Едно време додека Сдс беа опозиција секој буџет за нив беше популистички и средство за купување на гласови. Сега буџетот донесен по ист терк и за исти цели за нив бил инвестиција во човечките ресурси на државата. Кога велат човечки ресурси ваљда мислат на пензионерите и административните паразити, пошто една милијарда од истиот ќе оди на пензии а остатокот за плати и тендери. Патем се остава широк простор за непродуктивни задолжувања и земање на нови кредити за исплата на старите со наводна пониска каматна стапка, што за финансиските гуруа од типот на Нина е врвен економски маневар вреден за нобелова. Се расфрлаат со проекции за економски раст од ракав а носат буџет каде што грото од расходната страна им е за плати и пензии, нивно зголемување како предизборен маркетинг, чист популизам.
2019 година ќе ја завршат со мизерен учинок по однос на капиталните инвестиции а ваму без никаков издржан економски аргумент говорат за некаков си зголемен економски раст во иднина, кога повеќе од јасно е дека средствата од буџетот не се насочени кон таа цел и немаат никаква допирна точка со подобрувањето на реалната економија, туку истите ќе се користат исклучиво за предизборни цели.
Ако некој не видел ебење во здрав разум, а го интересира, нека повели
МАНЧЕВСКИ: Имаме потреба од нови вработувања во државните институции, затоа нема да ги прекинеме огласите и пред избори
