Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Која е кутрава душа што се изначита?:place:
Не ја следам седницата ама сигурен сум дека сите читаат, овие го имаат ова планирано преку викендот и си пишувале кој што ќе збори и кога. Не за џабе овци ги викаме, на копче се, денес се сите уклучени да зборуваат, утре ќе ќутат, задутре пола пола ќе се. Овци.
 
Брои ли некој,уште колку им останаа зборови до Идризово и Шутка? 48 се пријавени за збор,уште колку ќе пљампаат едно те исто па и си контра реплицираат сами на себеси и никој друг него идниот „претседател на собранието“ Антонио Милошевски....
 
Последен пат кога вака СДСМ пробаа да блокираат со дебата за буџетот ббеа исфрлени од Собрание.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Интересно е да гледаш како Илија Димовски сам се опервит на говорница.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Вчера во Бугарија имаше парламентарни избори. Герб на Бојко Борисов освои најмногу гласови, околу 33%, а втора е БСП со околу 27%. Еве што пишува на страната на ПлусИнфо

ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Па нели за да е некој победник треба да формира влада? Или така важи само кај нас и само за овие избори? Или по потреба?
Боjко е победник во изборите, ама тоа не значи дека во секоj случаj ќе управува со Б'лгариjа. Ако не обезбеди парламентарно мнозинство тогаш мандатот автоматски оди накаj втората сила. Ако и таа не обезбеди мнозинство тогаш претседателот го дава мандатот на некоjа от останатите партии (тука му е единствената можност на претседателот да лавира).
 
Боjко е победник во изборите, ама тоа не значи дека во секоj случаj ќе управува со Б'лгариjа. Ако не обезбеди парламентарно мнозинство тогаш мандатот автоматски оди накаj втората сила. Ако и таа не обезбеди мнозинство тогаш претседателот го дава мандатот на некоjа от останатите партии (тука му е единствената можност на претседателот да лавира).
Остај го сега, тој сака да си каже кој е победник. Мерак му било тој збор да го слуша, победник.
 
Повторно не се согласувам зошто дебата покрај делот со мерење курови ќе можат и да се соочат двете страни и да се спротивстават на лагите кои што едната ги кажува за другата. Ако есдеес вика дека грујо е криминалец и дека перел закон овој ќе каже, нема врска, тоа е лага, еве докази и ако зз нема контра аргумент на тоа туку само паламуди у празно, ќе видиш дека се пењавел 2 години за џабе. Од друга страна ако грујо дооел нема аргумент на дебата за „вистината“ дека ќе ни ја снема државата, ќе видиш дека за џабе се пењави и поттикнува етнички тензии. Сфаќаш зошто треба да има дебата?
Прочитај убаво што напишав. Напишав мене ништо посебно не ми значи и не се оптоварувам премногу околу тоа, сигурно нема да останам дома специјално за да ја гледам. Мене лично, мој став и мислење. Не реков јас дека не треба воопшто да има, нити пак зависи од мене или тебе дали ќе има или не дебата. Тоа се две различни работи.
Околу мерењето курови и дека сите ние ке сфатиме од една дебата од еден два сати кој кога и колку лажеше , па мафтање со докази и ливчиња тоа е пак според мене детски муабет или за пред кооперација. Ако беше така лесно и едноставно да се дојде до вистината тогаш прашање е зошто воопшто би постоеле судови, судии, порота итн итн. Нека си направат дебата тужениот и тужителот , секој нека си спреми докази и нека се раскараат пред некој медиум а народот барем оној што ке гледа нека пресуди и завршена работа. Што ке се влечкаат луѓето со години по судови.
Било како било да разграничиме, немам јас ништо против да има дебати , само не им придавам толкава важност. Ти не мислиш така и тоа е сосем во ред. Секој си има право на став и мислење.
 
Дебата се користи за да се види умствениот капацитет на кандидатите.

Јас кога аплицирам за работа знам дека ме чека и интервју.

Зошто тие што се кандидати за пратеници да немаат интервју на некој начин со прашања што ги засегаат на граѓаните.

Па во Америка дебатите го одлучуваат победникот.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Во 10 години власт паторот излезе на тв дуел сам со себе и со нарачани прашања на канал5, сител и тв нова, и овде на некој на форумов тврдеше дека немало потреба од тв дуел.
 
Околу мерењето курови и дека сите ние ке сфатиме од една дебата од еден два сати кој кога и колку лажеше , па мафтање со докази и ливчиња тоа е пак според мене детски муабет или за пред кооперација.
Па тоа е работата бе брат, што сите ние збориме за повеќе дебати, постојани мерења курови а не еднаш у 5 години и сите да ја чекаме ко мисирчиња пред тв.
Земено со предизборниот период до денешен ден имаше повеќе полтички дебати него севкупно во владеењето на дпмне.
 
Цццц....државава се распаѓа, влатко ѓорчев набројува дека победиле во Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари...и уште реплика од свој „соборец“ добива :facepalm:
Абе вака ако се брани држава, дај да тргнеме светов да го освојуваме - ќе ги умираме противниците со досада. Усул немаат говедава...
 
Нормално дека ја оправдувам неговата работа. Само не ми е јасно сега ти дали ја оправдуваш или не!? Во еден момент викаш дека би било убаво и ЈО и СЈО да започнат да работат, а сега пропагираш лажна деморатија! Зар не мислиш дека овие што се на власт, не треба да бидат под лупата на обвинителството? Пред СЈО, 9 г. правеа се’ што сакаа. Буквално се’. Сега кога поштарот им дојде, панично започнаа да ги собираат парталите и да бегаат во странство, да пишуваат глупави текстови со наслови како “Порно“ и “Пушење“, или да викаат т.н. експерти кои ќе ја бранат нивната вистина, и тоа за пари. Види ти партиоти. Ако им дадеш пари, одма се организираат и на улица, ако не, седат дома и пишуваат постови на фб. Кажи како (буквално) се продаваат (и купуваат) идеологии! А интересно е тоа што истите тие шарените ги викаат соросоиди и платеници. Овие какви се?

Значи поддржувањето и залагањето за објавувањето на сите криминали на власта и нејзините пијавици, значи и поддржување на сдсм! Баш напротив, залагањето против СЈО е бранење на криминалите на власта. Нешто што ЈО го правеше 10 г., и уште го прави, ги брани криминалите на власта. :)
Што дали ја оправдувам? Работата на СЈО и што тоа прави? Нормално дека не, мислам јасен бев околу тоа. Селективна правда не е правда туку циркуз,а СЈО токму тоа го прави од моментот на неговото основање па до ден денешен. И пази јас никаде не го оправдав нити ЈО нити судскиот систем од независноста па до ден денешен. Но тоа не го менува мојот став дека ова не е начинот преку кој тој ке се поправи. Ти ја оправдуваш работата на СЈО иако апла е селективна во работата и спред тебе тоа е ок. Е па тогаш извини ама завземаш страна иако можеш тука декларативно со големи болдирани букви да напишиш незнам колку пати дека си непристрасен и независен.[DOUBLEPOST=1490630548][/DOUBLEPOST]
Па тоа е работата бе брат, што сите ние збориме за повеќе дебати, постојани мерења курови а не еднаш у 5 години и сите да ја чекаме ко мисирчиња пред тв.
Земено со предизборниот период до денешен ден имаше повеќе полтички дебати него севкупно во владеењето на дпмне.
Е добро де што реков јас поинаку. Нека има дебати секој ден, два пати во денот ако мислите дека треба да има. Сигурно од мене не зависи дали и колку ке ги има. Од мене само зависи дали ке ги гледам ако би ги имало.
Кога сме кај дебатите ете баш сега ги гледам си ги мерат куровите во парламентот. Циркузи :(
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom