За жал да во потполност се согласувам со твоево мислење за овој ден ... почнувајќи уште од она старо и оригинално ВМРО од 1893 год. формирано во Солун па се до ова денешново хибридно и зомбифицирано ДЕПЕМЕНЕЕ на ХидроМицко во кое покрај вистински идеолошки вмровци има и голем број на секакви останати шутраци бивши комунисти, либерали, алтернативци, марсовци и што ли се не остало.
Целата историја на овие четири букви ВМРО е испреплетена со многу нејаснотии, мистерии, предавства, братоубиства, атентати, колаборација со усташи и други про-фашистички струи, врски со Софија и со тамошниот царски двор, про-бугарство т.е. бугараштво/бугарофилија и.т.н. е сега па овие денешниве вмровци (некоја бајаги чудна сорта вмровци) па плукаат и повраќаат по Бугарија и Бугарите кобајаги они никогаш не биле за/со нив, а историски гледано оваа организација од секогаш била многу повеќе на страната на Бугарија, а контра Белград, Србија, Југославија, Социјализмот, Тито...