Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Неофицијално Шилегов се повлекол, на негово место Пендаровски. Не знам колку е за верување ама добро би било, Стево би победил уште во прв круг против Коце.
 
Според тебе во ред е да се казнуваат вработените доколку не му се овозможи на некој албанец да комуницира со институциите на албански јазик?Треба ли сите да го изучат албанскиот јазик за да не плаќаат парични казни?И за тоа се смееш демек ништо не е,пичкин дим?Ок поз немам што повеќе да дискутирам.

Чекај, ти мислиш дека ако вработен на некој шалтер не знае албански ќе јаде казна?
 
Тендерот за одржување на владата вреден 11 милиони евра – пред истражните ограни. Компанијата Ландсервис поднесе кривична пријава против Службата за општи и заеднички работи и 7 компании, од кои 4 се на ист сопственик.
Кривичната се однесува на 11 милионскиот тендер кој фирмата Секјуриком го добила во 2015 година за одржување на Владата. Компанијата Ландсервис обвинува дека Службата за општи и заеднички работи ја исфрлила конкуренцијата, а огласот бил тенденциозно оформен со услови кои ги исполнува само една компанија во земјава. Според Компанијата која смета дека е оштетена, СОРЗ требало да го подели огласот и да не ги прифати фирмите кои не ги исполнуваат условите.
Владата ѝ овозможила на „Секјуриком“ да се појави како три различни компании на тендерската анкета, само за да се создаде привид дека на пазарот има повеќе од пет фирми способни за обемни работи, сè со цел да не се дели тендерот и со тоа да се намалат шансите на помалите конкуренти
 
А про по кадровскиот циркус и хаос во сдс - добар текст на Ордановски.
...и после толку време - недајбоже да напише некој текст за вакви состојби у дпне - има глава да му одлета.

http://civilmedia.mk/drama-vo-sdsm/

Драма во СДСМ

На пример, мене не ми влегува во глава како може таков партиско-политички механизам како СДСМ, на само неколку недели пред изборите, да не знае кој им е кандидатот за градоначалник на Скопје?! Па, таа личност би требало да се знае барем со месеци, ако не и со години однапред, особено за партија која никогаш, од осамостојувањето до денес, не владеела со главниот град во државата (или можеби токму поради тоа)! Личните урбани, политички, културни, бизнис и други визии и релации на кандидатот за градоначалник на Скопје, жена или маж, се работа за која граѓаните на столицата имаат право да знаат многу порано од дваесетина дена во некаква трчи-мочај изборна кампања. Ете, кај ВМРО тој кандидат повторно е градскиот хаусмајстор Коце и за него нема човек од Скопје кој нема формирано мислење – Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години.
 
Вака ли Зајко ги надмина националните предрасуди

„Оставивме на локално ниво да одлучуваат албанските партии, кои гледаат потреба за соработка, не само со Беса туку и со сите другите. – но во вториот круг, според математиките на кои се надеваме, ќе се трудиме да соработуваме со сите. Затоа што сметаме дека се уште Албанците треба да ги претставуваат албанските политички партии, не македонските“, додаде Таравари.
 
Чекај, ти мислиш дека ако вработен на некој шалтер не знае албански ќе јаде казна?
Ќе се казнуваат институциите, не вработените.
Зошто не го прочитате законот пред да коментирате?
IMG_20170904_211543.png[DOUBLEPOST=1504553237][/DOUBLEPOST]
Ептен јаки вмро, се гледа по Чаир и Бутел колку јаки патриотишта се.
Заборави кога ВМРО протестираше против територијална поделба во Чаир и на БитПазар беа стопирани и нападнати со ножеви.
Комуњарите кур ги заболе и си ќутеа.Не ги обвинувај само ВМРО,врати филмот наназад.
 
Последно уредено од модератор:
Зошто не го прочитате законот пред да коментирате?
Прегледај го приврзокот 176759[DOUBLEPOST=1504553237][/DOUBLEPOST]
Toa се однесува на институција и на одговорното лице или службеникот кој требал да обезбеди да има документ на другиот јазик. Законот јасно кажува дека секој може да си побара и да се обрати до институција на јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните.
Доколку службеник кој му враќа одговор не го почитува тоа - ќе биде казнет. Тоа не значи дека службеникот мора или треба да го знае јазикот, но мора да обезбеди превод на документот.
Одговорно лице или службеник ќе си побара од институцијата превод и ќе му врати на барателот. Ако тоа не го направи - ќе биди казнет.
 
Неофицијално Шилегов се повлекол, на негово место Пендаровски. Не знам колку е за верување ама добро би било, Стево би победил уште во прв круг против Коце.

Со Шилегов не е сигурна победата... Барем така викаат од СДСМ.

Шилегов е моќен во партијата и се одело по секоја цена да му се удоволи, но постоел отпор во партијата за да не се ризикува, затоа што победа во Скопје им е ептен важна т.е. најважно.

После Струмица, каде според нив постои можност за изненадување, не сакале да прават и од другите општини/градови проблем... Од друга страна голем е притисокот од истакнати партијци кои не стојат добро на анкети...

П.С. За Стево има и друг проблем, се плашат и Рада и Заев од него... Не сакаат уште еден силен играч, а Стево како градоначалник на Скопје несомнено ќе биде еден од најмоќните политичари. Тоа ќе му биде одлична позиција за преземање на партијата.
 
Зошто не го прочитате законот пред да коментирате?
Прегледај го приврзокот 176759

Под службени лица мислат на Албанци, Роми, Срби, а не на некој Македонец ако не знае да збори албански или ромски. Ако Албанец или Ром кој е службено лице одбие да му се обрати на граѓанинот на јазикот кој го зборува, ќе му се изрече казна. Овој закон не ги опфаќа само Албанците, туку и другите заедници.
За одговорното лице ќе има казна без разлика од која националност е.
 
Со закон од 2008 година е дефинирано употреба на друг јазик кој го зборуваат најмалце 20% од население.
Службени се униформи, банкноти уплатници, марки, формулари.
Значи се шо е во службена употреба од страна на државата а се користи во места каде живеат најмалце 20% население по тој закон треба да е на македонски јазик и на јазик на малцинството.
Тоа е определено од поодамна само што законот не е спроведуван.
Доколку е така,што значи донесување на нов закон?Која е поентата?[DOUBLEPOST=1504554389][/DOUBLEPOST]
Под службени лица мислат на Албанци, Роми, Срби, а не на некој Македонец ако не знае да збори албански или ромски. Ако Албанец или Ром кој е службено лице одбие да му се обрати на граѓанинот на јазикот кој го зборува, ќе му се изрече казна. Овој закон не ги опфаќа само Албанците, туку и другите заедници.
За одговорното лице ќе има казна без разлика од која националност е.
Кажи ми во кој член од законот пишува дека се однесува само на Албанци и Роми?
 
Доколку е така,што значи донесување на нов закон?Која е поентата?
Затоа што стариот не се поштоваше.
Тоа беше уште еден знак дека предходната власт мислела само на своите џепови а не на законите и правата на граѓаните на Македонија
 
Под службени лица мислат на Албанци, Роми, Срби, а не на некој Македонец ако не знае да збори албански или ромски. Ако Албанец или Ром кој е службено лице одбие да му се обрати на граѓанинот на јазикот кој го зборува, ќе му се изрече казна. Овој закон не ги опфаќа само Албанците, туку и другите заедници.
За одговорното лице ќе има казна без разлика од која националност е.
Кажи ми во кој член од законот пишува дека се однесува само на Албанци и Роми?
 
Декстер а.к.а. Јоци а.к.а портокалова црвеница

Не, туку лутеница и ајвар, ги направив минатата недела и подрумот ми е веќе опремен за зимата.

Ресенски пипер, буквално колку килограми пипер купив, толку килограми ајвар и лутеница добив. Со ќумбе на плинска боца од 20 литри на полнење = 600 денари, се на се, за помалку од 2.000 денари ја направив зимницата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom