претседателот мора да потпише (а нема да потпише.)
-Уставниот суд на РМ ќе го поништи.
-Потребна е излезеност од 900.000 на референдум што не е возможно.

Зарем има простор за манипулации со сето ова?
 
Од се ова најсигурна пречка е грчкиот парламент. Тоа што зависи од нас ние ќе му најдеме некој бекдор.
 
Пoчнете дa рaзмислувaте вo прaвец нa тoa штo гo гледaте и слушaте.Немa вoлјa кaј нaрoдoт дa се пoништи дoгoвoрoт,реднo време е дa се пoмирaт тие штo не гледaaт штo се случувa.Гoрѓе сo пoдршкa oд 10.000 нaрoд мoже сaмo дa дaвa изјaви и тoлку.Нaјпaметнo е дa успее референдумoт и дa видиме штo пoтoa
 
Македонските патриоти во една слика. <3
2041363ed7cc0e25a51e58a45f1dc81b.jpg

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Колку и тоа да изгледа смешно во моментов најголеми па и единствени патриоти кои јавно говорат и излегувааат на улица со народот се токму тие човек-партии Јанко Бачев, Солза Грчева и Филип Петровски ... каде е аџи Мицко (ДПМНЕ) се крие во белиот дворец, јас не гледам никакви разлики во политиките на СДС и ДПМНЕ па овие две партии треба да си се спојат и да бидат една партија !
Незнам само зошто вторите го носат името ВМРО како свој партиски предзнак, па јас сум бил порано член на ДПМНЕ и за жал сите луѓе кои ги запознав таму во тоа дувло немаа ништо патриотско во себе туку мислеа само на функции и бенефиции, е токму такви ни се и двете најголеми партии и СДС и ДПМНЕ !

Филип Петровски фејк воениот ветеран од 2001 :LOL: ти е класичен опортунист и таков лигуш никогаш не бил ниту ќе биде лидер дури ни во ваква држава, за Јанко Бачев циркузанот не ни вреди да се коментира нешто. Инаку за кој народ зборуваш, за оние двајца без тројца што излегоа пред собрание ? Ете ги вчера демек ќе блокираат да неможе да се одржи седница и видовме како заврши целата таа работа. Што се однесува до Мицковски сите знаат дека е приврезок на Грујо и Мијалков, според мене во моментов се случува пазар помеѓу нив и Заев околу лежењето на затвор на првиве двајца а за возврат ќе помине ова без поголеми проблеми.

-Потребна е излезеност од 900.000 на референдум што не е возможно.

Зарем има простор за манипулации со сето ова?

Тука е пола Косово да дојде гласа, новиот коалиционен партнер на Заев Амди ќе ги крене и мртвите да излезат и гласаат а и Мицковски случајно или не во едно од неговите излагања на телевизија не рече дека дпмне ќе го бојкотирала евентуалниот референдум (за да пропадне) туку рече дека он ќе гласал против ?
 
Баш го слушав професорот Апасиев концизно објасни дека договоров правно нема да помине.
-Грчкиот парламент нема да успее во изгласување и нема да го ратификува.
- Според Уставот на РМ претседателот мора да потпише (а нема да потпише.)
-Уставниот суд на РМ ќе го поништи.
-Потребна е излезеност од 900.000 на референдум што не е возможно.

Зарем има простор за манипулации со сето ова?
Секако дека при слклучување на договорот, Заев и Ципрас ги имале во предвид тие работи и секако дека имаат план како да се изведе целата работа. Најверојатно деновиве и нас и грците ке не посети некој Хојт Ји и ке ја испегла работата, ке му го дотера умот и на Хорхе и на Мицотакис. На Мицковски нема што да му го дотерува оти нему веке му е дотеран. Е сега ке биде интересен театарот како тоа ке се ,,раскараат,, во дпмне и ке се поделат на две групи, па едната од 10тина пратеници ке биде ,,независна,, и ке го направи 2/3то мнозинство на власта....
 
Доволно е да им пратат смс на небањатите од штаб за да одат да гласаат "против" и ете ти го цензусот.
Вчера како да го слушнав преварантот струмички како да спомна дека референдумот би бил "консултативен", што значи дека ќе нема правно важење. Во меѓувреме телевизииве ќе перат мозок, ќе има вработувања во администрација и ќе си ги наредат коцките.
 
И Трамп да дојде Хорхе нема да го потпише договорот. Притисокот врз него е огромен и онака, нема потреба да доаѓа некој специјално. Врз Мицотакис притисок ќе се врши кога договорот ќе стигне на расправа во грчкиот парламент.
Дополнително ќе се прави анализа за консултативен или задолжителен референдум. Мој тип е дека ќе е задолжителен, така полесно вмро ќе го оправда своето гласање за уставни измени со изговор дека немаат право да постапат поинаку. Така да тие сценарија од турски серии дека ќе се дели пратеничка група мислам дека се непотребни.
 
Доволно е да им пратат смс на небањатите од штаб за да одат да гласаат "против" и ете ти го цензусот.
Вчера како да го слушнав преварантот струмички како да спомна дека референдумот би бил "консултативен", што значи дека ќе нема правно важење. Во меѓувреме телевизииве ќе перат мозок, ќе има вработувања во администрација и ќе си ги наредат коцките.

Без разлика дали станува збор за консултативен или задолжителен референдум, условот за излезност е секогаш мнозинство од вкупниот број гласачи да излезе на гласање.

Член 30
(1) Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале,
доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој закон поинаку не е утврдено.

Ако нема излезност, референдумот е неуспешен без разлика дали е консултативен или задолжителен.

Доколку излезете и гласате против, ќе бидете надгласани зошто секој што е против ќе бојкотира, а ќе им помогнете да се достигне потребната излезност и да добијат успешен референдум.

Пак ќе напоменам за да нема дилеми за тие што се двоумат. Ако сте ЗА овој договор излезете на гласање и дали ќе гласате за или против или ќе поништите ливче не е битно. Ако сте Против овој Договор, НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ НА ГЛАСАЊЕ.
 
Секако дека при слклучување на договорот, Заев и Ципрас ги имале во предвид тие работи и секако дека имаат план како да се изведе целата работа. Најверојатно деновиве и нас и грците ке не посети некој Хојт Ји и ке ја испегла работата, ке му го дотера умот и на Хорхе и на Мицотакис. На Мицковски нема што да му го дотерува оти нему веке му е дотеран. Е сега ке биде интересен театарот како тоа ке се ,,раскараат,, во дпмне и ке се поделат на две групи, па едната од 10тина пратеници ке биде ,,независна,, и ке го направи 2/3то мнозинство на власта....
ама и Курц најави ВЕТО, барем за ЕУ....
абе работата е кара каша, трамп јавно кажа Крим е русија сите зборват руски:cool:
и сеа албанците и нашите лигуши запнале Нато а утре Трамп ќе рече вие НЕ сте за НАТО, гола вода сте, не можете членарина да плаќате, а и не сте стратешки потребни како територија; а може и без членство да давате жива сила, леопарди, рисови и слично...
 
Без разлика дали станува збор за консултативен или задолжителен референдум, условот за излезност е секогаш мнозинство од вкупниот број гласачи да излезе на гласање.

Член 30
(1) Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале,
доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој закон поинаку не е утврдено.

Ако нема излезност, референдумот е неуспешен без разлика дали е консултативен или задолжителен.

Доколку излезете и гласате против, ќе бидете надгласани зошто секој што е против ќе бојкотира, а ќе им помогнете да се достигне потребната излезност и да добијат успешен референдум.

Пак ќе напоменам за да нема дилеми за тие што се двоумат. Ако сте ЗА овој договор излезете на гласање и дали ќе гласате за или против или ќе поништите ливче не е битно. Ако сте Против овој Договор, НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ НА ГЛАСАЊЕ.
Глупата страна е што, еве јас лично, а по тоа и што го читам овде и го зборам со луѓево периодов откако ја објавија оваа мизерна спогодба е дека не се против ЕУ, а се многу против понижувањево. Има и опција тоа да биде вметнато во реферндумското прашање, познавајќи со какви мешетари си имаме работа, како прашањето од првиот кое беше тросмислено и практично немаше опција "против".
 
Како што стои работата референдумот им е проблем што треба да изнајдат начин како да го спакуваат, освен веќе ако не имаат нешто на ум. Мене ми е неверно дека ќе може да добијат 900 илјади гласа па макар и Мицковски да прелаже дел од членството да излезат. не верувам дека и до 700 илјади може да стигнат. Тие 400 илјади гласа што ги доби Заев на избори содржат голем дел на гласови со единствена цел да падне Груевски. Малку тешко дека ќе ги добие истите тие гласови со сигурност ако се види колку луѓе кои важеа за негови подржувачи сега критикуваат.
Со полнење кутии може да се достигне некоја бројка ама за 200 или 300 илјади фалсификувани гласа треба да си автократ од типот на Ал Сиси да можеш да ги средиш.

Од денешна перспектива ми стои дека се спремни и на неуспешен референдум па после веднаш да одат на "избори со референдумски карактер", заедно со албанците да стигнат до двотретинско мнозинство и да го имплементираат договорот.

Ама сеуште е рано за прогнози, ќе видиме како ќе се развиваат настаните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom