Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Како без дебати? Не ги гледаше дебатите за Архитектонски факултет? Во Гостивар еден се пријавил во уписен рок, ама не го положил приемниот испит. Во Охрид четворица се пријавиле. Ни еден не се запишал.

Низ другите градови има 10-15 запишани студенти. Најмалку 25 се потребни за да се активира програмата. Каде е овде просторот за дебата, кога минималните услови не се исполнуваат?
Точно така но сепак не е решнието да се оди во СК само, бидејќи така само ќе се проширува градот и ќе не снајде судбината на Ј.Кореја каде масовно населението живее во Сеул. Многу млади кои ќе доаѓаат во СК на факс, ќе запознаат пријатели овде, ноќен живот, забави, дечковци, девојќи, ќе си створат фамилија, и едноставно нивните родни места во провинцијата ќе почнат да изумираат, а со самото тоа и работните места ќе се отвараат во СК, бидејќи таму е работната сила. Тоа е еден циклус кој тешко може да се прекине. Мора внимателно да се планираат овие потези, бидејќи можат да наштетат на цели генерации.
 
А каква врска има данокот со студиите?
И на струјата се плака ддв,улично осветлување,....... па никој освен потрошената ел.енергија нема друг бенефит
И шо има врска со тоа шо некои немаат можности а некои имаат па не се запишуваат на факс
Има врска затоа што универзитетите опстојуваат од парите од истиот буџет кој што го полнат луѓе и од Виница, и од Скопје, и од Демир Капија и од Битола.
 
Точно така но сепак не е решнието да се оди во СК само, бидејќи така само ќе се проширува градот и ќе не снајде судбината на Ј.Кореја каде масовно населението живее во Сеул. Многу млади кои ќе доаѓаат во СК на факс, ќе запознаат пријатели овде, ноќен живот, забави, дечковци, девојќи, ќе си створат фамилија, и едноставно нивните родни места во провинцијата ќе почнат да изумираат, а со самото тоа и работните места ќе се отвараат во СК, бидејќи таму е работната сила. Тоа е еден циклус кој тешко може да се прекине. Мора внимателно да се планираат овие потези, бидејќи можат да наштетат на цели генерации.
Јасно ти е дека се она што го наброја е природна тенденција на човекот како суштество? Секогаш луѓето ќе си бараат место каде што им е подобро(без разлика што значи "подобро"). Во принцип луѓето ќе се префрлуват таму каде што има економски интерес и можност за опстанок и развој. Десетина луѓе кои ќе завршат факултет надвор од Скопје не ја менува сликата ни најмалку. Да не случајно ако заврши некој факс во Охрид// Штип/КајИДаИмаДисперзирани и добие можност да работи на подобра позиција надвор од родниот град, истиот ќе одбие?

Лабав ти е малку аргументот.
 
Вардарска Македонија ќе бил грчкиот предлог до македонската влада за решавање на спорот за името, а Република Скопје ќе бил алтернативен предлог.

Ќе си пукнат од мака битолчани ако се прифати било кој од овие предлози. Не е сеедно да се декларираш како битолски чкембар, а во лична карта да ти пишува дека си скопјанец. :D
 
Јасно ти е дека се она што го наброја е природна тенденција на човекот како суштество? Секогаш луѓето ќе си бараат место каде што им е подобро(без разлика што значи "подобро"). Во принцип луѓето ќе се префрлуват таму каде што има економски интерес и можност за опстанок и развој. Десетина луѓе кои ќе завршат факултет надвор од Скопје не ја менува сликата ни најмалку. Да не случајно ако заврши некој факс во Охрид// Штип/КајИДаИмаДисперзирани и добие можност да работи на подобра позиција надвор од родниот град, истиот ќе одбие?

Лабав ти е малку аргументот.
Познавам повеќе луѓе што имаат завршено медицина, физиотерапевти и некои лични струки и сега работат во Скопје.
 
Зошто паторот потпиша со 2 раце да се оформи? Зошто не застана позади уставот и не рече дека е против уставно?

Да не сакаш да ти постирам и видео тука кај што ја фалеше Катица?

Кога виде дека стварно му ја скроиле капата почна да бара спас со глупостите.

Сам си го врза каменот околу врат, тоа е. А тебе па кој ќе те трпи сеа кога ќе почнат да ги влечкаат како партали по судови :)
Тоа ли е аргументот? Што има врска дали "паторот" потпишал? Јас од мое име кажувам.
 
И ја сметам со дигитрон и по дома сметам кога се работи нешто.
 
@lans
Ваљда математика е во прашање, 30-40.000 одработени гласа мора да се наградат некако.
 
@мкд владе , зарем и ти сине си гласал за оваа опција? "Сметам дека треба да се влезе во НАТО по секоја цена (промена на име)."

Аииии :icon_lol:
Оти бе шо те чуди ? А и шо се насекира ти толку , за било какви промени треба да има 2/3 мнозинство во парламентот. Ама во парламентот. Ако има референдум тука ќе биди друга приказна. Од моја гледна точка и ФИРОМ е промена на име , привремена ама сепак промена. Па од таа гледна точка дали би било ФИРОМ или Источен Булгаристан не ми менува многу многу. Башка баш тука некои ај да не именувам кои до некни сами си се нарекуваа Фиромјани .
Друга работа е што јас од декември завзедов многу поинаков став околу сето ова со оглед на желбите и потребите на мнозинството граѓани на републиката изразено на избори така да и не гледам што толку си вчудоневиден. Да ми се прифатеше мојот предлог околу промена на статусот на форумот околу официјалниот јазик верувам дека тие што гласаа за третиот предлог немаше да бидат само 15 туку нивниот број би бил далеку поголем. Во вакви услови анкетата не ја изразува реалната слика на расположението на членовите и сметам дека не би требало да влечиме заклучоци на основ на оваа анкета пошто е далеку е вородостојна со оглед дека ви фалат претставници на цел еден народ или ги има во незначителен број.
 
Дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати. Дисперзираните студии се затворија без дебати.
Со кои дебати се отворија дисперзираните студии?
Не е доволно само да постојат, треба и да има некој ефект од нив.

И да, ако 15-20 деца од Берово, Делчево и Пехчево сакаат да студираат Архитектонски, ќе се договорат да изнајмат комбе за да ги носи секој ден до Милано пошто веќе се во Италија и работат по ниви таму.

А и според која пазарна логика на Берово му требаат 15 дипломирани архитекти, што ќе градат таму? Или нека завршат, па ќе му ја мислиме после.
 
Дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати, дебати. Дисперзираните студии се затворија без дебати.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/na-disperziranite-studii-ne-mozhele-ni-priemniot-da-go-polozhat/

Ни кога се воведуваа немаше дебата, ниту издржана анализа ниту економска логика, немаше ни просторни, ни технички услови ниту квалитетен кадар за тие факултети, беше чист ефтин популизам и мерка за фиктивно намалување на невработеноста меѓу младите, тотален промашај од проект.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom