Нема шанси Мицковси да се согласи на такво нешто без оглед што ќе му понудат за возврат, а не ми се верува дека и Заев е толку храбар воопшто да се обиде со промена на Уставот, политичката цена ќе биде преголема, се сомневам дека ќе сака да биде тој во историјата на државата што ќе ја плати.
Негова едина надеж е да се деси чудо и Грција да се согласи со име без менување на уставот, евентуално каде што јазикот и националоста би биле интерна категорија а во меѓународна употреба би биле називи како „јазикот на“ и “државјани на“.
Без такво нешто, оваа влада најкасно до наредната пролет паѓа затоа што нема ниеден друг адут, проект, политика или пак кадар со што би можела да преживее освен влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ
Искрено не гледам друга причина сега би се состанувале. А за тоа што може Мицковски да прифати, многу зависи од тоа што Заев ќе понуди.
Проблемот со спорот на името сега е што на Ципрас му треба целосна победа во овие преговори за да може да го продаде решението дома. Кај нив дома спорот не е нешто што мора веднаш сега да се реши а на СИРИЗА рејтингот не им сјаен. Ако добро се сеќавам на анкети губат од Неа Демократија. Сега потенцијално компромисно решение на спорот со сигурност ќе ги закопа на изборите во 2019. Единствено нешто што ќе ги извади е ако го решат спорот со целосна победа или друга опција е воопшто да не се реши. Затоа ја дигнаа цената за решавање на спорот од преговори за името до националност, јазик, учебници, Устав...
Од друга страна па на Заев повеќе му гори под нозете. Мислам дека лековерно се впушти во преговорите и касно му светна во каква игра навлезе т.е. како го насанкаа. Тоа најверојатно беше кога Коѕијас почна со изјави дека се преговара за се, дека е потребно да се менува устав и слично.
Се согласувам дека кај Сдсм е брич и нема ниту еден адут освен тоа ако успее да ја внесе Македонија во НАТО и да почне преговори со ЕУ. Немањето на ништо друго да се понуди само го зголемува притисокот кон Заев да мора да дојде до некаков договор со Грција.