Ако не постои македонски народ, ако ние сме всушност Бугари, како тоа ние самите не го знаеме? Никој во Македонија не се чувствува како Бугарин. Ако македонскиот народ е измислен, како што велите, од Тито, таму 1940 и некоја, значи дотогаш сиот народ кој што овде живеел бил, и се осеќал како Бугар, така? И како тоа одеднаш успеаа целиот овој народ да го убедат дека е Македонец, а не Бугарин, и сите тие Бугари до еден тоа да го прифатат и наеднаш да заборават дека се Бугари? Зарем немаше да има голем дел од народот кој ќе беше против ова, и ќе останеше да се чувствува како Бугарин, и ќе го пренесеше тоа и на своите поколенија?
Еве сега да земеме дека вас бугарите власта ќе сака да ве убеди дека сте нешто сосем друго, Софијци да кажеме. Зарем сите досега Бугари ќе го прифатат тоа, ќе заборават дека биле Бугари и никогаш нема да го споменуваат тоа, туку одеднаш ќе станат најголемите Софијци?
Воопшто нема логика ова.