Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
А кога последен пат си видел државен или јавен функционер во Македонија кој има најосновни морални познавања ?

Последен пат кога македонски државен/јавен функционер поднел оставка - но сепак отповиклива оставка - од морални причини, беше Миле ми текна Јанакиески, кој поднесе оставка од морални причини во 2009 година, за подоцна оставката да му биде одбиена од неговиот ми текна пастир.

Единствен државен/јавен функционер кој во независна Македонија има поднесено неотповиклива оставка од морални причини, беше Антони Пешев, кој поднесе оставка во 1993 година после авионските несреќи на Палер Македонија и на Авиоимпекс, со неговото заминување си заминаа и моралот и моралната одговорност од македонската политичка сцена.
Не си даде Лилето Поповска оставка од потпреседателска функција во собранието пред 10 години или така нешто ?
 
@Dexter26 Хари Костов, штета изјавата што ја нема никаде.
 
Како беше она, Заев почнал со проектот за бегалците?
http://plusinfo.mk/vest/122843/vlad...ii-za-izgradba-na-stanovi-za-begalci-vo-saraj
Владата на ВМРО-ДПМНЕ барала локации за изградба на станови за бегалци во Сарај

Има и интересна слика на крајот. Новата програма за бегалциве е продолжение на ова, со разлика што нема да се градат станови за доживотен престој.
Кога веќе толку верувате на владини документи, ајде да видиме на ова дали ќе поверувате.
 
Не си даде Лилето Поповска оставка од потпреседателска функција во собранието пред 10 години или така нешто ?

Лилјана Поповска поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието во 2004 година, бидејќи на нејзините сопартијци од ЛДП не им се допадна тоа што Поповска го поддржа одржувањето на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа во ноември 2004.

Но тоа не беше оставка поради морална одговорност, Поповска поднесе оставка за да им го одземе задоволството на партиските пулени од ЛДП да и` изгласаат интерпелација.

@Dexter26 Хари Костов, штета изјавата што ја нема никаде.

Точно, но сепак официјално Хари Костов поднесе оставка поради несогласувања со амнестираните терористи, а не поради морална одговорност.

И се разбира, неговата оставка дојде 8 дена откако неговата влада успешно реализираше саботажа на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа кој се одржа на 7 ноември 2004, а за жал заврши неуспешно поради слабата излезеност на гласачите.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/1475410.html

Премиерот Хари Костов поднесе оставка

ноември 15, 2004

Премиерот Хари Костов денеска ја објави својата одлука за поднесување оставка на функцијата претседател на Владата на Република Македонија. Костов во изјавата дадена денеска во Владата, истакна дека оставката веќе му ја доставил на претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.

„Владата во изминатите пет месеци работеше успешно, но нејзиниот рејтинг сепак паѓаше бидејќи една од владејачките партии ја сфаќа Владата како инструмент за промоција на национални и теснопартиски интереси, вклучувајќи и непотизам“,

рече Костов, образложувајќи ги причините за оставката.

Премиерската функција Хари Костов ја извршуваше од 2 јуни оваа година, кога пратениците ја избраа новата Влада. Пред да биде избран за премиер, Костов беше министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски.
 
Последно уредено:
Како беше она, Заев почнал со проектот за бегалците?
http://plusinfo.mk/vest/122843/vlad...ii-za-izgradba-na-stanovi-za-begalci-vo-saraj
Владата на ВМРО-ДПМНЕ барала локации за изградба на станови за бегалци во Сарај

Има и интересна слика на крајот. Новата програма за бегалциве е продолжение на ова, со разлика што нема да се градат станови за доживотен престој.
Кога веќе толку верувате на владини документи, ајде да видиме на ова дали ќе поверувате.

тагни ги де не ги штеди.

@VOLK2234 @Vanlok
 
Лилјана Поповска поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието во 2004 година, бидејќи на нејзините сопартијци од ЛДП не им се допадна тоа што Поповска го поддржа одржувањето на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа во ноември 2004.

Но тоа не беше оставка поради морална одговорност, жената поднесе оставка за да им го одзеде задоволството на партиските пулени од ЛДП да и` изгласаат интерпелација.
Било како било, жената фино поштено им рече во очи кој ве еба. Сметаше дека партиските интереси не се во иста линија со државните или националните или на крај краевите нејзините и си поднесе оставка. Можеби не од морална одговорност но според мене од морални причини, едноставно не сакаше да биди дел од тоа.
 
Како што е поставен, така ќе биде сменет. Не е некоја тешка филозофија.
Не пишувам за процедурата. Нели се менува затоа што не е професионалец. Па и Ката е „бетер“ од него, и таа нека биде сменета.. да сме на чисто. Вка, ептен е јасна партиската намера за менување на Зврле и поставување на свој човек.
 
Единствен државен/јавен функционер кој во независна Македонија има поднесено неотповиклива оставка од морални причини, беше Антони Пешев, кој поднесе оставка во 1993 година после авионските несреќи на Палер Македонија и на Авиоимпекс, со неговото заминување си заминаа и моралот и моралната одговорност од македонската политичка сцена.
камповите за бегалци и протестите во Ѓорче, камповите Радуша, разни пријави, интерпелација..., Палер се случува пролетта 1993, интерпелацијата есента 1993, а тој како што читам бил на функција до декември 1994. вардар ЕР, босна ер... И Фрчкоски даде оставка по атентатот (откако "набави" коњи, слики, возила, откако се празнеше депото...), и други даваа т.н. морални оставки, или од разни причини. транзициски политичари, сега т.н. "бизнисмени" или професори и морален чин не ми одат баш во иста реченица.
 
Последно уредено:
камповите за бегалци во Ѓорче, протестите, и Радуша, за разни пријави, за интерпелација..., Палер се случува пролетта 1993, интерпелацијата есента 1993, а тој како што читам бил на функција до декември 1994. И Фрчкоски даде оставка по атентатот, и други даваа т.н. морални оставки, или од разни причини. транзициски политичари, сега т.н. "бизнисмени" или професори и морален чин не ми одат баш во иста реченица.

Ни на мене не ми одат такви луѓе во иста реченица со морал.

Инаку, оставката на Фрчкоски беше отповиклива и папата на плавите жолтици ја отфрли месец дена подоцна.

За разлика од Фрчко, Антони Пешев поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за сообраќај во 1993 година, а подоцна беше министер за транспорт и врски до декември 1994.
 
Тоа е тоа. Дваесет и пет годишњаци кога ти се главни разузнавачи и манги по градов..
За оваа појава секогаш негодувам. Мислев дека ВМРО ДПМНЕ се промотори на „деца-функционери“ на сериозно позиции.. но за жал, сега гледам дека СДСМ се „утепани“ со кадар и уште полоши кадровски решенија носат на местото на актуелните.
Пакувајте се луѓе.. да си го бараме чарето онаму каде што има нормален живот и држава.
 
#DeEp StaTe #mRachNi SilI #VmrO #KaMpZaBeGalCi #LogiKaGolemAMalaBuKvA

20728259_167410927138290_6353316820650678822_n.jpg


20663873_167410923804957_17487433218304771_n.jpg


komujnjarite sakaad da napravad begalci za masonerijata tuka carstvoto aleksandroo makedoncko da go rushad
 
Море шо се спиривте толку за бегалците. И тие се луѓе. Не бегаат од арно, од мака бегаат. Како ке ви беше Еу да им ги затвореше вратите на нашите 600000 бегалци од режимот.
Е сега зошто баш во Европа или поточно во Германија и Шведска сакаат да бегаат а не да застанат на првата безбедна локација во некој бегалски камп тоа @Let 3 имаше објаснато многу порано и тоа доста детално.
 
Не си даде Лилето Поповска оставка од потпреседателска функција во собранието пред 10 години или така нешто ?
Не е тоа исто. И Стојан Андов си даде оставка од функцијата претседател на Собранието кога неговата партија (Сојуз на реформски сили) ја расипа работата со СДСМ на Бранко и ја напушти коалицијата, или беа избркани. Ова беше мислам 1996 г.
 
Да си до толку глуп да мислиш дека нема да ги најдат овие архивирани документи? И упорно да фураш кампања дека ќе се населувале избеглици у кампови по желба на Заев за да им удоволел на американците? Аман бе, дајте малце предизвик, станува смешно ова пошто им се олеснува на неспособниве од СДС да водат држава у наредниве 10-15 години ладно.
 
Не е тоа исто. И Стојан Андов си даде оставка од функцијата претседател на Собранието кога неговата партија (Сојуз на реформски сили) ја расипа работата со СДСМ на Бранко и ја напушти коалицијата, или беа избркани. Ова беше мислам 1996 г.
Да де нагласив, не ради морална одговорност( за Лиљана Поповска ) туку од според мене морални причини. Сепак за поднесени оставки на јавни функционери беше муабетот. Ако правиме муабет за оставки ради морална одгворност тогаш да не се класифицира нејзината оставка во таа категорија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom