Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Опасни работи.. почнавме „дека грозјето е кисело“.
ВМРО ДПМНЕ немаше ништо од ова што го прави Заев да го направи. Можеш да знаеш што некој би направил? Не е сериозно да правдаме свои дека и другите би го направиле. Еве, не направиле...
Не верувам дека било кој политичар на светот до сега амнестирал воени злосторства, а особено не воени злосторства извршени врз својот сопствен народ.
 
Да. Некој како Ќосето би го скинал in no time Груевски, само заради амнестијата на воените злосторства, а не па за другите миљарда криминалии и зла, што ги направи врз својот сопствен народ.
Би те прашал, ти како би постапил во врска со амнестираните?
Има закон од 2002 г. каде што е пропишано дека се амнестираат сите поврзани со војната 2001 г. освен предмети во Хаг. Ти би го кршел законот и не би ги амнестирал? Држава се води по закони. За да не ги амнестираш споменатите, прво треба да го измениш или укинеш законот од 2002 г.[DOUBLEPOST=1502369032][/DOUBLEPOST]
Ѓорѓи во форма е денес. :D
Па кога читам какви аматерски пишувања има... да се чудиш. А колку па се простачки настроени, место да дискутираат, „кочијашки“ изрази користат. Кога се нема аргумент, така е...[DOUBLEPOST=1502369089][/DOUBLEPOST]
Не верувам дека било кој политичар на светот до сега амнестирал воени злосторства, а особено не воени злосторства извршени врз својот сопствен народ.
Ти пишав, законот така велиТ. Не смее да не се почитува.
 
Да бе „сварно“. Не ми е јасно што се плеткаше Заев да носи нов закон за јазици кога веќе ВМРО ДПМНЕ го донел. И со Бугарија.. што мајка бараше да се става во предавниците на Македонија кога претходно веќе се заврши работата...
А?
Или не ќе е баш така, а? ;)[DOUBLEPOST=1502367731][/DOUBLEPOST]
„Сварно“.. посебно од македонските (кои до 1943 беа 200-300 на број).
Закон за употреба на јазици е донесен во 2008
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/DE07B4F6DDFBE948A0DFE2CFF240F02C.pdf
убаво двојазично е објавен во службен весник.
Ова сега е примена на тој закон во специфични услови и области.

Договорот со Бугарија нема ништо спорно ни негирачки за Македонија и договорот е постигнат со напори на владите и на ВМРО и на СДСМ[DOUBLEPOST=1502369443][/DOUBLEPOST]
Да бе „сварно“. Не ми е јасно што се плеткаше Заев да носи нов закон за јазици кога веќе ВМРО ДПМНЕ го донел. И со Бугарија.. што мајка бараше да се става во предавниците на Македонија кога претходно веќе се заврши работата...
А?
Или не ќе е баш така, а? ;)[DOUBLEPOST=1502367731][/DOUBLEPOST]
„Сварно“.. посебно од македонските (кои до 1943 беа 200-300 на број).
И тие 300 Макеоднски комуњари на колена ја фрлија бугарската царска фашистичка армија
 
ВМРО ДПМНЕ немаше ништо од ова што го прави Заев да го направи.

ДПМНЕ за се се имаше договорено со ДУИ, само за СЈО не најдоа заеднички јазик, и затоа пропаднаа нивните преговори. Мислам доволен доказ е тоа што сега во Собрание сите пратеници од опозицијата со петни жили го бранат Зврле само да не го ишутираат од неговото работно место.

Поентата ми беше дека овие од ДПМНЕ нека не се прават светци дека во нивно време помилуваа УЧКи, ставија двоглави орли во Чаир, ги сменија имињата на училиштата во истата општина и мал миљион други работи... Да им успееше коалицијата со ДУИ, абе одма ОДМА ќе го стореа ова што моментално го прават СДСМ.

Немој да мислиш дека ги правдам Заев и компанија, мене ми е преку кур од постојаното лижење гз кај албанскиве партии, али ДПМНЕ тука да ми се прават патриоти и да ми глумат Мајка Тереза, е богами нече мочи... Исти гомна се и едните и другите
 
- Во законот за амнестија за борците на ОНА јасно стои дека воените злосторства не потпаѓаат под него.

- Дописот од Хаг, со кој дојдоа случаите, никогаш не е покажан на јавноста. Зошто?

- Сите релевантни фактори САД, ЕУ, ЕК, ОБСЕ, мобсе, го осудија амнестирањето на воените злосторници ценејќи го како преседан кој подоцна може правно да попречи во евро-атланските интеграции.

- Амнестијата на воените злосторства беше донесена во сред лето и инструирана директно од Груевски по телефон, од плажа, да личи округло па на ќоше, како што тој самиот се изрази.
 

Тоа од службен весник ти е за единици на локална самоуправа и за употреба на јазик онаму каде го зборат 20% согласно рамковниот договор. Сега се носи нов закон каде албанскиот ке биде службен на целата територија и онаму каде што го зборуваат под 20% што е спротивно на рамковниот договор и уставот.
 
Разрешувањето на Зврлевски може да се развлече до крајот на септември

Се има свој крај, вклучувајќи ја и расправата во парламентот за разрешување на претседателот на јавното обвинителство, Марко Зврлевски, кој новата Влада одлучи да го смени поради нестручност и непостапување. Откако решението за разрешување влезе во собраниска процедура помина речиси еден месец, а ни половина од пратениците кои се јавиле за збор не го искористиле ова право. Зврлевски е последниот бастион од претходната власт кој го одминуваат брановите кадровски промени, затоа што за негово разрешување е надлежно Собранието.

Остануваат 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да излезат на говорница и да ги искористат своите 15 минути. Од владеачката партија велат дека ќе се откажат од ова право со цел расправата да не се одолговлекува повеќе од потребното.

– Пратениците на СДСМ ќе се воздржат од дискусија за да може Зврлевски што поскоро да биде разрешен – вели пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.

И покрај нивната определба да не одат на одмор се додека не го сменат Зврлевски, пратениците од СДСМ изгледа нема да имаат друг избор. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколкупати најави дека не може да им го ускрати правото на пратениците за годишен одмор и дека расправата ќе биде паузирана, па се поверојатно е дека Зврлевски останува на чело на ОЈО и за време на одморите.

Собраниските служби велат во оваа фаза е тешко да се процени колку време ќе трае расправата по оваа точка.

– Со ваквиот начин кога имате 10 пратенички групи од една партија и кога секој може да си реплицира, тешко е да се процени колку време би траела расправата. Пријавени за збор се уште 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, по десет минути, тоа се триста минути. Но кога ќе ги додадете репликите и контрарепликите, потоа барањето за паузи и процедурални забелешки тешко е да се дојде до било каква проценка – велат од Собранието.

Груба пресметка според механизмите кои им стојат на располагање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ според Деловникот, дебатата за разрешување на Зврлевски не би можела да трае повеќе од две недели, но доколку расправата се одвива без дополнителни попречувања.

30 пратеници имаат право на збор во траење од 10 минути. На секој правото на реплика им дозволува 3 минути, а контрарепликите се во траење од една минута. На координаторите на пратенички групи им е дозволено да побараат вкупно по еден час пауза, или за десет координатори од ВМРО-ДПМНЕ тоа се вкупно 10 часа. Процедуралните забелешки, пак, кои често ги користат, се во траење од три минути. Се на се, сметајќи ги моментите кога тајмерот не одбројува, непредвидливите ситуации, обраќањата на собранискиот спикер, дофрлањата, кавгите и јасните опструкции како окупирање на собраниската говорница, расправата не би можела да трае повеќе од 40 часа или осум дена.

Но праксата говори поинаку. Во просек едно обраќање на пратениците, вклучувајќи ги искористените реплики, контрареплики и процедурални забелешки, трае по три часа минимум. Од пратеничката група на СДСМ велат дека тоа се 90 часа за сите пратеници на опозицијата кои се јавиле за збор, или 100 часа плус десетте часа право на пауза по кординатор. Но дебатата може да сврти во погрешен правец, како што често се случува, што додава на минутажа. Освен тоа, пленарни седници се одржуваат до три пати неделно, и траат по околу пет часа. Оттаму, според нивните пресметки, расправата би траела уште 16 дена, или 5 недели, доколку нема поголеми опструкции. Поради тоа, изгледа дека опозициските пратеници можат до бескрај да ја развлекуваат расправата.


Не постои друг избор освен расправата да се истурка докрај според деловникот, велат од СДСМ. Постои опција за негова промена, како што се случи додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, но и таквиот обид може да биде опструиран со маратонски дискусии. Вчерашната седница, инаку, помина со реплики и процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по говорот на Артан Груби од минатата седница одржана во понеделникот. Разрешувањето на Зврлевски продолжува во петок.
 
Закон за јазици е донесен од владата на ВМРО, договорот од Бугарија е продолжен каде шо застана владата на ВМРО, стратегија за мигрантите си постоеше и во време на владата на ВМРО кога имаше милион мигранти во Македонија и не смееше да зуцниш за неа да не се најдеш удавен во кофа во затвор, али ете проблем било ако имаме стратегија сега кога Македонија има 36 бегалци на своја територија, па сега додавате нули за да исплашите баби и мали деца.
Ако е донесен закон за јазици од ВМРО што усвои владата пред недела дена?Нели веќе постои таков закон?

Договорот со Бугарија не беше потпишан поради негирање на македонскиот јазик и нација.И вашата легенда Бранко среде Софија го кажа истото.

Мигранти имаше но огромен дел беа вратени во Грција благодарение на војската и полицијата кои поставија бодликави жици на дивите премини.Плус никаде не пишува во акциониот план од 2008 дека треба да се градат социјални станови,да се брише ставката од законот каде не е обврзувачки да се прикажуваат документи од матичните земји...

Тоа што немаа гз претходните влади да го потпишат и прифатат,гомнарот Заев го прифати за помалце од 60 дена владеење.
И уште тука со цел памет не убедувате дека е исто?[DOUBLEPOST=1502369944][/DOUBLEPOST]
Двојазичност на територија на држава не може да се донесе со закон. Тоа е определено со устав. Така да џабе се плашиш и џабе се вознемируваш. Закон за јазици го донесе ВМРО и сега дојде време закон да се почитува. До сега многу закони не беа почитувани али сега во слободна и демократска Македонија почнува влчадеење на правото и правдата.
Во Уставот пишува дека двојазичноста е предвидена според закон.Закон кој што гомнарите од СДС што го прифатија и ќе го приложат во собрание.
 
Таман пред локалните уште неколку обвиненија ќе паднат. Нема шанси да се спаси ќелавиот после септември.
 
Сабајле мислев иронија ти е постот ама сега, стварно постоел ваков шизофренија сајт :pos: таблетки тиросејф има бе :vozbud:
За жал секаде постојат Реднеци и Хиллбилиес, додуша со друго име се познати но паметот им е тој, искрено подобро ни не заслужуваат.
 
Дека двете наши најголеми партии се глупи како кур, и за власт толку ќе им го излижат газот на албанциве само за да се скостат во фотеља.
Познат факт, ни најретардираните овде (а ги има многу) веќе не се ни обидуваат да го спорат тоа.




Д
ДПМНЕ се се имаше договорено со ДУИ, истово сега што го гледаме од СДСМ ќе го гледавме и со Грујо и компанија, само тоа се ќе беше задскриено од нивните телевизии што ќе ни продаваа патриотизам и ренесанса.
Ако е така, сега тие ќе се плукаа овде за предавство.
Останува само прашањето како тоа ги оправдува сдсШ за предавствто што го прават (па сеедно кој друг што договарал, или не договарал).




Што те гледам чуден... Бараш да се сопре нешто што е договорено уште од Јануари/Февруари месец.
Бачка ти си чудниот, што не бараш да се сопре предавствто.
Многумина овде сте такви, не ви смета предавство?

Какви морални и етички вредни имате?
Дали се чуствувате како Македонци? Ако да, што е за вас да се биде Македонец?


Ти се ословувам со вие (мало в), зошто прашањево се однесува на сите овде кои го делат твоето мислење.
 
Тоа од службен весник ти е за единици на локална самоуправа и за употреба на јазик онаму каде го зборат 20% согласно рамковниот договор. Сега се носи нов закон каде албанскиот ке биде службен на целата територија и онаму каде што го зборуваат под 20% што е спротивно на рамковниот договор и уставот.
http://www.akademik.mk/wp-content/uploads/2017/08/tekstot-na-zakonot.doc

(3) Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.


(4) Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.
 
Ако е донесен закон за јазици од ВМРО што усвои владата пред недела дена?Нели веќе постои таков закон?

Договорот со Бугарија не беше потпишан поради негирање на македонскиот јазик и нација.И вашата легенда Бранко среде Софија го кажа истото.

Мигранти имаше но огромен дел беа вратени во Грција благодарение на војската и полицијата кои поставија бодликави жици на дивите премини.Плус никаде не пишува во акциониот план од 2008 дека треба да се градат социјални станови,да се брише ставката од законот каде не е обврзувачки да се прикажуваат документи од матичните земји...

Тоа што немаа гз претходните влади да го потпишат и прифатат,гомнарот Заев го прифати за помалце од 60 дена владеење.
И уште тука со цел памет не убедувате дека е исто?[DOUBLEPOST=1502369944][/DOUBLEPOST]
Во Уставот пишува дека двојазичноста е предвидена според закон.Закон кој што гомнарите од СДС што го прифатија и ќе го приложат во собрание.
Закон за јазици постои и е дефинирана неговата употреба во места со најмалце 20% население кое го зборува другиот јаик. Новиот закон не менува тука ништо само допрецизира конкретни случаеви на употреба која предходната влада не ги донесе
Во договорот со бугарија нема негирање ни на Македонски јазик ни на македонскиот народ или држава
Во стратегијата за мигранти во 2008 постопјат сите основи и насоки за ова нова стратегија и таму се предвидени и вдомувања на мигранти и нивно вработување. То што ВМРО не успеа да ја дозаврши таа стратегија е нивна грешка и пропуст
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom